Па не дека е нешо пик ап линија ама му реков дека ќе го носам по темни и тесни улички за да му го извадам бубрегот и на крај крајниците му ги извадив
Еве прочитав нешто на англискиве страни па ќе видиме можеби задутре ќе применам некоја(на детево апла му имам кажано дека го бендисувам ама он си мисли се ладам па ај може у четврток ќе ме свати поозбилно).
Не користам pick up lines многу ретко , само моите некако не се како за мување , туку за одбивање . Да речеме дојде еден дечко во дискотека и вик Зашто играте вака скриени и никој не ве гледа за да ви пријде ? јас- Па за да не ни пријде ! И овој си отиде со опашот во газ , и после еден поглед , пак дојде Инаку на една моја другарка , еден дечко проба .. Доаѓа и и вика Може да ми ја врзеш ? ( мислеше на патиката ) и она на образ - Добро ја врзав? И како можев да заборавам ... Еден дечко доаѓа и ми вика Татко ти бил во затвор?? И ја НЕЕЕ од каде ова?? - Па така слушнав , затоа што украл ѕвезди и ги ставил во тв оите очи и ја бев нешто како море мрш
Јас би сакал да бидам “соберен“ т.е. picked up од некоја женска pick up линија. Еве сега ми текна имагинарна ситуација, да ви дадам на вас инспирација. На пр. зборам јас со некоја девојка при што сме одалечени еден или пола метар (природна дистанца кога збориме со друг). Во еден момент девојката погледнува кон небото и ми вика: -Види дечко позади тебе има метеор што паѓа, замисли си желба. Јас се вртам позади да видам што е работата, гледам, гледам и ништо не забележувам. Пак се вртам назад и ја гледам женската залепена до мене при што бакнеж е неизбежен. Додека сум и бил свртен со грб она ми се доближила без да приметам, така што при вртење назад неизбежно е да се “судрам“ со неа. Што викате феминки, јака финта, а? Ова не ми се случило вистински, ама очигледно е дека имам јака имагинација и решив да го споделам ова да ви дадам идеја како да смувате некој. Ќе си внимавате само времето да не е облачно и да има ѕвезди инаку ви пропадна финтата. ))))))
Pick up line? Мој превод-Hunting. А грубиот превод на фразава би бил да избереш од pick или целосниот Pick up-да собираш нешто (она што си уловил, нормално откако си ја одбрал жртвата ) Мислам дека ова доаѓа само по себе и зависи од самата личност и од тоа како го насочува самиот разговор, флерт или заведувањето. Не ми е својствено да настапувам со вакви фрази, но затоа на потенцијалната жртва и е многу добро јасно дека треба да пристапи. Е понатаму како што кажав се зависи од текот на разговорот. Според мене повеќето вакви фрази треба да си остана само англиски. Со нашиов превод им се губи суштината а некогаш делуваат смешно (не онаа симпатично смешно туку трагикомично ) или патетично. Овде е повеќе важен начинот на комуникација (подобро спонтан и самоуверен настап отколку напамет и без емоции изговорени нешта ) и умешноста на личноста да го/ја заведе оној избраниот
Јас пред неодамна во град излезена, многу добро расположена, си стоиме со другар играме, се зезаме и доаѓа поголема група на луѓе. Јас потпрена на шанкерско столче и еден од групава ми вели - Извини, слободно е столчево? Би сакале да седнеме. И јас му истресов од ракав, пошто рака на срце фино изгледаше типов, што да правам. - Слободно е, ама оди во пакет со мене. Го земаш столчето - ме земаш и мене. И си се тупнав на столчето, се потпрев на масата и му трепкав со очињата Тишина. Типот почнува да д’тка, да пелтечи не знаејќи што да каже. Девојка некоја почнува да ми праќа убиствени погледи (ќе да му беше девојка). Другарот мој се закашлува смеејќи се тргајќи ја главата на страна. И сите така во пауза мислиш некој стиснал копче чекаме што ќе се деси. Дум дум дум дум. Драма! И после таа пауза прснав да се смеам и му викам на типот. Уживај бе, се зезам само еј! Земи го столчево Па што знам, не упали фразава а? Ама да беше сам да го видев што ќе направеше. Имаше да се залепам на столчето - ма вака! Немам бе вакви фрази, многу ми се - амерички. Или мене не ме бива, не знам што од тоа. А вака на скоро сигурен терен знам да си кажам нешто скокотливо за загревање на ноќта која следи
Па сега не дека е баш за мување, ама ајт... Ова лето, со мои две другарки уживавме во Куба Либре и шмекавме машки газиња. На еден од келнерите му беше најсекси И доваѓа тој кај нас и ни вели: Што е слободно на масата? И другарка ми, како некоја глумица, го погледна дубоко, направи некоја сељак поза и му одговори: Ние! Тоа требаше да се види, не е за кажување Јас никогаш не сум употребувала вакви фрази, може некогаш и тоа ќе биде де. Јас преку допири и погледи ќе му ставам до знаење што се бара од него
Неам некој посебен метод освен со анкета преку мојата фирма кај што работам -тоа ми се виде како добро решение-Долго време сум сингл .. тапа сум јас во овие работи и да ми се „Пушта“некоја не би дознал..ај малце информирајте ме во инбокс хаха како тече сево ова или тука .. па јебига на крај на краева тео е сингл..имаме и фејзбук постирано тука негде линкче .. па сега јебига кој е за онлине„пуштање“повелеле..
Другарка ти да не ми е и мене другарка... Слична ситуација.... со другарки на времето по кафиЌи кога и да наидеше згоден келнер, собира тоа што е празно, тресе нели пепељари и јас секогаш, ама секогаш викав за некоја моја другарка/другар-еве и девојкава/дечково е слободна/ен Ај со келнерите имаше зезање, ама девојките (келнерки) не секогаш ни ја сфаќаа шалата, наидувавме на или пак коментари од типот-јас не сум слободна, од кај па мислиш дека јас сум слободна....зависи како кога....битно ние убаво си поминувавме. Иначе јас мм го фатив со тоа што му реков-како не ти беше срам да ме оставиш сама, вакво убаво девојче како мене...дуга је то прича
Улоги: Јас (мене веќе ме знаете ) Другарка ми (весела, комуникативна и секогаш тука да те насмее-барем на прв поглед ) Таксистот (дечко со доста солиден накај одличен изглед ) и Вие (почитувана публико ) (дејствието се случува во доцна ноќ, автомобил стои пред куќа, а кон него чекори девојка) Влегувам во такси, во кое ме чека друшката. Таксистот: До кај да возам? Таа: До кај тебе дома. Јас: (знаци на збунетост, прашални погледи и чуство кое се повеќе преминува од засраменост во лутина) Таа и Таксистот: Почнуваат слатко да си се смеат. Јас: Aхааа, така ли? Е многу сте интересни, секоја чест. (се уште намуртена) (Автомобилот заминува, а од него се уште се слуша гласното смеење во кое сега е вклучена и Vitorija) Вие: Сигурно разбравте дека таксистот и друшката биле познаници и дека ова е повеќе терање мајтап со Vitorija отколку Женски pick up трик (кој како ќе ја разбере). Се спушта завесата. Крај. П.С. Vitorija: Ќе и вратам
Редовно користам пик ап лајнс и тоа не да речеш да сум читала, туку сама си ги смислувам во дадена ситуација, веднаш ми текнува што да промрчам за да посака да е со мене Еве неколку вајда ке ми текнат. Знам дека имаше еден многу срамежлив тип (колку нејкам срамежливи машки ама ете запнав тој па тој). И сеа знам дека сака ама после 2093489857802 излагања и сите можни теми по 34897948 пати прелистани уз муабет, више ми се смачи. Као демек дојдовме у ситуација како јас го стиснав за врат и демек се укочи (а беше седнат) и јас клекнав да видам дали е арен или не (као демек) и ми негира со глава. Викам -Добар си ти ти мрда главата, ај само пробај малце нанапред и му текна.. Се насмеа ептен слатко и ме пољубииии Друга ситуација сум имала као седи тој и го гледам тотално незаинтересиран за нишо околу него освен за муабетот со другар му (тоа шо е најиндиферентно секогаш поинтересно ми е за ловење) седнувам до него и му викам имаш девојка? -Не. -Епа сеа имаш та даааа ! успеа! јес да другиот ден заборајв и како се викаше али битно супер си пројдов вечерта. Со еден ист дечко три пати се сретнуваме во иста вечер, а не сме во исто друштво. Третиот пат му велам-уште еднаш ако те сретнам ке ти земам број, може? И да, нормално, се насмеа и се сложи, истовремено се скри зад мене и се појави велејки ми еве ти број, 4 пат ме сретна Доста се толку сеа за сеа
Јас сум од оние - So do you like cheese? Сериозно, поставувам такви ретардирани прашања и палат. Но тоа само во некои ситуации, обично само упатувам погледи додека тој ми пријде.
Не е пик ап линија ама баш ИЧ следново што ке го кажам али зошто толку сум ретарда и се некој се плаши да ми пријде, мм ме влечкаше 100 пути у кино и уште толку пути на кафе и цел град за рака не виде ама тоа он ми ја греел раката. На крај, баш на денешна дата, му реков дека за Валентајн иам дејт со еден тип (што и баш не ни лажев) и да видите како му текна И така ја еве седам по дома, бремена од истиот тој, и го чекам да дојде да славиме годишнина
-се вракам од средно и една увртена со шалови со другарките зафака траекторија дирекно накај мене и кога дојде прилично влизу вика "марија со овој сакаше да се муваш" додека држи поглед...и се изнасмеав дека беше премногу ин јоур фејс -само што се распадна она што го имавме со колешка и се откажав од испит математика дека ми беше лом главата, искачам од амфитеатар и у ходник едно девојче од др факултет почнува да ми збори...после некое време седна до мене и ми вика ама знаеш јас имам дечко -најнеуспешно беше кога една ме праша кај е читална и застана да ме гледа кога и покажав каде е, после пола саат ми текна дека може флертала -најчесто се дешава да држат поглед долго време ...дури да сватам дека понекад не сум у моментот и ми треба време да сватам -кога се вракав од средно една што одеше преку улица ме копираше како одам, тоа беше смешно ...ме мрзи да пишувам веке, најчесто се преку невербална комуникација или барање да се приклучиш/да и помогнеш околу некоја активност(у клуб после разговор, ми се пријаде знаеш каде може да земеме нешто за јадење)
Па шо знам, немам некои посебни pick up lines. Ако гледам дека има заинтересираност од другата страна се олабавувам и јас одма. Не водам толку ,,строг” муабет. Најчесто ги провоцирам со слики (не од мене).Ќе најдам на Инстаграм некоја таква буцкачка и им ја праќам. И пали. На пример
Не сум користела пик ап лајнс , ама затоа ги користеле ( без успех ) кон мене . Еден дечко ми вели : - Ал ночас , далеко си , далеко си .. Јас : - Алооо пред тебе сум Тој : - За мене си предалеку И еден друг : - Татко ти бил у војска ? Јас : - Да у ЈНА . А зш прашуаш ? Тој : - Епа украл топЧЕ . ТопЧЕ бе . ТопЧЕ !