Одкако се затопли времето и се осеќа свежината на пролетта го користам БиЈу жолтиот, освежителен, преубав е!
Wolf4e зелениот мене не ми е нешто посебно, ама лилјаковиот - Lolita Lempicka, ох би убила за него, ама не се воопшто ефтини. Преубав ми е, една моја другарка го имаше. Обавезно мирисни го ако можеш, и купи им ке ти се бендиса и тебе.
Love од Lily Prune од 30 мл е од 180-200 денари , а има и од 75 мл. 480-500 денари зависи од каде. Мене ми мириса преубаво, во пролет и лето си го користам покрај другите парфеми и мене ми трае доволно , блузите и марамите ми мирисаат стално на него
^^ го користев во сердно прва година и беше убав, после тоа го пробав црвениот и ми беше посвеж и потраен за ова време дефинитивно црвениот!!
^ иако одамна беше, знам дека ми се допаѓаше розевиот баш онака убаво розево мирисаше а црвениот го немам мириснато баш ке го ѕирнам деновиве
Гласам за Miss Dior. Од овие само Ескадата не би го купила, тој е летен и овошен, некако преобичен. И со Лолита нема да згрешиш, Be delicious исто така е преубав, Ана Суи не сум го помирисала а умирам од желба И на крајот сепак, Мис Диор. Само Волфче, парфемот е личен печат и избор, она што му се допаѓа на друг не значи дека ќе ти се допадне и тебе. Парфемот е индивидуалност и карактер, па најубаво е сама да одлучиш, зашто само така ќе те изразува тебе.
Јас си го набавив Hypnotic poison - CD за многу поволна цена од 930 денари.Има доста од познатите парфеми за истата цена.