Најверојатно гледал и ќе си гледа. Доколку е суптилно и со мерка, без намери за нешто понатаму, немам никаков проблем. Доколку е апла, нападно и рассејувачки и има веќе апла обостран eye contact, тогаш веќе го сфаќам како непочитување кон мене и се наоѓам навредена иако не го покажувам тоа (досега сегашниов ми нема таков испад направено но ми се случувало и едноставно постепено сум почнувала да се ладам во такви случаи. Кога е суптилно а случајно сум го приметила, се правам дека не сум видела ништо). Како и да е, не ми се многу чудни девојките кои побурно реагираат во вакви ситуации. Мене ми се чудни девојките кои љубоморат кога мажите „пуштаат лиги“ по певаљкине на телевизија (прост пример). Зошто би му се лутела? Ја како дa ги покривам очите кога ќе се појави некоја бомба од глумец... И шо? Тој треба да ми забрани технологија?
Сигурно секоја девојка тоа го гледа од различен аспект, се чувствувам доволно не привлечна како што е таа, или согледува слични особини на некој девојка во негова близина или незнам што. Сигурно затоа девојките реагираат така.
Тоа е несвесна реакција после неочекувана инцидентна ситуација. Ретко кој може да го контролира своето однесување во тие моменти. Не треба да се паничи, зашто и машкото сигурно се збунува во моментот, но се разбира да не претерува со зјапање.