Еднаш на еден демек јебо, што се перчеше со неговите six pack abs, му реков на шала - комарец може заби да си скрши од твоите стомачни. Јас на шала, ко за белја му се бендиса фразата, па си ја запиша во телефон. Нормално, следеше покана за кафе, ама јас не бев заинтересирана, инаку фразава ТОП, што да се каже. Толку ми чукал паметот. Стандардно си ја имам - ама јас тебе те знам од некаде? проследено со полу-срамежлива насмевка (please fuck me) и треп треп со очињата. И еднаш на дечко ми меѓу првите состаноци тогаш му реков - Каснам, ќе ми напишеш неоправдан? (со пожестока насмевка и со истиот лајтмотив - please fuck me) ... па му се бендиса бре. У принцип не знам многу pick up lines, а и ме фаќа смеа ако треба да кажам некоја. Си се држам до тоа - насмеан и фин лик, железен патент откопчува.
Беа тоа времиња Јас обично гаѓав по машкото его знаете... А ти мала зошто немаш дечко? Абе...не се наоѓа асален знаеш...се некои ропаци ми наидуваат... И оп,еве јас сум за тебе. Спојлер Пф,она мене ропак,ќе види сеа Тактика е ова,зошто јас да се мачам,кога може тој . Или она познатоно... -Каде вечер? - Паааа неее знаам...немам со кој да излезам. ( гревче јас ) - Е како бе немаш,еве јас сум тука... Не дека ми е богата мувачката кариера, си преферирав врска јас, ама обично вака почнуваше.
Солидна си. Секој полуписмен дечко ќе скапира дека го местиш и ќе знае дека со тоа пројавуваш интерес. Me like it
Јас не користам pick up lines. Кога ќе си упецам со погледов некој сексиќ го погледнувам повремено со надеж дека ќе ме види и ако се случи тоа се смеам срамежливо и мило и оп доаѓа рипчето и си ја работи работата.
искрено ретко речиси никогаш не користам pick up lines....само ловам со поглед и оп типот к’ј мене во прегратки ....Се Се МоЖе СаМо АкО Се СаКа !!!
-И што планираш? -Да ти го изменам рилејшншип статусот. Усвари не само тоа, него ќе ти се свртам и во глава за некое време, ќе видиш. -А како тоа? -Ха. Сеа ќе видиш. (*и тука го бакнувам*) Ете така. Директно и по малку самобендисано. Го приметив дека сака такви храбри цури и оп- го ќарив.
Мислам дека темава беше за приоѓање - не линии за флерт. Значи првата реченица изустена уште пред да се знаете. Повеќето девојки пишаа примери за насред муабет откако веќе се знаат со типот. Мада вистина, темата е грешно крстена. Треба да биде линии за приоѓање и отварање муабет - не фрази за мување.
Ми се допаѓаше во средно многу еден момак. Бевме на екскурзија неколку дневна и се погодивме во ист автобус. Една од вечерите бевме излезени во дискотека и на излегување се судривме јас и тој. Ми рече - извини и јас му реков - нема извини сега ќе ме дружиш до автобус Ми подаде рака и ме праша зошто сум сама. Му кажав дека другарките побрзале ама мене ме застанал еден другар. И почна нешто ко ти се допаѓа, му се допаѓаш? И јас гревче - Не бе мене тој што ми се допаѓа изгледа јас не му се допаѓам. И таков - ко нема шанси вака убава девојка дфа не му се допаѓа на некој. И мене ми се вклучи сијаличката. Наредните деннови постојано бевме заедно, па пак во дискотека ми доаѓа и ми вика- абе ај да ги местиме другар ми и другарка ти. Јас и ти добиваме од Б. се што ќе посакаме. А така ли? Епа што ако ти речам тебе? И тука падна бакнеж, па бевме заедно се дур не се вративме во Македонија. Инаку и тактиките на Маца ги користам чат- пат.
Јас дури сега читам. Какви се тие линии за мување? Може јас имам симетрали за мување, зошто приоѓам под агол. Инаку за прво запознавање, ретко кога се одлучувам да искористам реплика, ама еднаш тоа беше нешто вака: Јас: Дечко, ќе може да ми ја подржиш пијачката, одврзана ми е врвцата. Тој: Ама немаш врвци на штиклите. Јас: Амин за тоа. Ајде живели. Муабет се почнува во истата секунда, не знам и јас со кој памет го направив ова.
Де бре луѓе, шо не е јасно во pick up line? Сеа преводот не е топ оти воопшто не ни претпоставив дека ќе донесе вакви забуни. Сепак знаете за што се работи. ШО СИ НАПРАВИЛА ДА СМУВАШ ДЕЧКО ШО ТИ СЕ СВИЃА. Админите нека менат името во нешто по соодветно.
Па не е јасно, зашто на англиски pick up line значи првата реченица кажана меѓу 2 непознати личности. Нема врска со мување. Значи тоа е нешто како замена за "здраво, ај да се запознаеме, јас сум Весна". А од друга страна "pick up line за мување" буни за што е темата, бидејќи од здраво до мување обично има повеќе фактори. Па сега не се знае темата дали е за како приоѓаат девојки на непознати мажи, или како пробуваат до мување да дојдат со тип со кој веќе се во муабет.
Како што кажав, не очекував насловот да остави толку blank погледи, и затоа не се потрудив околу него. Има девојки кои споделија исксутво што беше на место, така да некои ме разбрале. Ако може да интервенира админ со промена на името во нешто по соодветно, нека го направи тоа за да не продолжуваме со офтопици
Алек, темата според мене не е до толку утната. Сосема ок е. Можеби само насловот треба да се измени, за да е појасен, макар што по тоа што напишале девојките и што е објаснето на прва страна е сосема ок. Вистина сите пишувале за потоа, но и тоа е нешто А, некој се помачил да качи нешто на нет Па оние храбрите нек си читаат и нек си делуваат на терен . http://www.romancestuck.com/pickup-lines.htm http://www.pickup-lines.org/pick-up-lines/for-girls/ http://www.funny-pick-up-lines.com/pick ... girls.html Ајт.
Иначе интересна тајна да откријам - ме потсети zhap4e бидејќи ми ги излиста некои од конкурентите. Во еден од бизнисите што ги имам онлајн (имам стотици сајтови со партнерите на стотици различни теми водиме на амерички пазар) али еден од тие сајтови е сајт за pickuplines - еден од најголемите сајтови за pickuplines во америка моментално. Ја немам врска со содржината, вработени ми го пунат, али некад се вклучувам во админ-конзолата да гледам статистики. Можам да видам како луѓе го нашле сајтот и што барале. У последниве години се повеќе и повеќе девојки бараат "pickuplines for girls" "good lines for girls" итн. Постојано расте и се повеќе и повеќе девојки бараат вакво инфо.
Никогаш не сум користела pick up линии некако глупо ми звучи и замислете да применете некоја од овие фрази за мување и сепак типот да ве одбија. Оваа е само за храбри девојки
Па што знам...не ми е ни за храбри некако...не за друго,многу се амерички филм и амерички хумор,а кај нас колку и да е интересно,не секој го разбира,така што дури и глупо може да биде.Со оглед на менталилтетот момакот може да биде супер,ама да не те укапира и да излезеш мутаво.И сеа некој ќе рече,ако не разбира,што ќе ти е таков.Па не е за ваков или онаков,кај нас луѓево се бог да чува,да бидеме реални.Да е на филм ќе го разбере хуморот,ама во живо во оваа земја Недојдија во која сме навикнати на други стандарди на припушавање,овај...не го ни има тоа веќе по кафиќиве и дискотекиве,преретко е.Приоѓа женска на машко,па уште и со некоја финта,ја гледа под око и си вели,шо и е на оваа или машко приоѓа на женска и одма,ау манијак,глуми на перната,а може испушта шанса. Интересни се да,звучат како забавни квоутс од омилени филмови,ама не верувам дека некоја навистина би ги употребила.Шармантни и духовити се,ама во реалност,многу усилено и вештачки.Многу од нив по филмови може да се сретнат и поинтересно звучат на англиски,отколку на македонски...така што,да вештачки е,барем според мене.
Абе да бев у Америка би користела вакви pick up линии...сум прочитала многу добри англиски, ама на македонски некако глупо звучат. Иначе најдобра пик ап линија ми е Haaaave you met Ted (од How I Met Your Mother) и тука одма се запознаваат и почнува муабетот Другарка ти да направи вака на некој тип што ти се свиѓа би било јако
Фаца е кога ние женските ке се потрудиме да искористиме нешто вакво , не е битно дали сме ние тие први или нз кои по ред хахаха. Еднаш одамна на другар еден шо ми се свиѓаше така после чаршија демек дома ке си одиме, и ја ејјј дај бе те молам влези со мене во сокачето глеаш колку е темно страв ми е сама... И ај дојде со мене,ама не укапира типов стварно влезе у филм дека било страшно ... Бог да Чува