Јас досега ги видов на две места. Во гтц во малата парфимерија на ќошот пред да се влезе во златарска уличка и во тц Бисер на приземје во средишниот дел во продавницата каде се продаваат и уметнички слики. Цената им е одприлика 400 денари.
Јас овој го користам веќе некое време,ама планирам да сменам тежок станува веќе за на пролет,а инаку многу убаво ми мириса и ми одговара:
Моментално го користам Економик, во малечко пакување е ама мн е убав. Воедно го имам и Лејди Милион, Пако Рабане, ама не оригиналот.. И искрено, овој појако мириса од оригиналот.
Попладнево влегов во една парфимерија, и кога прашав предлог за парфем (инаку парфимеријата држи и оригинали и копии), продавачката веднаш ми го предложи овој, рече јас го имам многу е убав и траен. Го пробав тестерот од овој и оригиналот (Lady Million), стварно се премногу слични, а и овој ме изненади со трајноста (се шетав низ парфимеријата сигурно еден час). А обично не им верувам многу на копиите (премногу ми мирисаат на алкохол), ама парфемов е навистина солиден со оглед на цената, 350 денари и е 90 мл. Си го купив па макар и по дома да го прскам. Еве го:
ЛУДА сум по парфеми Дури и претерувам Моментално го користам Play, али дека се стоплува, ќе го сменам, ќе свртам на некој пролетен.....
Vintage Kate moss...Пекрасен е ... го користам малку време.Ама можам да кажам само позитивни работи за парфемов
Многу слатко и свежо ми мириса. Баш е убав за тинејџери. Од овој имам да се шприцнам само уште еднаш или два пати а никаде низ Скопјево неможам да го најдам. Единствено го има овој во пакетче со шампон/гел за туширање, дезодоранс и каиш кој веќе го купив претходната година и од таму ми е парфемчево. А сега ме мрзи повторно да го купувам истиот кога е 300 и нешто денари, а останативе работи баш и не ми требаат. И се согласувам со оние што кажаа дека овој е најубав од сите Бон Бонс. Mногу убаво ми мириса. Јас го имав овој првиот и онака свежо мирисаше, овошен беше мислам. А третиот го имаше другарка ми и многу ме потсетуваше на некој познат парфем ама незнам кој. Е сега, се ги мешам овие, ама мислам дека беше или Fantasy или Hidden Fantasy од Бритни што премногу ми се допаѓаат. И овој е многу убав, така свежичок. А од Пако Рабане многу ми е убав Лејди Милион, ама копијата од Ла риве ја имам, ги споредив и двата и копијата повеќе ми се допаѓа. Го има овој братучетка ми, ама некако прејак ми е за мојот вкус. И ајде доста беше со мојава огромна листа на парфеми, ве изгњавив тука.
Во јавор ко ќе влезиш од десна страна за накит шо е, и има и шминки таму видов од La Rive дека има парфеми.
Девојки хепл ми, кажете ми нешто за парфемиве сакам за ова време да си порачам некој од овие но сепак се мислам кои
од овие CH не е лош, али дефинитивно флора е ненормално убав парфем доооооолго трае, прекрасно мириса и тоа а за другиве не знам, не сум ги мириснала