Мојот најнов, од денес Lacoste - Joy of Pink Прекрасен, свеж мирис совршен за пролет и лето. Го обожавам!! Осеќам дека брзо ќе ми заврши
Зависи каков впечаток сакаш да оставаш Според мене Барбери е поубав, попрефинет, подискретен - за сечиј вкус е добар ми се чини. Секако најубаво е ти да си одлучиш, размисли кој подобро те опишува и подобро ќе одговара со твојот изглед и карактер. Јас така правам кога се двоумам. Еве и една страна на која читам за карактеристиките, нотите што ги содржат и уште многу работи. Мислам дека ги има сите парфеми http://www.fragrantica.com/
http://t2.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... qC-zgsSlY- Поддршка за изборот, мене исто брзо ми завршува периодов Lacoste Touch of Pink, а исто нов ми е!!!
Мене изборот ми беше помеѓу нив два, Lacoste - Joy of Pink и Touch of Pink Двата ги обожавам, но го одбрав џој оф пинк бидејќи ми е посвеж, а тачот малце тежок ми се чинеше, (иако прекрасен) ама за лето незнам... Намерно купувам секогаш парфеми по 30 милилитри за побрзо да го потрошам и да купам нов Манијак сум по парфеми Го немам видено искрено, но распрашај се по парфимериите
Flora by Gucci Убаво дизајнирано шишенце со боја на шампањ и интересна геометриска структура. Достапен е во количини од 30 мл.,50 мл и 75 мл. Го примив на поклон убаво упакован со парфимиран гел за туширање и парфимиран лосион за тело.Конкретно за Флора на страната cheep smell се нуди заштеда од 36 % од продажната од 49 фунти или може да се купи за 31 фунта, што и не е баш евтинко. Но сепак вреди да се проба да се најде и да се има. Иако собра доста негативни критики по web страните, мене ми е исклучително мил. Си го засакав од втора. На почетокот не мора да остави силен впечаток, може да потфрли со oна зрнце на сладникав сапунаст тон,но ако му се даде шанса се претвора во фина, топла срцевина од ружи дозирана со прикриена еротичност и сензуалност, која добива на интензитет после одредено време од нанесувањето.Зад првичниот мирис од искричав цитрус, кој штипка по носот, се крие топлина од измешани цветни и овошни ноти, кои во во симбиоза со кожата создаваат уникатна мирисна нота. Шири бран на позитивност го следи топлина, сензуалност и благопријатни чувства. Направен е Интересен микс на мирисна пирамида од цитрус, божур,ружа и османутс - кинески цвет и сандалово дрво во нејзинатА основа... Би го опишала како издржлив, постојан, необичен, не наликува на друг.
^И мене ми е еден од најомилените парфеми, уште не дотрошен купувам нов Најновиот мој парфем LOVERDOSE
Феминки, i need help! Неодамна купив парфем, но се зезнав ептен, не е за сезонава. Го купив Roberto Cavalli, арно ама ептен е зимски и вечерен и некако не ми одговара сега за летово. Ако може да ми препорачате некое поефтино парфемче, цветно и заводливо да биде, ама со пристапна цела, зашо веќе фрлив 4.000 на Кавали, не ми се даваат сеа пак пари и за летен. Фала однапред
А да си земеш ти Викториа Сикрет спреј м? Полетен здравје,ем траен ем не многу скап ем 250 мл Плус траен е многу. или
http://storage.canalblog.com/16/25/737997/52645612.jpg Прекрасен ее <3 го користам подолго време, многу е траен
Немате Космо во Битола? Во Охрид ги има ако те води патот,во една голема парфимерија во чаршија,иста цена се 1030 ден.