Жива храна (сирова)

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од sunfemina, 15 септември 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Начин на исхрана која пред извесно време почна да се промовира кај нас е јадењето на исклучиво жива (сирова) храна (raw food на англиски).
    Тоа подразбира конзумирање на нетермички третирана храна исклучиво од растително потекло. Дозволена температура на загревање е макс. околу 50 степени.
    Воедно оние кои го практикуваат овој начин на исхрана практикуваат денот да го започнат со зелено smoothie кој е кашаст пијалок кој содржи различно овошје и зеленчук (главно треба да е баш зелен зеленчук (пр. спанаќ) за да испадне зелен пијалок) .
    Водата која се пие преку денот мора да е "сунчана", односно во раните утрински часови во стаклено шише или тегла водата се остава на сонце неколку часови, а потоа се пие. Водата ја опишуваат како многу слатка и убава за пиење.
    Леб, грицки, крекери, пица, а и други рецепти за жива храна се приготвуваат и со помош на дехидрирање во специјален апарат дехидратор или со сушење директно на сонце.

    Колку што до сега сум имала можност да се информирам за овој начин на исхрана, ми изгледа како најекстремен тип на вегетаријанство кој до сега сум го сретнала. Не во негативна смисла, бидејќи сепак природната храна која не е термички обработена во себе ги задржува сите витамини ама мислам дека и доста продукти кои се од растително потекло не можат да се искористат, поради тоа што би требало термички да се обработат.
    Тука мислам на компирот, пченката, мешунките - грав, леќа и сл., кои некако не ми оди да се јадат нетермички обработени. Можеби грешам, ако е така некој нека ме поправи :)

    Има и широка палета на слатки и солени рецепти кои убаво изгледаат и од љубопитност би сакала да ги вкусам.
    Еве нешто што успеав да најдам:
    http://yutresa.blogspot.com/
    http://www.surovoivkusno.com/
    http://raw-food-mk.blogspot.com/p/blog-page_10.html

    По тв имаше информации дека се организираат работилници за овој начин на исхрана, ќе има и готвач за жива храна, а и веројатно ќе се отвори и ресторан каде ќе се служи исклучиво таква храна.
     
    На Eli23 и Libera им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    58.607
    Имаат и група на фејсбук, еден колега на зафрканција ми ја прати пред некој ден. :D Мислам, ова дефинитивно не е за мене. Секоја чест за тие што издржуваат со вакво јадење.

    Како што читав, членовите во групата постојано си наоѓаат некои нови рецепти и се прилично креативни. Ама мене ренданите тиквички кои личат на тестенини не ми се исто што и варените тестенини. Пицата чие лепче е сушено надвор на сонце нема да е иста со таа печена во фурна на дрва, па кој што сака нека рече!

    Исто забележав дека има многу што ослабеле екстремно со овој начин на исхрана, по 40, 50 кг и уште еднаш, браво за нив.

    Јас си сакам топла храна, да испарува, да има вкус... :worried: Не знам необработено колку би имало вкус.

    Едино размислувам за смутиво, тој трик да го применувам, со тоа што јас би ставала овошје, капини, малинки, јаболка, банана евентуално и малку млеко. Ако го ставам во шише и го носам со мене на факултет мислам дека ќе ме држи сита. :)
     
    На Eli23 и creshicka им се допаѓа ова.
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Познавам вегетаријанци кои не јадат месо (некои јадат само риба некои ниту тоа), пред се од хумани причини, а јадат друга храна од животни (млеко, млечни производи, јајца...) и секако растителна храна.
    Познавам вегетаријанци кои не јадат никаква храна од животинско потекло ама за спремање на оброци растителната храна ја варат, пржат, печат итн.
    Значи се исфрлаат цели групи на храна и сега ова го гледам како следно скалило во вегетаријанството и затоа го нареков најекстремно што сум го сретнала бидејќи новиот момент е што тука се јаде само растителна храна и истата не смее да биде термички обработена. Се спрема и јаде ладна.

    Е сега..како што спомнав погоре, ми делува како да се исфрлени од исхраната и растителни продукти кои мислам дека не можат да се јадат нетермички преработени. Барем не сум слушнала до сега на пример некој да јаде грав несварен, а познат е како здрава мешунка.

    Исто навидум подготовката на некои јадења ми изгледа како прилично долга процедура зошто треба некогаш и ден однапред да се спремаат состојките за да можат после да се спремат во оброк за конзумирање следниот ден.

    За вкусот би коментирала кога ќе пробам некој рецепт :) Секако секој ден јадам во салата живи зеленчуци и свежо овошје, ама има други некои работи кои ме интересираат какви се..
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    58.607
    https://www.facebook.com/surovoivkusno

    Еве ја групата, имаат мала грешка, треба нели сирова, ама битно се разбираме. :D

    За секој кој го интересира, може да си прочита, гледам и блог водат со разни идеи. :)
     
  5. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    581
    Со овој начин на исхрана се повеќе болни од тумори, рак, па дури мултиплекс склероза успеваат да се излечат. Нормално според одреден план и со одредени додатни терапии, како сончева терапија, акупунктура и слично.
    Самото тоа е доволно да се каже колку е всушност ова корисно и дека човекот нема апсолутно никаква потреба од анимални производи.
    Моја прогноза е дека за 10-20 години луѓето ќе се свестат и ќе се свртат целосно кон алтернативната медицина и токму овој начин на исхрана.
    Јас лично издржав 4 дена само на сирова храна и никогаш не сум се осеќала поенергично :) Но, не може туку така одеднаш да се откажеш, а и треба буквално за се да си информиран и да внесуваш секојдневно одреден вид на овошје/зеленчук со кои го внесуваш потребното количество на витамини. А за тоа треба многу истражување па и помош од стручно лице.
    Сега за сега некако немам услови нити подготовка за целосно да го водам овој режим ама дефинитивно би сакала еден ден да успеам целосно да ја базирам исхраната врз ова.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Треба целосна посветеност за преориентирање на ваков начин на исхрана, само веќе никако не верувам кога за одреден начин на исхрана ќе каже 'така се хранеле нашите предци'. Со вакви "живи" специјалитети најмалку би имале можност да се хранат тогаш, затоа што немале процесори на храна за да направат млеко од лешници... :)
    Ниту сите се хранеле исто (зошто сигурно сите немале пристап до иста храна, плодови и животни), ниту пак сега на секој дел од планетава земја се јаде скроз иста храна.
    А како точно се хранеле предците ќе му верувам само на зборот на некој предец :D лично, инаку сега ми е рекла-казала начинот на нивна исхрана.

    Во училиште не учеа дека правеле копја и орудија за ловење на животни за да се хранат (+ секако јаделе плодови), после ја учевме пирамидата на здрава храна која вклучува и продукти од животинско потекло, па сега можеме да видиме дека цели групи на храна се отфрлаат со овој тип на исхрана.
    На ова гледам само како уште еден "правец" во исхраната која се декларира како здрава, но не и единствен иако се согласувам дека убаво е да се јаде повеќе жива храна заради зачувување на витамините и другите важни состојки од храната.
    И малку повеќе прочитав за мојата дилема околу неможноста некоја растителни храна да се јаде нетермички обработена...и за дел од таа храна најдов дека сепак некако успеваат со цедење, киснење, мелење да ја вклучат во исхраната (на пр. од компирите го користат компировиот сок).

    Пирамидата на вегетаријанците кои се хранат со жива храна
    [​IMG]

    "Живи" јадења :)
    "жива" пица [​IMG]
    "жива" торта [​IMG]
    "жива" лазања [​IMG]
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.619
    Дузи, по однос на ова прашање:

    Повели објаснувањето од креаторката на групата :)

    http://www.surovoivkusno.com/prashanjeto-za-imeto/

    Искрено, и мене тоа „сирово“ некако неправилно ми зазвучи првиот пат кога го кажав, ама ај, си реков, може е до мојот дијалект, сум помешала се` :lol:

    Редактирам: Имам направено од „живите“ десерти и се преубави и здрави! Едниот од нив се тие топчињата во Исхрана за најмладите што ги пишав, и мнооооогу други. Ептен се лесни за правење, и што е најбитно - здрави, со неуништени состојки од термичка обработка.
    Исто прочитав и рецепти за прекрасни сосови, побарајте ги низ сајтот, ептен лесни и брзи за припрема, ако некој ви дојди на гости ненајавен :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.000
    Допаѓања:
    134.956
    Пол:
    Женски
    Јас размислувам на оваа тема веќе подолго време. Се зачленив и во групата на FB што е, и редовно читам сè што пишуваат и постираат. Сакам лека полека сите тројца да се преориентираме кон ваков начин на исхрана, ама не верувам дека целосно ќе успееме, бидејќи сме љубители на месо, сите тројца. Затоа размислував, барем дел од исхраната да ни биде сирова, колку толку да го избегнеме внесувањето на непотребни и нездрави видови храна (џанк фуд пред сè). Сакам слатките работи да ги замениме со вакви, сирови, кои сигурно се далеку поздрави.
    Прво што сакам да пробам да направам е бадемово млеко. Поради сите негативни атрибути за млекото и млечните производи, сакам да пробам со здрава варијанта на истото, штом веќе може да се направи. Недостаток е тоа што бадемите не се баш евтини, ама ќе видиме како ќе биде.
    Еве рецепт за тоа како да се направи млеко од бадеми, па да видиме како би испаднало.
    http://www.wikihow.com/Make-Almond-Milk

    Нема да форсирам, ќе тераме полека, па дали ќе успееме или не, ќе видиме.
     
    На DeMelo, XMaN и Moira им се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.619
    Апсолутно истиот став го терам веќе некое време Анатх, и дома и правам здрави сурови закуски на малата, а и за нас :) Од некои работи не можеме туку така да се откажеме (како печен леб, варени тестенини, а месо и онака ретко јадеме) ама дефинитивно почнуваме да ги прифаќаме повеќето предлози.
    И мене следно на листата ми е домашно направеното бадемово млеко, ама тоа откако ќе заврши сезоната на козјо, па да пробам тоа да и` биде заменско. Ако е добро на вкус (а не гледам зошто не би било), и јас ќе си го конзумирам, пред се` заради Е витаминот и антиоксидансите :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.000
    Допаѓања:
    134.956
    Пол:
    Женски
    Го фалат дека е добро на вкус, може и да се заслади со мед или со урми, па ќе биде уште поубаво. И најдобро било од македонски бадеми да се прави, оти америчките биле пастеризирани, сега баш прочитав на фб страната. Јас не знам од каде сè носат бадеми кај нас, ама среќа, барем во Скопје има продавница за здрава храна во која можат да се купат доста производи.

    Многу од рецептиве изгледаат одлично на слика, а не се сомневам дека се превкусни, затоа што нема лоши состојки во нив, напротив.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.932
    Допаѓања:
    49.937
    Пол:
    Женски
    Јас бев на презентацијата на книгата на женава и искрено полоша презентција не сум видела. Женава која се прокламира како прва во групата која јаде жива храна изгледа страшно болно, со нас беше еден лекар и истото го прокоментира, носеше хеланки на кои сите ковчиња се оцртуваа. Покрај сето тоа страшно се неорганизирани, каснеа многу време и книгата не ја промовираа туку се промовираа самите себе. Книгава или брошурава пошто личи баш така кошташе 550 денари, неколку подебели ливчиња споени со спирала, А5 формат, ништо посебно во неа. Храната не успеавме да ја прбаме иако беше најавена презентација, ние ништо не видовме испрезентирано. Можеби се работи за нешто интересно и здраво, но јас никогаш не би се осмелила на ваков чекор, ко што кажа Дузи, додека не чурне лепчето не е тоа леб. Мене прв впечаток со оглед на каснењето и неорганизираноста ми беше дека е страшно фуш работава, а и теткава уште кога кажа дека одвај се буди наутро, дека и треба време да се освести, јасно ми беше колку е саат.
     
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Јас не би можела да се хранам целосно по овие принципи,а ни сите фамилијарно,но во дневното мени секогаш имаме свежа салата од два-три вида на зеленчук и една ужина од свежо овошје (сеедно дали како свежо приготвен сок или како цело парче). Нашата исхрана е воглавно базирана на јаглехидрати и тешко дека би можеле да издржиме без компир,ориз,двопек.Од рецептите би пробала нешто ,но сигурно и би додала нешто од оваа другава во случајов непожелна група на храна.
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.358
    Супер е тамава и баш сум пријатно изненаден дека имало и други што ги интересира пресната храна :).

    Веќе подолго време ја истражувам темава да видам дали и колку ќе ми користи и ќе напишам на кратко кои се моите согледувања и од читање како и од лично искуство.

    За името сирово или сурово го решив така што викам пресна храна :D

    За самата исхрана. Од мое лично искуство осетив дека е тоа најприроден и најздрав начин на исхрана, тука немам никаква дилема. Не е лесно, си бара јака воља ама ако се издржи осеќаш како ти расте енергетското ниво а некои појави кои луѓево ги сметаат како нормални во цивилизациски начин на живеење едноставно исчезнуваат.

    Јас бев одушевен од резултатите со тоа што си направив свој модифициран систем.

    Главно јадам пресна храна со повремена готвена и функционира одлично. Ензимите се сочувани а се избегнуваат и онака храните кои во готвена состојба најмногу му штетат на организмот, глутенските житарки, вареното млеко, превриените варени сирења, белиот шеќер, прегорените зејтини и сојата (може некој ја јаде изртена јас не ја сакам во ниеден облик).

    Сакав да консумирам пресни житарки ама не успеав да ги из'ртам и се откажав. Сега кога јадам пресно не користам житарки туку само овошје, зеленчук и семки (бадеми, лешници, ореви итн).

    Заради активното бавење со спорт ми требаат повеќе протеини па се снаоѓам со дел преку семките а остатокот ќе го внесувам со коноп (како термички необработен прашак со 50% протеин).

    Мешункастите плодови се препорачува да се консумираат из'ртени но без белиот (тетовски) грав кои очигледно има материи кои се опасни ако не е термички обработен. Азукито или тоа црвеното гравче се безбедни ако се из'ртени. Другите мешунки како леќа, леблебија (наут) грашак исто се јадат из'ртени ама во мали количини. Свеж млад грашак се јаде и директ од мешунката :).

    Сите семки (бадеми, лешници, ореви, тиква, сончоглед итн) се препорачува да се јадат из'ртени и исклучиво така и ги консумирам. Помеки се, посвежи и поздрави зашто при 'ртењето се неутрализираат ензимите кои се инхибитори на одредени хранливи материи во зрното и плус драстично се зголемува нивото на хранливи материи (витамини, минерали итн) зашто семката се спрема да порасне во дрво :). Кој ќе 'рти семки да не очекува да порасне опавче, само набабруваат :D

    Едно основно правило е дека треба да се јаде малку и да се научи стомакот дека може да е празен а да си најаден а тоа не е лесно за контролирање.

    Не мора да си вегетеријанец ако имаш здрави животински продукти, јајца и млеко од здрави животни. Свежо јајце е одлична храна исто како и неварено млеко или сирење ама за жал најчесто не ни се достапни во пресна состојба а да сме сигурни дека ни се безбедни за консумирање (масовна продукција тука не доаѓа предвид).

    Мене ми требаа месеци да најдам информации на нет и сум собирал искуства од повеќе места така да се што дознав го напишав сублимирано и јасно за некој друг да не се мачи истиот пат да го поминува :).

    Не сум 100% на пресна храна и сеуште знам да си порачам пица или да си направам мусака или пита ама тенденција ми е постепено да стигнам на 80%-90% пресна а остатокот готвена храна.

    Кој ќе проба секако нема да се покае :)
     
    На Eli23, Fitteen, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Бљак.
    Хамбургер си е хамбургер. :wasntme:
     
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Преминување на нов начин на исхрана, како овој прво бара многу информираност за да се внесуваат сите потребни хранливи состојки на правилен начин, запознавање со приготвувањето на ваквата храна, учењето на комбинации и рецепти, нови кујнски апарати :) , трпение, желба и истрајност.
    Читајќи ги работите што ги конзумираат raw food "јадачите", гледам многу нови работи за кои не сум знаела ни дека постојат или пак не сум знаела во каква форма може да се конзумираат.
    Се работи за екстра здрава варијанта на исхрана, но сеуште сум уверена дека одредена растителна храна е добро и здраво да се конзумира и на пр. варена. Пред извесно време на странска тв баш слушав за лековитоста на варена каша од моркови и точно објаснуваа што се случува со морковот при варењето и на тој начин се добивала храна која поефикасно влијаела на некој стомачен вирус од антибиотиците. Така што има нешто и во готвеното :) Само како што реков се си бара информираност.
    Секако поздраво од свежото нема, па и јас би сакала да се ориентирам на што е можно повеќе јадење на ваква храна.
    Од љубопитност сакам да почнам да спремам по некој од поедноставните рецепти што не побаруваат дехидрирање затоа што тој процес ми изгледа премногу долг бидејќи трае со саати, а и треба посебен апарат, сонце (кое сега во есен го нема доволно) или евентуално рерна (ама не ми изгледа економично рерната со саати да биде уклучена).
    Останатото што може да се спреми прилично брзо, лесно и заштедува струја зошто нема печење, варење, пржење... :D и се спрема со сецкање, блендање, пасирање и сл. би сакала да го пробам.
    'Ртени бадеми и лешници сум пробала и ги препорачувам! После киснењето во вода кога ќе набабрат може многу лесно да се излупат и вкусот им е како на млади семки од својот вид :) .
    Исто како и некои од вас сакам да пробам млеко од бадеми, па ќе споделам импресии кога ќе направам ;) .
     
    На Moira и Annath им се допаѓа ова.
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    ^^
    Јас сум сушела/дехидрирала овошје во рерна на 50 степени ,но со вклучен вентилатор ,кој ја забрзува постапката.За да биде уште побрзо овошјето/зеленчукот треба на се исече на тенки парчиња. За сушење не знам дали и парно би можело да брка работа :x
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Колку што знам, и мислам дека имам пишано на почеток макс. температура која е дозволена за загревање на живава храна е баш таа, околу 50 степени ама требало да се дехидрира со подотворена рерна. сепак ми изгледа "долгометражен" процесот, па баш ме интересира кое овошје го сушеше и колку време ти требаше? :)
    Сепак лепчиња, пици, крекери, зимници...и слични raw food рецепти се приготвуваат со процес на дехидрирање.
    Неорганизираноста и каснењето и мене ми пречат за секој настан и општо, но настрана тоа... Не знам точно како изгледала таа промоција, па не би било ок да коментирам. Авторката ја гледав на многу емисии на тв и ме поттикна повеќе да се заинтересирам за овој начин на исхрана. Сум ја видела и во живо и ќе се согласам дека е физички претерано слаба, но не е баш во ред да се коментира нејзиниот изглед бидејќи самата има кажано во една од емисиите, а и сум прочитала во некоја статија дека за жал неа на преминување кон овој начин на исхрана ја навела автоимуна болест која ги напаѓа сите мускули на телото. Можеби на тоа се должи и нејзиниот изглед, па мислам дека пред да му судиме некому за изгледот, треба да помислиме дека можеби и не по своја вина некој изгледа вака или онака.
    Тука ја најдов содржината на книгата, мал вовед и предговор на авторката во кој вели дека ниту таа не е постојано 100% на оваа храна. Инаку колку што видов од содржината книгата се состои од рецепти, не знам дали има поопширни информации за начинот на исхрана.
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.619
    ^ Колку да нема забуна - Маја Платнар е една од следбениците на суровата храна, поврзана е со Нутривита кои продаваат и разни апарати и додатоци за овој начин на исхрана, а http://www.surovoivkusno.com и истоимената група се на Ана Азгоур, која има свој блог и не е толку комерцијализирана.
     
  19. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Јас сушев ананас,слива и праска и некаде околу еден час траеше процесот ,а ги имав наредено на самата решетка од рерната,а за да не се направи лом имав одоздола ставено тава.Вентилаторот овозможува сушење со затворена рерна затоа што пареата излегува низ специјалните отвори.
     
  20. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Суви сливи и ананас сум пробала, ама многу ме интересира праската :) Вкусот убав беше, остана нешто од праската за поткаснување?:)
    Еве рецепт за 1 литар млеко oд бадеми:

    Потребни состојки:
    100 гр. бадеми (непечени)
    1 литар вода

    Припрема:
    Бадемите се киснат најмалку 5-6 часа во вода (по можност неколку пати водата во која се киснат да се менува). Водата во која се киснат не се пие, таа се фрла.
    Откако ќе се искиснат бадемите, се лупат и се ставаат во блендер со 100ml (нова) вода.
    По блендирањето, се процедува течноста во посебен сад и во неа се додава останатата вода до 1 литар.
    По желба се засладува со киснати урми, агаве и сл. (на видеа на yt често гледам додаваат некој природен екстракт од ванила).

    Јас би сакала чисто без додатоци да го пробам прво :)