Го купив од Cosmo и таму тестерот мирисаше прекрасно,дома се мирисам нема никаков мирис,како вода да има во шишето не парфем
и јас истиот впечаток го добив за парфемов,незнам зошто на ништо не мирисаше Mорам да го пофалам Heat од Bеyonce,прво се прснав на рака и не ми се допадна,ама една другарка го има и кога ја мириснав прекрасно мирисаше
Леле колку само ги обожавам Bon Bons парфемчињава, ем се слатки ем и ефтинки, и баш се весели и тинејџерски. Зашто не сакам да трошам пари на скапи парфеми, а и богами и ги немам да ги расфрлам (океј, има само еден исклучок - Hidden Fantasy морам да го купам, тоа да се разбереме. ). Ми се потрошил Bon Bons Milkshake, најубав ми беше а и ми буди спомени, го носев минатата година на мојот роденден и сите беа во стилот, кој мириса толку убаво на милкшејк од ванила?! Морам да го купам пак. Памтам некој спомна дека ги имало Bon Bons на зелено пазарче, ама да не ги видел некој во некој маркет поголем, Тинекс или Веро?
Хехе ги гледав пред некој ден баш парфемчињава во Тедико и интересни се сите убавко мирисаат.Добри се онака за секој ден,дека и ефтинки..А траат воопшто или слабо ?
Ахам, многу слатко мирисаат. А инаку јас до сега имам три, од кој најубав е тој ванила милкшејк и да ти кажам прилично долго траат.
јас веќе некое време го користам blye glow by jlo:и мнооооооогу ми се допаѓа на сите би ви го препрачала зошто премногу убаво мириса и трае
1500 денари е, гледам александра 11 е задоволна од парфемов јас поголем промашај не сум имала до сега, трае не повеќе од 5 мин
Love in Paris од Nina Ricci. Нема голема разлика меѓу регуларната продажна цена, 35 евра и онаа во Freeschop - 29 евра. Ама вреден е да се има за другар. Шири позитивна енергија и е лежерен. Му прија на мојот вкус и личност и неодамна, кога за прв пат го осетив, знаев без двоумење, од прва, дека е креиран за мене. Остава свежа, цветна миризба, а во составот на мое лично изненадување покрај што преовладува мирис на цвеќиња (опоен јасмин, слатка ружа, свеж божур и други) содржи екстракти од овошја (праска, банана, кајсија и крушки) и нешто што не припаѓа во тие групи (мошус и дрвени ноти). Мирисот те тера да влезеш во филм и да се најдеш некаде на улиците во Париз на пролет.
Jас би ти го препорачала Ricci Ricci od Nina Ricci .Jaс го користам еве веќе 1 година,преубав,женствен е и што е најважен е многу траен!