Првиов е Персив, од Авон, траен е, го користам само за излегување и слободно можам да кажам дека мирисам следното утро, ама имам исто и лосион таков за тело. Вториот Давидофф, од free-shopot, го добив за роденден и ми е еден од омилените. А овој третиот го доби мајка ми за роденден ама нејзе воопшто не и се допаѓа па јас слободно си го користам ама за на школо , ама трае и тоа доволно долго .
Доколку некоја девојка сака да купи парфем Chanel chance, оргинал и по многу ниска цена, нека ми пиши лична порака ке ја упатам. http://www.chanel.com/en_US/fragrance-b ... nce-123250 Значи се работи за првиот - жолтиот. Инаку денес за подарок го зедов Reveal, од Halle Berry, и парфемчето е за секоја пофалба, уште ми мириса прснатото од тестерот.
користел ли некој парфем TREND ги има по парфимериите и на зелено пазарче и на бит пазар ги имам видено по 160 ден се 50 мл, како сте задоволни и дали траат? не најдов слика,ама мислам дека знаете за кој парфеми зборувам
Парфемов е лудило,мириса преубаво,на чисто,нежно,женствено како и другите од Guerlain како на пример Јасмин . Ама скапи за првиот,во кој се заљубив ми вика таа во Космо аааа тој на попуст ни е 20% и јас Колку е? 4000 ден 50 мл Епа топ е попустот.
Јас не сакам ниеден од парфемите на Наоми, но овој и е добар, многу е секси, и е за вечерни излегувања повеќе. Младалачки не знам што подразбираш, дали е модерен ако мислиш од поодамна е,не е некој нов, но не е за фрлање воопшто. Овој парфем на мене мириса поинаку, на другарка поинаку, но најубаво да си пробаш пред да ти го купат. И да редактирам, забоавив да ти пишам дека не мириса свежо на пример со ноти на цитрус, повеќе е сладок парфем можеби и цветен.
не можам да си го најдам парфемот што го сакам! не знам од кого е ни како се вика, само знам дека беше во розевка правоаголна форма шишето ко со црна чипка нешто горе. се шприцнав на фри шоп на брзинка во поминување, не му обратив внимание, и сега мирисот не можам да го извадам од глава. инаку мој омилен црвеното јаболче на Нина Ричи: од машки Acqua Di Gio - Giorgo Armani: сега приметив дека темава се вика Женски парфеми, ја битно и за машки си напишав.
Преубав е,сладок парфем за зимно време поготово одличен е/Мене многу ми се допаѓа,слободно да го купиш. Мене од Наоми ми се допаѓаат и cat deluxе и all night.
Знае ли некој каде да најдам вакво парфемче и по која цена? Знам дека можеби овде не е место за постов, ама темата сакам да прашам е затворена..
Во сите маркети има од овие парфеми цената им е од 345-400 сега незнам од кај си но ги има во сите поголеми маркети има и во кутија со гел за туширање другарками купува вакви парфеми јаки се и трајни но јас едноставно не ги поднесувам добро секој со својот вкус нели позз