Да ти кажам кај мајка ми на работа некој дечко ги носи, пред 3 дена ми донесе мајка ми парфемче, Омниа Кристал, и ЕМ не ми се свиѓа, ЕМ ВООПШТО не трае долго.. Инаку за вакво пакување како ова на сликата, се наплаќа 300 денари
Вчера шетајќи се низ парфимериите налетав на еден многу интересен парфем за смешна цена околу 360 денара ми се чини дека беше така многу убаво мирисаше пролетно баш така свежо, викам чекај јас ќе си ги прашам феминките драги дали некоја го има користено, и нормално искуства Парфемот се вика Black light
Јас го имам користено кога бев средношколка, подарок ми беше, и ми се допаѓаше...од мене имаш одобрување да го купиш Мислам дека е имитација на ultraviolet - paco rabanne ама не сум сигурна
и јас го користев некаде во прва средно на подарок ми беше и мене знам дека долг траеше ама да не не беше ептен свеж? ако ти е убав слободно земи го
И јас го имам користено, често го купувам на зима и доста долго трае. Точно е дека е имитација на Ultra violet-Pacco Rabanne,мислам дека е од белгиската фирма Lamis тие прават копии на познати парфеми имам пробано повеке од нив мене лично ми се добри.
Може некој што ги користел парфемите економик да ми препорача некој добар.Сакам да порачам да видам какви се и колку траат ама не знам кој да го одберам
ekonomic 280 .....OMNIA CRYSTALLINE .... екстра добар, мада за вкусови е неблагодарно да се дискутира парфемите копии на AMORE се многу поавтентични од економик, аххх колку бев јас скептик по ова прашање, ама одкако мм ми купи ....Berbery weekend... се уверив во спротивното , па сега се прскам до миле воље и баш ми е гајле уште колку има во шишенцето (не е мало 100 мл) - малку се измачив ама еве каде може да прашате каде ги има : увозник - Уни стил компани / тел 02/2600488 - колку што се сеќавам околу 500 ден се и има голем избор
Незнам кој прашуваше но пред некој ден се дискутираше за love by lili prune парфемчињата баш денес го мириснав црвениот и убаво мириса, свежо и на лимонче по малце розевиот не го мириснав оти немаше тестер али и тој знам дека е убав го имам користено одамна. цената им е за 30 мл - 233 ден, и за 50 - 515 ден. во веро
75ml во COSMO e 350 денари розевиот, пред неколку дена го земав јас. Убаво мириса ама не е траен којзнае колку.
Парфемот е имитација на Ultraviolet-paco rabanne. Јас го имав пред неколку години, сега го имам оригиналот, но нема некоја разлика и многу е убав Инаку еден мој другар си ја најде опаковката ова на сликата што ја имаш постирано ( мајка му го користеше ) и си направи многу убава ламбичка за во собата светеше плаво-лилаво Појма немам како ја направи ама беше многу убава
Точно. Ама многу точна имитација. Го добив за роденден уште основно додека бев. Одличен е и супер траен.
Јас ги имам користено сите и највеќе ми се свигаат Лолита(виолетовиот) и најновиот Si Lolita. Сите ме прашуваат што парфем имам ставено =)