1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Женско - машки хороскоп

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 14 август 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Сте се запрашале ли некогаш зошто мажите со хорскопски знак вага се различни од жените ваги? Или зошто мажот рак и жената рак не се „правени со истиот калап“? Тоа е така, бидејќи некои хороскопски знаци значително се разликуваат во зависност од полот, додека кај други знаци и не се забележува некаква разлика.Машко-женски хороскоп
    Овен

    Овните се активни, страсни и располагаат со силна енергија, а тие карактеристики се воочливи и кај машкиот и кај женскиот пол. Кај овните секогаш постои динамична амбиција да направат многу работи за кратко време. И кај двата пола се забележува натпреварувачки и авантуристички дух. Жените овни не се нежни и женствени, туку напротив се многу силни и енергично се движат кон патот на успехот..
    Бик

    Биковите, без разлика на полот, се добро познати по својата приземност, сталоженост, загриженост за иднината и посесивност. Додека мажите се големи гурмани и вистински уживаат во храната, жените бикови сакаат комфорен и убав дом. И мажите и жените бикови се тврдоглави, но за мажите е карактеристична големата жед за моќ.
    Близнаци

    Близнаците се комуникативни, рамнодушни и прилично расеани. Мажите родени во знакот на близнаци уживаат во добро друштво и забава, но се непостојани во љубовните врски и тешко се приврзуваат. На сличен начин, жените близнаци се колебаат помеѓу тоа дали во секојдневието треба да се потпираат на својата интелигенција или на емоциите и инстинктот. Во љубовта, жените се претпазливи и одмерени.
    Рак

    Најголема астролошка разлика помеѓу машкиот и женскиот пол, постои кај раковите. И двата пола се емотивни и се обидуваат да се заштитат од надворешниот свет. Но со зрелоста, жените стануваат поцврсти, постабилни и се глава на семејството. Од друга страна, мажите најчесто остануваат приврзани за престилката на нивната мајка, а некои од нив остануваат засекогаш деца.
    Лав

    Кај лавовите постои голема сличност меѓу различните полови, со тоа што кај мажите е поочигледна потребата да бидат во центарот на вниманието. Жените родени во знакот на лав се помалку горди од мажите и се попопустливи, но често тоа го прават половично. И мажите и жените обожуваат да бидат главни во друштвото.
    Девица

    Девиците се зборлести, неуморни и по малку ситничави. И двата пола имаат тенденција да останат стари моми или ергени, ако не внимаваат. Мажите родени во знакот на девица, исто како и мажите близнаци лутаат во љубовта и се хиперактивни, за разлика од жените, кои ја немаат таа особина.
    Вага

    Овој знак е симбол на рамнотежата. Кај вагите, веднаш после раковите, воочлива е голема разлика помеѓу мажите и жените. Господин Вага има мажествено тело, а феминистички дух, додека Госпоѓица Вага обратно, женствено тело, а силен, мажествен карактер. Тој има тенденција да биде нежен и мил, додека таа е поотворена, директна и аргументативна.
    Скорпија

    Не е тајна дека скорпиите се интензивни, емотивни, таинствени, жилави и сакаат приватност. И двата пола располагаат со голема скорписка енергија, со тоа што жените имаат поголема тенденција да бидат љубоморни, посесивни и остри во нивното однесување, кога се повредени.
    Стрелец

    Стрелците се сраствени, енергични и големи авантуристи, кои никогаш не престануваат да зборуваат. Мажите стрелци се доста силни и мажествени, а ни жените стрелци не се баш кротки и питоми. Мажите се повеќе склони кон интелектуална работа.
    Јарец

    Јарците имаат репутација на страшно вредни и работливи луѓе. Машките во однос на женските јарци се вистински душички. Жените се порамнодушни, оставаат крут впечаток и се многу амбициозни, и кога станува збор за успех во кариерата, и за својот статус во општеството.
    Водолија

    Водолиите се независни во одлучувањето, непристрасни и дефинитивно комуникативни личности. И двата пола родени во знакот на водолија имаат релаксирачки поглед кон животот и се доста тврдоглави. Машките водолии се љубители на новите технологии, а жените едноставно многу сакаат да сурфаат на интернет.
    Риби

    Рибите се големи сонувачи. Многу се емотивни и не се баш одлучни. Шармот и добрите манири на мажите родени во знакот на риби, ги прави привлечни за повеќето луѓе. Тој е одличен слушател и сите се потпираат на него. Таа е покревка и поранлива и понекогаш чувствува недостаток на самодоверба. Но, тоа не ја спречува во реализација на нејзините планови.
     
    На Acka22 и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Се си има своја вистина ;)
     
  3. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    ахахахха еее вистина Вага

    Овој знак е симбол на рамнотежата. Кај вагите, веднаш после раковите, воочлива е голема разлика помеѓу мажите и жените. Господин Вага има мажествено тело, а феминистички дух, додека Госпоѓица Вага обратно, женствено тело, а силен, мажествен карактер. Тој има тенденција да биде нежен и мил, додека таа е поотворена, директна и аргументативна
     
  4. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.176
    Скорпија

    Не е тајна дека скорпиите се интензивни, емотивни, таинствени, жилави и сакаат приватност. И двата пола располагаат со голема скорписка енергија, со тоа што жените имаат поголема тенденција да бидат љубоморни, посесивни и остри во нивното однесување, кога се повредени.

    скорписка енергија хахах :lol:
    па горе доле точно е,освен делот кај што сум посесивна и љубоморна,а кога сум повредена едноставно продолжувам со животот,без да се одмаздувам или да собирам омраза во себе :)
     
  5. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Девица

    Девиците се зборлести, неуморни и по малку ситничави. И двата пола имаат тенденција да останат стари моми или ергени, ако не внимаваат. Мажите родени во знакот на девица, исто како и мажите близнаци лутаат во љубовта и се хиперактивни, за разлика од жените, кои ја немаат таа особина.
     
  6. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Рак

    Најголема астролошка разлика помеѓу машкиот и женскиот пол, постои кај раковите. И двата пола се емотивни и се обидуваат да се заштитат од надворешниот свет. Но со зрелоста, жените стануваат поцврсти, постабилни и се глава на семејството. Од друга страна, мажите најчесто остануваат приврзани за престилката на нивната мајка, а некои од нив остануваат засекогаш деца.
    точно е :D
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Близнаци

    Близнаците се комуникативни, рамнодушни и прилично расеани. Мажите родени во знакот на близнаци уживаат во добро друштво и забава, но се непостојани во љубовните врски и тешко се приврзуваат. На сличен начин, жените близнаци се колебаат помеѓу тоа дали во секојдневието треба да се потпираат на својата интелигенција или на емоциите и инстинктот. Во љубовта, жените се претпазливи и одмерени.
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Најголема астролошка разлика помеѓу машкиот и женскиот пол, постои кај раковите. И двата пола се емотивни и се обидуваат да се заштитат од надворешниот свет. Но со зрелоста, жените стануваат поцврсти, постабилни и се глава на семејството. Од друга страна, мажите најчесто остануваат приврзани за престилката на нивната мајка, а некои од нив остануваат засекогаш деца.
     
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Оо даа 8) освен делот дека не престанувам со зборење баш напротив , знам да сослушам а сакам и да ме сослушаат :wasntme:
     
  10. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Има разлика помеѓу машките и женските претставници, и тоа како. (fingers)
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.