Јас 5ти ден сум на сурова исхрана 95% (ставам кравјо леко во нес кафе и една коцка чоколада грицкам на ден). Супер издржувам до сега и само по 4 дена се осеќам полесно. Наскоро ќе постирам рецепти
Јас веќе почнав лека полека да воведувам рецепти од сировата исхрана во нашето секојдневно мени. Направив бадемово млеко, и замислете, детево мое си го пие! Засладено со малку мед, секако, инаку млеко никакво не пие. Јас почнав тоа млеко да го пијам редовно, и да ви кажам, топ ми е, особено со кафенце, матено, и со цимет и каранфилче. Инаку, редовно правам smoothies со свежо овошје и зеленчук, малиов мој си ги сака наутро, си кркаме и двајцата. План ми е да почнам да правам макала и десерти по вакви рецепти, ама не се откажувам целосно од класичната кујна, бидејќи сите тројца сме по месото, како што претходно наведов. Еве пример за вкусен и здрав појадок: пола чаша овесни снегулки, прелиени со смеса од лажиче мед, лажица какао и малку цимет, и со бадемово млеко. Екстра вкусно! Инаку, мм малку ми мрчи за тоа што сакам да му ги сменам навиките, ама ќе го видам кога ќе му се намали стомачето за кое нонстоп ми се жали дека му пречи
Медот спаѓа во живава храна? Секако не е термички обработуван, туку дека е пчелин производ? Сакам да го пробам тој агавен сирупот, видов дека го има во рамстор, ама многу скап ми се виде околу 250 денари малечко шишенце. Патем многу многу ми се допадна милкшејк со млеко од бадеми, боровинки и банана. Се се блендира заедно (јас додадов и малку мраз) и се ужива во пиењето.
http://www.surovoivkusno.com/e-kniga-su ... o-deserti/ Еве ја книгата на Ана Азгоур, со сирови рецепти - пробајте, нема да зажалите! Навистина се превкусни, но и многу лесни за правење! Малку се поскапи, да, поради тоа што се користи јаткасто овошје кое за жал не е баш евтино, ама може да се направат доста измени и импровизации. Инаку, медот е сирова храна, ама не овој од продавници, пастеризираниот, туку оној од домашно производство (ако купувате таков, секогаш нека биде од проверени луѓе!). Ако ви е проблем нектарот од агаве за засладување, секогаш може да користите мед, урми, малтекс. Има еден природен засладувач, како зелен прав, стевиа се вика, ама не знам која му е цената. Еден рецепт кој деновиве се врти на фб: бомбици од банана, кокос, сусам и какао. Пасирате 2-3 банани, ставате лажица какао, мелен сусам и кокос да се добие убава смеса за бомбици. Се валкаат во кокос. Може да додадете малку мед или малтекс, да биде послатко. Ем здрави калории, ем превкусно!
По препорака направив микс млеко од 50гр. бареми и 50гр. лешници. Заедно ги изблендирав, истaта постапка според рецептот од претходната страна. Одлично е и го препорачувам . Најмногу правам шејкови со овошје (најчесто oд банана) со жививе млека.
Спојлер ^Живо месо ? Не знам како до сега не сум ја видела темава, редовно ги следам и на фб и веб страната сурово и вкусно. Правам по некој рецепт, но да се префрлиме целосно на ваква исхрана не верувам, навеке поради мм, и тој си сака месо, сега поретко од порано го конзумриа, но и кога не би го конзумирале месото има некој други јадења што сакам да ги правам а се исто здрави, но не сурови, како лека, грашак,грав... Смутис од овошје и зеленчук секој ден правиме. Но убава е идеата сурова сензуална среда, еден ден во неделата да посвети човек на ваква исхрана. Пред некој ден правев еден колач од урми, овесни снегулки, банана и цимет. Убаво Дајте да ја активираме малку темава пишувајте рецепти, дали ваши или од интернет.
Секое утро денот ни почнува со овошно смуди. За мене и за син ми е задолжително, а мм кога е расположен. Еве го денешното: Поточно ова е милкшејк, ама raw верзија една банана три киви чаша лешниково млеко лажица какао Блендирате се заедно. Ако ви е густо, додајте уште малку млеко. Инаку, јас уште го пијам, ова ми е денес појадокот (впрочем, како и секој ден). А за син ми (не му го сликав појадокот) направив вака: една пасирана банана, неколку мушмули (исчистени од семките и лушпите) измешани со лешниково млеко и три лажици киснати овесни снегулки, една лажица какао и малку мед, колку да го ублажи какаото. Слободно може на деца да им се даваат овие јадења, син ми секое утро има ваков појадок, само овошките се различни, а млеко од лешник првпат проба денес, досега само бадемово правев, ама не редовно.
^Мммм супер, нашето вчерашно го пишав во темата Смудис ( Сокови во блендер) А и денес случните намирници А се спремам деновиве и да го направам конечно тоа млеко дали бадемово или лешниково не знам. Абе жени ние можиме бизнис да направиме нема во Скопјево објект што прави смудис, ке го наименуваме Фемина смудис и ке ни биде таман собиралиште за дружба,а што велите Јас Аннатх не му оставам простор на мм да бира, му го тупкам под нос нема сакам некам, мојов плус пушач е, мора да надокнаддуваме некако за витмините кои ги влечат цигарите. Вчера конечно најдов и свеж губир и направив по рецептот на Моира со лимони и мед, се мислам за малиов дал да му давам, но ке почекам уште некое време. И дајкон најдов па ме интересираше дали некој знае колку количински не би требало да се надмине, гледав низ нетов не можев да најдам таква информација, а пријателка која ми го препорача ми рече да внимавам само малку да изрендам во салата бидејки повеке можело да предизвика тахикардија
Де Мело, дајконот го јадам рендан во конмбинација со цвекло, морков, бело свекло и зачинет со лимон и маслиново, се разбира и сол. Кога имам зелено јаболко додавам и зелено јаболко, здраво е да се јаде, не сум слушнала досега за тахикардии, а знам дека е добро за чистење маснотии во крвта
ДеМело, и мојов е пушач, за жал и покрај него и јас почнав со таа лоша навика. Ама не секој ден, како ќе ми дојде, ако сум премногу изнервирана (а за жал, во последно време имам премногу нервози). Колку толку, го пие, му давам и во термос да си носи на работа Инаку за дајконот, не сум слушнала дека предизвикувал тахикардии, а доста го јадеме, со цвекло, со морков, како што опиша АнгелофАрх, само со лимон наместо оцет. Инаку, знам дека бил добар за дијабетичари, свекрва ми секојдневно јадеше едно време.
Епа Анат нареден пат додај и зелено кисело јаболко, фантазија од салата, се разбира со лимон, а она што ќе остане задолжително се пие пошто е многу вкусно и здраво, дури мајка ми знае и да го исцеди па посува да дојде салатата, ама така мене е ми се свиѓа дека му иде ко гмечени рендани овие продуктиве, подобро да си почекам да ја изедам па да испијам.
Имав гости вчера, и сакав да избегам од класичното служење на грицки-мицки и слатки како што е вообичаено. Решив менито да ми биде исклучиво со сурова храна. За пиење направив смуди од банана, киви, јаболка и портокали, неколку листа блитва, ги изблендирав (портокалите беа цедени, другите овошја само лупени), додадов вода, и добив супер освежителен пијалок. За грицкање имав домашни кифли (овие не ми беа сирови, ама беа без јајца и млеко - посните кифли на Моира од темата за кифли), вегетаријански мајонез (повеќе како макало излезе), свежа брокула, карфиол разделени на цветови и морковчиња исечкани на ленти. За десерт, овесни колачи со вегетаријански еурокрем како прилог. Рецепти: за смудито е јасно - значи се лупат овошките, листовите се мијат убаво под млаз вода, портокалите се цедат - сето ова заедно во блендер се миксира, се додава вода да се добие потечна смеса (за пиење). Вегетаријански мајонез: 200г чистен и непечен сончоглед се кисне во вода најмалку пет часа, се измива убаво и оди во блендер. Се додава 3/4 чаша ладно цедено маслиново масло, 1/3 чаша вода, 1/4 лажиче лук во прав (јас ставив две чешниња свеж лук, повеќе го сакам), сок од половина лимон, лажица сенф, лажиче сол и зачини по желба (јас додадов копар и малку свежо мелен црн бибер). Се блендира убаво да стане мазно како паста. Превкусно е! Чоко колачиња (од книгата на Ana Azgour): 200г ореви (јас ставив лешници бидејќи ги имам и повеќе од доволно), 100г овесни снегулки, 1-2 лажици ладно цедено маслиново масло (треба ленено, ама немав), 5 лажици мед, 2 лажици какао, 2 лажици вода. Се замесува убаво тесто и се прават колачи. Вегетаријански еурокрем: ситно се блендираат 200г бадеми или лешници, се додаваат 2 лажици какао, 1/2 лажичка цимет, малку ѓумбир во прав и мед за да се добие густа смеса како еурокрем. Ако има потреба, може да се додаде кокосово или лененово масло, по избор. На здравје!
Во секоја продавница за здрава храна има непечен и чистен сончоглед. Мислам дека има и во секој поголем маркет.
Поради здравствени причини ми забранија да конзумирам месо и месни преработки и секакви млечни производи што доага до заклучок дека таа здрава исхрана треба да се базира на raw храна. Ќе бидам малку офф, но мислам дека и ова прашање влегува во оваа тема. Знаеме дека без *машинерија* ништо не правиме а блендерот е повеќе од потребен... па прашањето е што блендер користите за овие рецепти... vitamix што го гледав на суровоивкусно е некако прескап 40.000ден. сепак се многу за основна верзија...Ве молам за одговор затоа што ми е итно и повторно се извинувам за оффтопикот.
Vitamix-от е моќен и квалитетен блендер, но е навистина е скап. На youtube сум забележала дека доста го користат и Blendtec кој заедно со Vitamix важи исто за еден од најдобрите блендери (и често ги споредуваат), но изгледа кај нас го нема тој во продажба. Како и да е од искуство мислам дека не мора толку скапа "машинерија" да се купи, само по можност да има поголема јачина. Јас имам блендер со повеќе додатоци од околу 3-4000 денари и машинчето се погоди супер. Со него засега најчесто ги правам млеката од јатки и шејкови, кашести сокови (дроби и мраз без проблем ) и верувам дека и за други рецепти понатаму ќе си ја врши одлично работата и блендерот и додатоците за пасирање, сецкање итн... Единствена замерка што ја имам е дека не може да се направи мала количина од "нешто", па затоа може попрактични се оние рачните ако не се приготвува голема количина на храна и тоа пак ќе речам важно е според мене да е со поголема јачина (над 600-700W). На крај како ќе се погоди и колку време ќе служи зависи... Спојлер Eве и во овие теми 1 и 2 можеш да најдеш дискусии за блендери да не одиме ептен офтопик.