Па ај и да си ги рентаме дечковците кога на некоја што ги бендисала и се прие*е. Слушам тоа е последен тренд во Европава. Немам ама апсолутно ништо против секс без обврска, ама се знае бе со кој се е*е а со кој не. Дечко во врска не доаѓа предвид, глупо е да се прават проблеми во врска, кога ако веќе до толку и загорела Таска може да најде некој друг што исто толку ќе ја привлекува. Па само секс е, нели? Замисли случајно девојка му ја прочита пораката, или оваа да ги потрефи и да му пише дур се заедно. Па и да нема никаква намера дечкото, веднаш ќе настане караница. Од кај е, која е, шо мајка бара да ти пишува вака, и на крај се ќе се сведе на тоа дека типот и дал повод, а нема благе везе.
Може типот сега си сака озбилна врска . Сепак зависи од машкото, ако му мрда опашот сигурно ќе прифати.
Лакримоса, далеку од тоа, не мора да има дечко за да биде сексуално активна, и јас се согласувам со тоа сосема. Но секако со некој слободен. Тоа запечена и како машко дека звучи се однесуваше на тоа што девојкава имаше пишано, не го сакам за друго само за секс да го викнам, обично тоа би го рекле машкиве, но сепак потреба е потреба. И во машкото е кривицата, тој ако не си ја пушти ногата ништо нема да биде, но некоја секси порака му е доволна да му го тргни вниманието, и триста кавги ке се направат во врската, и да не појде тој. Затоа многу осудувам вакви девојки лисици уикливи, а и во никој случај не би оправдала ни машко, тој е најмногу крив, девојката никогаш не би ја обвинила. Но бидејќи пиша тука, убаво е да и се даде до знаење (иако малку погрубо) дека не е во ред, штом е во врска понастрана од него.
Ги прочитав сите постови и се согласувам потполно со Лакримоса и Слободка. Не ми се верува како ја нападнавте девојката..Прво, имала 20 год. и се однесувала незрело, се извинувам од кога тоа годините се синоним за зрелост, може да има и 35 год. и пак да биде зелена. Конкретно за мене моите најлуди години беа токму 20-тите. Второ, сакате да кажете дека ниту една од вас немала чисто сексуална врска...Сите ние сме морални и ако некој дечко што навистина не привлекува има девојка тогаш е забрането овошје..има девојка и готово подалеку од него.., да не ја повредиме кутрата наивна девојка...Ви се молам.. Јас сум во брак 5 год. и ако некоја девојка,жена му праќа пораки на маж ми и го прогонува, тогаш јас треба да ја најдам и да ја искубам како кокошка. Апсолутно НЕ. Кажувам од искуство дека бивши девојки му се јавувале и му праќале пораки буквално додека сме воделе љубов (кога бевме дечко и девојка). Лисицата мрда со опашката а кој ќе тргне по неа??? Трето и последно. Девојката рече дека сакала само секс и тоа само со него и со никој друг, не сакала врска ниту сакала да му ја расипе врската. Ако тој дечко навистина ја сака својата девојка, сака да и биде верен и да и се посвети само неа, тогаш никаква понуда не би го интересирала...па дури и да оди дома кај него и му се соблече гола...
Не ми е јасно како можеш така лесно и на тој начин да го правиш тоа.. И јас би ти рекла да не одиш со ЗАФАТЕН пред се (било кој) дали ќе биде овој или некој друг. Не ни верувај дека тоа ќе остане само меѓу вас двајца (јас и ти, цел град и никој друг) вака иде тоа.. Зошто се буткаш некаде каде не ти е местото или не те ни канат (и самата кажа).. Зошто оставаш таков впечаток А не би ти рекла стави се на нејзино место.. Бидејќи ти малку да размислеше и да се ставеше на нејзино место немаше сега ова да го пишуваш тука ... Бај д веј јас не сум никоја тука да ти држам церемонии и предавања за морал и сл.глупости.. Ти си знаеш голема си си.. Прочита многу мислења а сите се скоро исти... Понатаму ти си знаеш.
Секој девојка што има дечко може да се замисли на местото на неговата девојка и затоа реакцијата беше таква. Исто, некоја на мојот да му се пушта, не дај Боже да му прати порака, нема жива да излезе од тоа. Затоа сите ја нападнаа. Кога читаш вакво нешто можеш просто да замислиш тебе како би ти било. Ако и се е*е, нека излегува, нека си најде некој слободен, а не туѓ да чепка.
Целата ситуација има две страни ако му пристапиш само за секс,секогаш тоа и ќе останеш во неговите очи-девојка за една ноќ ако чекаш тој да ти пристапи,имате секс и пак и се врати на девојката,пак ти ќе бидеш девојка за една ноќ а по она што го имаш напишано,не ми се верува дека се работи само за секс,туку имаш ГАРАНТ чувства спрема него.Да ти било само за секс,и некоја врска без никакви обврски ухууууу,дечки колку сакаш.Ако е до техниката и Carlo Boss ќе го ангажираме,само аман не чепкај таму каде што не ти е место.
Jas veke se slusnav so nego... toj veke se skaral so devojkata uste pred dve nedeli... toj e tuka i znaete shto??? VECER ke se vidime )) edvAJJ CEKAM MWAA
е девојки значи помагајте мислам дека проблемов каде не го напишав никој не ми одговорил до сега.. вака.. имам дечко во нова врска сум и многу ме возбудува помеѓу нас има таква страст што не можам да ја опишам.. ама овој дудуков ко да се плаши да ме пипне ко да трепери.. иначе не верувам да не е искусен во работава нема шанси зошто многу е убав и знам дека имал доста девојки. е сега замислете спиеме заедно а он не се труди ништо.. знам дека се возбудува зошто колку и да сака да го скрие тоа не може ама не знам више што да правам.. можеби звучам патетично ама многу ме возбудува дечково. е сега бидејки јас сум малце поотворена и немам влакна на јазикот му реков и он рече дека не му е со мене колку само да ме искористи а замисли јас почнав прва хихи послем ми рече исто така дека другите девојки биле многу комплицирани и дека кај нив да претендираш нешто одма ке речат ама јас не сум таква и сл. а можеби и затоа што не сме биле целосно сами.. сме биле во стан сами во соба ама пак ништо не се случило.. аман
сакаш да кажеш уопште не те пипка или ај објасни поубаво кога сте сами шо праите до кај идете со драпање
па до сега сме биле 2 пати заедно сме спиеле.. првиот пат не се потруди нешто а јас не го оставав да спие се трудев али викам ај да не изгледам толку нападна.. башка јас да не го почнев муабетот за секс никако немаше да разговараме на таа тема.. т.е он не ни коментираше јас кога зборев и се откажав.. иначе сега пред неколку дена пак бев кај него.. се драпавме.. бевме и двајцата многу возбудени али пак ништо.. и останатото да не го повторувам го напишав горе..
Абе Харт, нема тука ние што да дискурираме, следен пат земаш и му откопчуваш каиш од панталони и ќе видиш како ќе реагира оти ние овде можеме само да нагаѓаме што е проблемот, а дека има нешто што го мачи има, ама тоа ти сама ќе си го дознаеш Ајде држам среќа побрзо да се онадите
чудно ми е затоа и те прашав подетално што правите до каде одите со драпање не ми се десило нешто вакво машко ко машко едвај чека да легне нешто али убаво ти кажа сеси следечи пут и така викаш се драпате има страст расоблечи се откопчи каишот ваљда нема типот да избега ајде држам и јас срека и пиши со ке се деси
На дечко ми би му пристапила, нема тука проблем, но ако сакам секс со некој друг тогаш тешко дека би го направила тоа. Само би се обидела да му привлечам внимание, да го испровоцирам некако па тој да ми пристапи.
Zdr, ee vakaa na rabota, primetiv deka ima eden decko so porano si pisuvavme..I sega pak sakam da stapam u kontakt, primetiv me gledase i on, zemav go dodadov za prijatel na socijalnite mrezi, me prifati. E Sega so mislite, dali e bolje, da mu pratam primer slika mislam, deka i ja tamu rabotamm, da vidi moze ke se zapoznaeme ili ? Malku se plasam od odbivanje, ali ke probam, samo posle site problemi u ljubovta, nejkam pak da izbrzam, da pomisli eve ja se zatreska u mene bla bla..Pisuvavme porano, ama onaka bezveza, i ne znam so karakter e P..S deckoto sigurno me ima zaboraveno, toa bese pred 2 godini, cisto onaka chatuvanje da receme 2 dena..ne znam so se desi, posle izgubivme kontakt skroz
ne veruvam deka te zaboravil a toa sto rabotite vo ista rab batali socijalni mrezi priblizi mu se direktno kako da ke mu baras nesto ili da go prasas nesto okolu rabotata i ete muabet