Дечки јас сум нова во ова, т.е. уште не сум почнала ама многу ме интересира. Може ли некој да ми каже каде можам да најдам рецепти. И ако може некој да ми напише на пример дневен јеловник како за пример.
Ова се некои македонски страни (блогови, фб страни и групи...) + http://somelikeitraw.mk/zhiva-hrana https://www.facebook.com/groups/zdravozivo/ http://bukvar.mk/news/voved-vo-sirova-hrana?newsid=8U0m Бонус од фемина Диетата со сурова храна
Покрај тоа што оваа храна е поздрава, читав и дека од неа колку и да јадеш нема да ги покачиш килограмите. Дали според вашето искуство тоа е така? Баш ми е чудно затоа што сепак се внесуваат калории. Најдов доста интересни рецепти на погоре наведените линкови, има посебно добри десерти кои содржат мед, какао, јаткасти плодови кои имаат доста калории, како може тоа да не влијае на покачување на кг? И друго, од каде купувате намирници, од кои продавници? И какво е тоа живо млеко, каде може да се најде? Извинете на многуте прашања
Калории мора да се внесуваат, потребни му се на телото за нормално да функционира. Е сега од што и какви е веќе побитно . Нормално е на пр. 300 kcal од јаготки и 300 kcal од чипс да не е исто. Јаткастите плодови се калорични ама се и многу многу здрави и потребни, а во овој начин на исхрана се користат строго непечени и несолени. Секако тоа не значи дека треба се јадат во голема количина одеднаш, ако се јадат умерено нема да влијаат на покачување на кг.... Ниту пак постојано треба да практикуваш да јадеш десерти со мед и јатки. Пред се во основа се конзумира свеж зеленчук и овошје, сушени плодови и сл., а рецепти за разни нетермички обработени јадења има навистина многу. Со самото тоа што не се конзумираат шеќери, мрснотии и сл. скоро да нема опасност од зголемување на килажата, напротив истата се регулира. Живото млеко е растително млеко (има повеќе видови), а најчесто се користи направено од бадеми и лешници. Се подготвува дома, во блендер . Еве еден рецепт hrana-i-pijaloci/ziva-hrana-sirova-t14402/10.html#p1372137 .
Благодарам на одговорот. Пред малку бев во маркет се снабдив со некои намирници, па ќе почнам полека да си правам рецепти. Целосно не знам дали ќе успеам да бидам на сирова исхрана, ама ќе се потрудам добар дел да биде.
Пак јас Се опремив со блендер и соковник и на големо цедам сокови правам рецепти. Денес го направив првиот веганез и многу ми се допаѓа. Туку ме интересира со што го јадете, сам по себе не е интересен, а јас не сум по салати Колачињата ми се омилени, ама ги конзумирам само наутро со кафе по 2-3 Дали и на кој начин може да се јаде грав, бидејќи знаеме дека мора да се свари некако, дали може да се користи сад за пареа или така не се смета за жива храна?
Не знам некој рецепт за подготовка, само имам прочитано дека се правело нешто како хумус од грав, нетермички обработен, ставен во вода повеќе часови за да из'рти и веројатно после изблендиран со некои други состојки. Ако се подготвува на пареа веќе нема да се смета за жива храна, бидејќи сепак пареата има повисока температура.
Мајка ми кога и да прави месо, си пробува да види дали е доволно солено. И еден ден и јас чепнав малку како за прв пат кога пробуваш нешто, нели да не истурам црева пред сите! И баш ми се услади! Посолувам си некогаш така, ама повеќе го избегнувам бидејќи најчесто готвиме свинско, а свињите кога се колат создавале отрови и затоа треба убаво да се свари.
Диета: Жива храна Ова повеќе е начин на животен стил на живеење и хранење, отколку класична диета. Загарантирано се слабее, дури и премногу, но сепак телото е здраво, цврсто, флексибилно, умот е бистар. Појаснувања: - Под жива храна се подразбира храна која не е термички или на друг начин обработувана, значи е свежа. - Се јаде овошје и зеленчук колку сакате неограничено, во било кое време, па дури и покасно навечер. - Можете да правите сокови, каши, салати и разни варијанти по ваш избор и вкус. - Може да се конзумира суво овошје, кое е премногу здраво и сконцентрирано и дава екстра енергија. - Може да конзумирате апетисани, кои исто така се пожелни и здрави. - Може да се конзумира мед. - Оваа храна ќе ве прочисти и разбистри, па нема да имате потреба од кафиња. - Препорачливо е во солените варијанти да користите ладно цедени масла (пр.маслиново масло), јаболкова киселина и сол. - Нема месо и јајца ! - Може да се пијат чаеви (без шекер). Додатоци за оние кои им е тешко да се прилагодат или чувствуваат потреба за потешка храна: може да конзумираат во мали мери и нередовно млечни продукти, копири, ориз, тиква и сл., варени или на пареа приготвени, домашен леб од интегрални брашна, во мала количина. Овие додатоци се повеќе потребни на зима, кога е поладно и на организмот му треба нешто посилно. Живата храна го чисти организмот од сите отрови и токсини, ја чисти крвта, го подобрува системот за варење, ги јакне нервите, ги исфрла штетните масти, човекот се подмладува, кожата станува нежна и здрава, косата расте, паѓаат влакната од телото, итн. Напомена: доколку овошјето и зеленчукот се прскани, оставете ги да киснат извесно време во ладна вода. Така делумно се прочистуваат. За повеќе прашања и мислења, ќе дискутираме понатака. Спојлер Овој начин е познат одамна, но кај нас е нешто ново и непознато за повеќето, иначе конкретниот текст го напишав по препораки на врвен лекар кој го пропишува на сите, на стари и млади, и сите имаат подобрувања. А, слабеењето е неизбежно при ваква храна.
Диета: Жива храна Јас може да ви допринесам на темава со рецепти за живи торти... Сфатив дека ги имам поприлично,ама не ви одат у корист. Вчера напраив една карамел солено-блага торта, со тон бадеми и лешници,агаве и урми... испадна едно мало, вкусно и тешко (како тешко да го држиш у раце) тортиче.
Диета: Жива храна На темава прво што имам да кажам е дека може да биде термички обработена храната до 50 степени целзиусови односно најчесто тоа е за дехидрирање. Второ е што не мора да значи дека ке ослабнете, на пример може лесно да стигнете и над посакуваната килажа ако јадете по калорични јадења како јаткасти овошја, путери од нив, масла, суви овошја и сл. Секако дека е многу здраво да се храните вака, како што кажа Силвер телото се обновува целосно. Јас се хранам по правилото 80-20 односно 80% да ви биде храната сурова или жива а 20% термички обработена.Не сум строго по тоа некогаш конзумирам и јадење од животинско потекло, најчесто риба, јајца и јогурт(домашен)еднаш или два пати неделно, поретко млеко и месо.
Диета: Жива храна Еве го мојот вчерашен ден на исхрана: -Утрото си направив микс во блендер од банана, јаболко, киви и портокал -Мед со 2-3 здробени оревчиња -Салата со рендано цвекло, морков и марула -Лимонада -Чај
Многу сакам дома да им ја променам исхраната, да започнеме сосема здраво да се храниме...знам дека тешко ќе ми оди, ама полека......ќе пробам! Сите што вака се храните, ве молам ставајте рецепти или линкови како се приготвува, побрзо и полесно да ни е спремањето!
Еве мој рецепт за банана-чиа смуди. Во шејкер ставате 1 банана,убаво излупена и исчистена,исечкана.Ја блендате додека не се направи убава кашеста смеса.Потоа додавате 1 лажичка чиа семе (и/или 1 лажичка мед) и повторно миксате. На крај додавате вода,зависи од вкусот,јас го сакам погусто и ставам помалку вода и повторно миксате.
За да не одам оф топик во темата Каде да најдам/купам, сакам овде да се дополнам во врска со домашно подготвеното бадемово млеко, затоа што темава ми се виде најсоодветна од постоечките. Прехрамбената индустрија секогаш го става сопствениот приход пред здравјето на потенцијалните потрошувачи и тоа е ноторен факт. За еден продукт да има профитабилен рок на траење, мора да се облагороди со адитиви, по некој вештачки витамин и сето тоа да се замаскира со солидна количина шеќер. Комерцијалното бадемово млеко не е никаков исклучок од ова. Но, сепак шеќерот и додадените витамини не се најспорните состојки во овој продукт. Тоа е т.н carrageenan, доста контраверзен и дискутабилен адитив, кој во основа е екстракт од морски алги (полисахарид), а се користи како стабилизатор и згуснувач на самото млеко ( кое во најгголем % е вода). Постојат студии кои укажуваат на тоа дека овој адитив, разграден во гастроинтестиналниот тракт, индуцира инфламаторни процеси, улцер, а некои научници директно го етикетираат како канцерогена состојка кога се разградува во кисела средина (а желудочниот сок е високо кисела средина). Досега не сум нашла бадемово млеко што не го содржи овој адитив и затоа сама го подготвувам. Суровите бадеми ги оставам преку ноќ да накиснат (околу 8 саати) и следното утро блендирам (со филтрирана вода) и цедам (француска преса за кафе). Подготовката е лесна, а преостанатата пулпа секогаш ја користам во некое десертче, но признавам дека многу поудобно е само да го отвориш тетрапак пакувањето и да си додадеш млеко во кафе или smoothie. Ако некој открил навистина квалитено бадемово млеко, без шеќер и гореспоменатиот адитив, ве молам споделете искуства, а до тогаш останувам на мојот избор. А и од искуство тврдам дека тој што пробал домашно подготвено бадемово млеко, не се вратил на купечкото. Прво, воопшто не е ретко, а и можностите за експериментирање со вкусовите се неограничени: чоколада, ванила, јагода...
А колку ставаш бадеми и колку вода, отприлика? И дали долго може да се чува или подобро е да се испие истиот ден? Ќе пробам и јас правам, досега купував зошто соиното и оризовото не ми се вкусни, а бадемовото многу, ама не знаев за оваа состојка а и плус многу е поскапо од другите
^ Со претходниот пост не сакав никого да исплашам, но добро е да се знае што содржат некои навидум здрави продукти. Што се однесува до рецептот, ќе напишам како јас го подготвувам и како мене ми се допаѓа, но ти сама прецени си дали и колку ќе го прилагодиш на твојот вкус. Од многу испробани рецепти, млекото најмногу ми се допаѓа во сооднос 1: 3,5 (на една шоља, од 200 мл, бадеми - 3,5 шољи вода). Сега по ред постапката. Како што напишав и во претходниот пост, шоља сурови бадеми ги накиснувам* во произволно количество вода - колку да ги покрие. Најубаво е да отстојат мин. 6 часа ( најчесто ги оставам ~ 8 часа), но 1-2 пати во брзање сум ги оставала и само по саат време во вода, па сепак не се одразило драстично на вкусот. * Имено, идејата со накиснувањето на бадемите во вода е деактивирање на ензимите инхибитори кои ги содржи суровиот бадем и со тоа станува многу полесен за дигестија и асимилација,а расте и нутритивната вредност. Затоа препорачувам да не се прескокнува овој чекор многу често. Следното утро, се цеди преостанатата вода ( добар дел од истата, а може и скоро цела, бадемите ќе ја впијат) и се плакнат под силен мраз вода. Вака подготвените бадеми се ставаат во блендер и се додаваат 3,5 шољи вода. Се додава и засладувач по желба ( стевија, агаве сируп, мед ). Се блендира додека да се добие хомогена течност. На крај се цеди* *убаво и се собира во стаклено шише или тегла. Може да стои во фрижидер до 5 дена (ова го знам само теоретски, дома никогаш не ни престоело млеково повеќе од два дена, па затоа не гарантирам за последново). ** Во врска со цедењето неколку збора. Може да се користи газа, може и цедилка со ситна, метална мрежичка, постојат и специјални т.н nut milk bags кои се продаваат на Амазон, но јас преферирам со веќе споменатата француска преса за кафе. Чоколадно бадемово млеко: важи истата постапка, само при блендирањето се додава какао по вкус (2-3 кафени лажички се сосема доволни). Спрема какаото се регулира и количината на засладувачот. Бадемово млеко со вкус на ванила: разликата овде е малку екстракт од ванила, кој се додава при блендирањето, а уште поубаво е со семчиња од едно ванила гранче. Важно, да се избегне ванилин шеќерот, затоа што нема врска со ванила. Бадемово млеко со вкус на јагода: две шољи исчистени јагоди се додаваат при подготовката на млекото. Резултатот е фантазија. Мислам доволно е за почеток, м?
Јас направив бадемово млеко, успешно и вкусно! :up: го засладив со неколку урми, ги додадов и нив во мелењето на бадемите. Сега имам прашање што да му правам на 350грама крупно мелени такви исцедени бадеми - има ли некој проверен рецепт за мусли барс или по наше кажано бонжита не знам како уште се викаат? Знам има многу на интернет ама некој ако има искуство нека ми пише да не ги упропастам бадемите, а и со едно правење да ги искористам зошто немам многу време. Ви благодарам!