Сакам да си купам некој нов парфем, да се освежам. Не сакам да биде прескап ниту ефтин и да не делува. Нешто измеѓу, што ви се допаднало вас вака за овој период? Нема врска дали е на точење или не. Што ќе ми препорачате?
Е од овој ако сретнеш по чист летен парфем онда незнам Цел живот го користам , а и пред некое време оној диџеј Марко Настич на едно интервју кажа дека го користи , иако е женски
Голем љубител сум на парфеми.Ги менувам парфемите, зависно од годишното време. Оние кои ги користам во текот на оваа година се: Ultraviolet-Paco Rabanne, го користам преку зима Еscada Magnetism ми е така пролетно-летен. Euphoria-Calvin Klein, еден од омилените, го користам преку лето Парфеми кој го користев минатата година, исто еден од омилените Тhe one-D&G Парфем кој исто така ми е на топ листата, но сеуште не го имам користено, Very irresistible-Givenchy
Девојки, да не знаете случајно каде има парфемче што мириса на лубеничка , ама да е поефтин? Да не има такви за точење? Ии, да ве прашам кој од овие два парфема ви се допаѓа повеќе, и кој е полесен и не премногу сладок.. онака да те угуши. или ?
Земи си од адидас парфемите, не се скапи до 300-400 ден се, фрути ритм е ептен за во лето користење и тој плавиот е убав, види во секоја поголема продавница ги има, а јас од јуник ги набавувам
Го купив овој пред некој ден, ама незнам зашто тестерот мирисаше многу поинаку и сега откако го купив не ми се допаѓа некако. Освежителен е, ама не е по мој вкус.
пробај го ангели и демони на точење се продава можно е да го има и во шише оригинално но не се надевај премногу бидејќи можат и да лажат ако веќе го купуваш во оригинално шише пред тоа би требало да го имаш купено на точење за да го познаеш мирисот,сеедно пробај го ќе ти се допадне цела облека ми мириса на него