Девојки ако може некоја од вас да ми предложи некој парфем... Да не е многу скап, до 1000 денари најмногу. Би сакала да има сладок мирис и да е доста траен. Нема врска дали е на точење или не. Ајде чекам ваши предлози.
Па, мене ми се допаѓа. Летен е и свеж. А инаку мене откако ќе го нанесам, така првите петнаесетина минути ми мириса на портокал а откако малку ќе се изветрее мириса пријатно на праска со мал удел на портокал, повторно. Како и да е, парфемов е претежно овошен ама можеш да осетиш и малку ванила и јасмин во него. Барем јас имам така забележано.
чини околу 70 евра, мислам толку беше кога јас го купував зимата, е сега Лајди Милион во никој случај не би го нанела во летен период бидејки е многу јак за овој период, Тежок парфем во секој случај
Јас бев таа Ама не сум баш задоволна, ми се чини дека не е траен, не го осеќам на мене, а и чудно ми мириса, многу на лимон. За Light Blue зборам инаку. Е сега или е до козметиката или јас пак го памтам парфемот малку поинаков, не толку лимонест Не знам што да речам.
Земав пред некои време од La Rive парфем Cash и многу сум задоволна. Сите што го душнале рекле дека е преубав. Моментот што се смеам до денешен ден е кога влегов во такси и таксистот ме прашува. -Девојко убав парфем, на што мирисаш? -На кеш брат.
Не сум нешто по ептен скапиве парфеми, обично одам во парфимерија и си купувам некој што можам да си го дозволам и што не е многу јак. Сакам нежни парфеми со мирис на јоргован или ружа
Е на ова мирисам во последниве неколку денови, заљубена сум во аромата која се шири после секое шприцање...Летен или зимен сеедно ми е, јас битно си уживам во парфемот
Пред неколку дена си го купив овој од зара. 100 милилитри за 15 евра, преубаво мириса (мене ми мириса на некоја мастика ), само што не трае многу. Ќе го биде за секојдневно прскање