FIREGUENN кај го купи ти за 320 денари во која парфимерија да си купиам пак јас некој и плус е поевтино гледам јас за 400 го зедов MADAME IN LOVE спроти бунаковец
во Прилеп има ..јас прошетав во различни парфимерии цената варираше од 320-380 ... ако си прошеташ се наоѓа
фала,али јас си мислев да не е во некоја парфимерија тука во скопје,па некој ако знае нека пише кај се поевтини сигурна сум дека некаде и по 300 ден можат да се најдат поздрав
значи после одговорите ла риве се ефтини, квалитетни и трајни! тоа јас што го барам кај еден парфем па во иднина може ќе си се подновам за 350 денари со убав парфем а ме интересира повеќе вида се нели???
лудо така е тоа се копии на познати парфеми и ги имаат истите мирисни ноти како нив Спојлер www.larive.pl еве разгледај си.поздрав
Срекичка, да ти кажам право вљубена сум во во машкиот 1 Милион (сопругот го носи), едвај го чекав женскиот да излезе и прво мирисање - разочарување. Индивидуално е нели, ама лично мене не ми е оргинален, ме потсеќа на некои други парфеми. Мојот омилен парфем е Roccoco на Joop, го носам 7-8 години освен во лето, само проблем ми е што веке не го произведуваат. Ги тошам последните залихи и незнам што ке правам после. Одамна почнав да си барам замена ама ништо не е ни приближно слично. Парфемот е класа, луксузен и елегантен, долготраен со ноти на ванила и зачини. Во најтоплите месеци го носам Dalissime од Salvador Dali. Овој парфем е овошен, прво мирисање ви идат праски и малини пред очи Следен што планирам да го купам е Chance од Chanel.
И за мене Lady million беше разочарување..... Знаејќи колку убаво мириса машкиот, кога излезе женскиов си викам леле мора ова преубаво да мириса... Одам во парфимерија и вака останав можеби дека очекував нешто друго Во секој случај се работи за вкус, ако сакаш по јаки (по тешки) доминантни парфеми тогаш ваљда ќе ти биде океј
Гледам сите се заинтересираа за парфемите од La rive и да ви кажам право баш се зачудив кога слушнав колку пари биле. Навистина се квалитетни, а за долготрајноста и да не зборувам! Овој јас што го имам, Cash, си шприцнав на раката и ми траеше 2-3 дена, еве веќе 4 ден па сеуште ми мириса, онака малку. Само чудно ми е што на пример ќе си шприцнам и тогаш мириса и после утредента да видам дали ми мириса воопшто не ми мирисаше. И случајно, во текот на денот ја приближив раката до носот и преубааво ми мирисаше. Незнам, така во одредени периоди со различен интензивитет мириса. Ама, како и да е, многу е убав парфемов, ви препорачувам да си го купите! :up:
Mојот нов парфем на почетокот ке си мислиш дека за никаде,но потоа парфемов е сакав него да го купам,ама поскап ми беше,ај другата недела имам роденден ваљда ке соберам пари
За сите кои се интересираа за La Rive парфемите, ги најдов во ГТЦ во малечката парфимерија на левото ќоше пред да влезете во златарска уличка. Моментално цената им е 360 денари (400 денари - 10% попуст). Инаку се 90мл. Јас баш си го земав Cash па ќе видиме како ќе се покаже. Баш моја пријателка го има Lady Million па ќе го споредам. Некој ги има споредувано?
Јас денес си го купив ''Little Black Dress''. Преубаво мириса. Мммм....исто така и пурбланката е убав. ДОлго трае и преубаво мириса.