Препорачајте ми некој парфем што мириса многу убаво, а мирисот се задржува повеќе време и остава без здив ...
посвеж без зезанција па за летово не би биле добри премногу интензивни мириси, нешто како за летово нежно, ама да мириса подолго време?
Hа Kелвин Kлајн парфемите ми се топ за во лето,сите се свежи според мене,нема да направиш грешка кој и да го земеш,убави се Euphoria,Beauty,Sheer Beauty и сега што имаат еден нов е Shock се вика Eскада исто така имаат свежи парфеми,лесни се не се нападни да ти се слоши,Agua di Giao исто така е добар парфем,тој ме потсека на плажа,песок и вода Oвие на Gucci Flora,имаат повеке од таа линија мислам,и овај Gucci Guilty e убав исто Givency имаат исто така добри парфеми Eве ке ти ставам слики во спојлеров Спојлер Tие што ми текнаа,сите ги напишав
есцада исланд кисс за овој период и дефинитивно цристал ноир версаче аа да не заборавам аква ди џоја армани н1
Јас ги имам користено скоро сите, преубаво мирисаат, плавиот,црвениот, црниот, посебно убаво ми мириса и ми се допаѓа, зелениот, сите убаво мирисаат и имаат долготраен мирис
УАУ!! го мириснав во Космо парфемот од Шакира... нешто ПРЕКРАСНО!!! многу ме потсеќа на првиот парфем на Наоми Кемпбел (златестиот)...
Уф, ако е како Наоми Кембел (најпрвиот, со долгнавесто шише како дилдо што е ), значи убав е сигурно! Јас го користам Наоми моментално и заљубена сум. Туку, следно нешто што морам да го имам е ова: Одамна го меркам, а мириса толку убаво, свежо, ми мириса на чисто Совршен летен парфем
Значи сличен вкус за парфеми и јас го сакам и Наоми и овој омниа Прекрасни се и двата.. сакам да ги имам минимум 10 на лагер за стално различно да мирисам Исто го сакам многу Boss Orange, CK Euphoria, CK ONE, и од Авон Little Black Dress...
Колку пари е мирисов? И каде го има освен во ДМ маркетот? Во ДМ го имаше, ама немаше цена, а не ни прашав, па некоја ако знае ?
^ Околу 400 и нешто денари беше прв пат кога излезе колекцијава. Е сега незнам дали е иста цената,ама не верувам да е над 500 ден.
Од авон никако неможам а да не ги спомнам спрејчињата за тело..Ги имав скоро сите и сеуште ги користам баш се освежителни и не се нападни .
Феминки сакам да ве прашам дали знаете чија копија е овој парфем? Го добив за подарок од другарка ми, ми кажа чија копија е ама ете заборавив