Јас го добив овој на поклон пред некој ден, не го заменува мојот all time favorite - Wish, ама не можам да се пожалам бидејќи навистина прекрасно мириса.
јас добив еден италијански парфем на поклон се вика Опера и мн е траен и не е некој нападен, а и мн убаво мириса. барав слики ама неможев да најдам. ајде кога ке го сликам ке прикачам и слика.сега не сум во можност
Cо овој се шрицам сега, ама луѓе дали само мене некако овие парфеми ми се јакички?? што знам машките им ги обожавам, ама женскиве, некако многу се силнички инаку во последно време најужасен парфем што сум го мириснала е JEAN PAUL GAITIER одвратно, баш како и креаторот, ме отру, сега не ми текнува точно кој го мириснав, ама одвратен беше, и шишево крипи
Колку што имам забележано, трае околу 8 часа - го ставам наутро пред да одам на работа, а веќе при крај на работното време не го чувствувам.
Девојки кој парфем би ми го препорачале, некој убав не нападен а траен... и со пристојна цена ве молам предлози
^Наоми Кембел е таков каков што бараш, траен, а воедно суптилен и ефектен. Е сега, за цена не знам колку чини, меѓутоа мислам дека е нешто поевтин за разлика од другиве попознати парфеми.
Го намерачив овој на Бијонси, ама ме интересира колку паринки е. Мене не ми беше баш летен мирисот, некако баш како за овој период ми е, ама ме интересира и каков е всушност - летен, зимски ?
^ Повеќе е зимски според мене,појак и благ е А цената мислам дека му беше околу 1500 до 2000 максимум .. Па и поефтино може е. Поефтина варијанта ти е ваков парфем како спреј да земеш : Само овој на сликата е друг heat(rush) ама мислам во вакво пакување исто да го земеш и обичниот heat,и околу 400 и нешто ден.е. Ако не грешам го имам видено низ космо,ама одамна беше тоа незнам дали го има уште во ваков спреј