Срце јас да знаев ќе ти кажев Него го заангажирав татко ми преку некој пријател во Америка што дојде сега брзо да ми го купи..и...така си го добив... А за пари, тоа па ич појма неам, јас само посакав досаѓав и бев упорна А пред тоа мајка ми секој ден ја праќав во ГТЦ да провери дали е таму.. па и уште ја праќам додуша навика и стана хехе ако го најдам ќе ти кажам важи? И една моја другарка го бара Па така ако најде нешто ќе ја прашам и ќе ти пишам лп
девојки ај предложете некој лесен,лефтерен свеж женствен мирис стварно не знам веќе кој да го купам,според вас кој е најдобар за сезонава?позз
Ако сакаш оригинал ќе треба да одвоиш малку повеќе пари 50мл е 3000 ден. (не баш точно ама тука некаде) А ако сакаш стварно добра копија - Blue Dreams (виолетов) Hypns пишува и го има во секоја продавница
Порано ми беше пријатно кога ќе сретнам машко што користи ваков парфем .. а сега - пола Скопје мириса на него Сега во тренд нешто е Black XS - пак од колекција на Пако Рабане
ti prepora4uva giordani white gold od oriflejm traen imat nekoj ubav karakteristi4en miris preubav a i ne mnogu skap
Хелоу! Ај добредојдов на форумов, нов член Ја видов темава па ме заинтересира. Мене најубави досеа парфеми ми се Наоми Кемпбел сите, особено Cat deluxe mmmmmmm Многу е добар, така не е нападен, може и денски и навечер да се користи е сеа малку е скап ама во споредба со другиве што сте ги предложиле е релативно ефтин, до 2000 ми се чини. Поздрав ***
Хмммм, не знам дали знаеш, но прво излезе XS, па Black XS, а минатото лето One Мilion. Така да Black XS не е нов. Може има 2 години како е излезен. Мое лично мислење на темава е ова: Mногу грешно е што скопскиве фаци (што го виделе на билборд па го купиле, колку да бидат "ВО ТРЕНД") го користат ПЕКУМЕРНО ( што е грешно, доволно е еднаш да се прснеш за да има убав ефект, а не да ја ТРУЕШ околината) сега- во летен период, а парфемот e всушност исклучително јак - апла ЗИМСКИ парфем. (Paco Rabanne) Земете го за пример Givenchy, (кој што го сметам за најдобар бренд кога станува збор за парфеми).. Имено за своите веќе постоечки парфеми, во текот на летниот период, пушта нови летни fragrances. Дури и Very Irresistible кој според мој вкус и не е толку јак има специјално издание со летна нота, се вика Very Irresistible Sensual и за мене е ХИТ ова лето. Зборот ми е дека не се сите парфеми за лето или сите за зима. Треба да се прави разлика. Затоа постојат лица кои се вработени во тие парфимерии и кои знаат да ви предложат соодветен парфем. Друга работа што многу ме нервира е тоа што ако излезе еден парфем, цело Скопје го фура. Зарем никој не знае дека секој парфем не стои на секого. Зависно е од кожата на човекот, затоа постојат ТЕСТЕРИ... НЕИСЦРПНА Е ТЕМАВА!!