Уф, јас го мириснав овој, многу ми го испофалија, обожавам ванила, мислев дека е прекрасен, ама за мене е прејак, премногу нападен, одвратно тужен, еден од најтешките парфеми кои сум ги мириснала. А за траен немам зборови, кој има желудник за да го издржи блазе си му.
^A како се вика тој што е во исто вакво шишенце, ама сино само? јас мириснав мини парфемче, т.е од 5 мл, ауффф прејако, пре пре, не знам, не ми се допадна ни мене
Mислам се вика Midnight Poison синиот Cличен е на овај погоре,јас не знам порано како сум го користела,го имав и на мајка и го дадов,ми се повракаше од него
Јас ги земав сите 5 шишенца (20мл) + подарок нешто како чантичка од D&G на попуст 50% за 2000 ден ) Имаше уште малку останато. Не се баш на видливо место ставени :Р Многу си ги сакам
Мене сите видови на Поизон ми се прејаки. И не знам како го користат парфемов и викаат дека им е прекрасен. Искрено мене ми се лоши од вакви јаки парфеми. А не би сакала да знам што ќе се случи ако го иам цел ден на мене
Го користев Викторија Сикрет долго време и сега решив да го сменам и го користам на Викторија Бекам новиот
Го има користено некој розевиот C-thry сакав да го купам но немаат тестер во продавница свежо мириса,траен е или?
Феминки дали некоја од вас знае каде можат да се најдат парфемите на Britney Spears во Скопје и дали воопшто ги има во Мк?
Ме интересира, ако сте информирани за таа една група на фб каде нудат парфеми за пола цена, има повеќе од 8000 членови и ги нуди сите актуелни парфеми на познати фирми и личности. Па дали некој има порачано нешто од таму и каков е квалитетот на парфемите , зашто не ми се верува оригинал Гучи, Живанши или Пако Рабан да им се исплаќа да го продаваат за пола цена ??