За Божиќ си добив поклон,си дојде една братучеда од Германија и ми донесе парфемче .... Лелеле колку ми е нежно и слатко..Ме опива тој мирис.. Еве вакво е.
Уф, значи темава е неисцрпна. Видов некои убави предлози од девојките, и да имам толку пари би купила едно 10 парчиња наеднаш, жими се! Само сум ептееен неодлучна. Пред некој ден купував парфем ама толку долго ми требаше да се одлучам што и самата се сморив....на крај завршив со Armani Code ..преубав е! Е сега, на ред ми е Max Mara Kashmina Touch ама кога го побарав во Unique, ми рекоа дека офизијано го немаат во Македонија затоа што немаме официјален увозник за Македонија..е сега како во Космо дошле до него..може да е некоја добра копија....истото ми го кажаа и за Шанел. Најверојатно ќе ми се посреќи на фри шоп да си го најдам.
Ние дома обожаваме парфеми, секогаш сме си миризливи, мх мх. Обично ги нарачуваме преку една познаничка стјуардеса и ни ги зема од Фри Шоп, па знаеме дека се original, по можност тестери зошто нели, има нешто плус во нив..Магијата е таму.
Да, се сложувам дека постои сомнеж за тоа колку се уствари оригинални парфемите овде кај нас, зошто сум чула од луѓе што се занимаваат со декоратива дека некои парфимерии кај нас немаат баш оригинални парфеми а ги продаваат ккао такви...спасот е во најблискиот фри-шоп
Од Нина Ричи.. Richi richi. Го користам веќе година дена, и многу ми се допадна. Исто така од Наоми Кембл се убави сите, ги има во Космо, и како тестери можеш да си мириснеш па сама види кој ти одговара
Не сакам парфеми со цветни мириси, затоа бев долго време “заглавена’’ со Gucci Rush кецот, има посилен мирис кој мене многу ми се допаѓа, а и препознатлив е (мене една жена во Германија ме застана да ме праша дали парфемот ми е Гучи)
девојки би ви го препорачала мојот омилен парфем сензуално сексиљава арома... бррррр и уште еден со исклучително провокативна арома пробајте нема да зажалите .....
Зошто бе крстуваат парфеми Pure Poison? Дали тоа име би требало да привлече купувачи? За волја на вистината, името на овој парфем е исто смотано Cheap & Chic но мириса многу свежо и убаво. Не сум го видела кај нас, а знам дека на фри шоп не чинеше повеќе од 30тина евра.
Moshino имаат цела колекција која се вика Cheap & Chic и има и облека и накит. Само иронијата што ич не е Chip,ама ај тоа, парфемот е стварно убав и не е скап за ралика од се останато, и кај нас во космо мисалам дека го имаше на попуст пред некое време 2000 или во Unique.
Нешто што стварно ми остави добар впечаток, Армани-Маниа. А си го земав овој: Преубав и многу траен, погоден за ова ладно време и мириса прилично слично на различна кожа. Испробано.
најчесто го користам http://lh4.ggpht.com/-R1mEEGbBNBI/TTONcWKkQ_E/AAAAAAAAgdI/idJ1JYB3cig/AngelPerfume.jpg/[img] мојот омилен