Последно го купив овој и ми се свиѓа како мириса, само што не трае многу долго. Не знам дали е поради нежната и ненападна нота или нешто друго е во прашање.
Братучеда ми го има, и преубав е , ама е прескап за мои финансии Спојлер околу 2000 денари 100 ml мислам дека бил
Да ми препорачате некој женски парфем,не многу скап до кај 1000 денари сега за зимскиов период,само да не е мнгу тежок. И заборавив само да не е bu,c-thru, lili prune не ги сакам овие.
Тинкербел убави се Пума ама се 1000 и нешто . До кај 1000 е овој и мене искрено многу ми се допаѓа Инаку летово го земав и многу трае и преубав е
Многу! Ми беше меѓу првите парфемчиња што ги имав и од едни 12-13 годинки до сега му немам најдено замерка. Многу е траен и мнооогу нежно мириса, да си го земеш.
Ах како немам јас некој ваков сакан Колку долго време го барам парфемов, ќе може да ми кажеш од кај го набавил? (знам дека 100% не од МК ама да знам барем кај го има )
Пак јас,ама сум досадна Каде ги има овие парфеми од Jeanne Arthes,мислам Трендафилка имаше постирано еден.Еднаш одамна ги видов во Шатци а,сега не сум ги видела.Знам дека не беа скапи баш имаа пристапни цени.Ако знае некоја феминка нека ми пише каде ги има и дали се трајни. (ова се само неколку,чисто да ве потсетам за кои парфеми зборувам) Фала многу за тие што се обидоа да ми одговорат на предходното прашање
Леле! Вториот мислам дека е тој што го барам цело време а никаде неможам да го најдам,од кај го зема? и дали е на мирис,така благичок..или што знам како да ти објаснам Потежок е малце,али многу убав! И Колку го зема? Го барав во еликсир,немаа
Јас го земав најмалото во Јуник Инаку има и во Шатци и во Еликсир , баш сегде прошетав летово Во Јуник имаше некој попуст и беше 2500 а сега не знам колку е . Ако се решиш да го земеш ,верувај нема да згрешиш . Го имам и .. ама е повеќе за зима зашо е појак . Како и да е и двата се убави да знаеш
е сега се збунив другарка имаше еднаш ставено од некој парфем на гучи,и ја прашав кој е поточно,како се вика и ми вика само Gucci пишувало на шишенцето,и сеа на овие два исто пишува само гучи,и сеа нз кој е кој ,а знам како мириса.Иначе фала за информацијата за каде го има