Бидејќи користам оргинал парфеми ги имам испробано сите- Опиум , значи најголемиот мој промашок Тежок , многу јак и некако ми е за постари
Сега го купив Bvlgari, зимско парфемче, и опаковката му е со снегулки. Го купив во комплет со парфем, крема за тело и несесер кожен. Не можам да најдам слика на интернет па ќе сликам.
Не знам дали има парфеми од Вера Ванг тука ...Инаку мене некако не ми прават кејф...барем тој што го имав,не.
Женички ајде малце помош..Јас вака како зависник од парфеми сум во двоумица и неможам да се решам кој да го купам па ќе ве послушам вас Армани Код Или Живенши Плеј (Розевиот) м?
^^ Мисче, мајка ми го има Армани "Код", многу е убав, ама јас лично мислам дека е за малку повозрасна група на корисници и плус читајќи критики на некои сајтови на нет... Aј воут фор "Плеј"
Значи ги имав забележано Playboy парфемите во Космо и цените беа многу ниски, 690 ли, поправете ме ако грешам . И јас таква, зар е можно? И трите парфема ги помирисав, дури и си шприцнав и после 5 минути ми се изветреа. Ич не ми се свиѓаа. Имаше само еден посветол, тој најмногу ми се свиѓаше, ама ни тој не беше нешто посебно. ^ Е овој третиот беше мислам.
МИСЧЕ и јас сум за ПЛЕЈ армани код ми е некако тежичок и веќе одминат мирис, сепак за плеј розевиот :up:
^ Има во Космо. Јас сите ги мириснав и скоро ниеден да не ми се свиѓаше.. Незнам, некако чуден мирис ми имаат. И ич не ми текнува колку пари беа, ама скапички беа колку што памтам.