Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жива храна (сирова)

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од sunfemina, 15 септември 2012.

  1. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    KidA, уште пред да го поставиш прашањево, имав намера деновиве да напишам неколку рецепти за остатоците од бадеми (пулпата).

    Најчесто, правам мафини за доручек или брауни, а кога сакам нешто солено правам хумус или путер од бадеми.

    Инаку, многу голема доза си направила, единствено што во моментов ми текнува е да направиш колачиња. Еве овие брзо се подготвуваат, само што ти веќе имаш урми во пулпата, па можеш да ја намалиш нивната количина:

    http://vegan-magic.blogspot.com.es/2012 ... s.html?m=1

    Можеш да ги обликуваш и како мусли барс, добиената смесана хартија за печење, се оформува во правоаголник, се сече на мали правоаголничиња и се става во фрижидер убаво да стегне смесата. Рецептава трпи мали импровизации, па можеш да си додадеш и нешто по твој мерак - јас додадов малку овесни снегулки внатре и парченца какао како декорација од горе.

    Деновиве ќе напишам и други рецепти.

    Супер ти е идеата со урмите како засладувач :clap:
     
  2. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    Фала ти многу до-ре-ми, направив вакви бомбици и многу се вкусни! :clap:


    А со пулпата имав малку проблеми, со урми ми беше измешан само дел, и вчера не го ставив во фрижидер и денес беше расипана :( .. ама другиот дел беше во фрижидер и е ок, само што кај мене уште кога го правев млекото не испадна таква како на сликите сомелена туку многу погруба, еве слика


    На сајтот добив идеја малку да ги потсушам бадемите, и да ги премелам пак, така станаа поситни и многу убаво се направија бомбиците.

    Е сега, зошто имав еден куп пулпа, :D во другиот дел без да го сушам ставив овесни снегулки, брусница, суво грозје и мед, и по некој онлајн рецепт (од таа книгата за десерти со сирова храна) требаше да можам да направам барс, ама цела смеса беше ко ни течна ни сува, се распаѓаше а ако ја стегнеш пушташе течност (медот).. Накратко кажано не се споија состојките.. Ја ставив во фрижидер можеби ќе се стегне. И доцна ми текна ама следниот пат овесните снегулки ќе ги сомелам, така испаѓаат како брашно и си велам подобро ќе се соедини смесата.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_5168.jpg
      DSC_5168.jpg
      Големина на фајлот:
      351,5 KB
      Прегледи:
      174
    • DSC_5182.jpg
      DSC_5182.jpg
      Големина на фајлот:
      374,6 KB
      Прегледи:
      178
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    ^ Извини, дури сега го видов твојот одговор. Многу убава фотографија и многу убави излегле бомбците. :clap: :clap: :clap:

    А за штанглите (барс), требало исто така да ја исушиш или потпечеш пулпата, па потоа да ги измешаш состојките, мислам дека тука е грешката. Премногу влага имало во смесата, па затоа и потешко ќе стегне. Ако не успее и со стоење во фрижидер, направи си гранола од сместа - не ја фрлај. Ставам во спојлер, затоа што е малку надвор од темава.

    Гранолата не е суров десерт, ама пак е прекрасен појадок. Додади на сместа што веќе ја имаш, течно кокосово масло (за количината сама процени, зашто не знам во кој сооднос ти се другите продукти), измешај убаво и стави во рерна да се пече на 180 степени. Времетраењето обично е 20-30 мин, но во овој случај треба да се пече додека не испари сета влага и гранолата да стане крцкава. Се остава убаво да се излади и се собира во стаклен сад што убаво се затвора - со вакуумски капак и се чува во фрижидер или на суво и ладно место.

    А што се однесува до самата пулпа, исто и кај мене излегува и мислам дека е резултат на моќноста на самиот блендер (мојот е Филипс 600 W) a и на времето на блендирање.

    Тоа што гледаме на американските сајтови за сурова храна ептен ситна пулпа е затоа што таму е широко распростанет Vitamix блендерот (прав ѕвер меѓу блендерите). И јас правам, ко што сама опиша - сушење, па дополнително мелење во мултипрактик.

    Бокето на фотографијата е од сијалички на новогодишна елка? Многу убаво излегло. Стави ја фотографијава во темата Фемина Инстаграм :)
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    Фала многу!

    Ее, пак одлична идеја! Таман зошто сите овесни снегулки ги потрошив во тоа, а не ми остана за појадок :D Ќе пробам да направам! :)

    Важи). Не, вчера го прашував мм и тој не можеше да погоди како е сликана :) прозорот од кујна ни излегува на прометна улица, па само ја подадов со раката чинијата пред прозор и сликав (во вечерно време) (со објектив f/1.8 )
     
  5. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Хахха:D:D
     
  6. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Имате ли јадено во Јонташи во хром...да споделите искуство
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. klaoe

    klaoe Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Девојки, да ве прашам.. Во Буњаковец.. Тоа што е сурово и вкусно.. Е само продавница или може таму да се седне? Фала
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Надвор имаат масички за кога е топло времето, внатре имаат само пултче. :)
    Мораш да им го пробаш путерот од кикирики, најфеноменалното нешто ever! :smirk:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. klaoe

    klaoe Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Се сакам да пробам! Хехех
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Go procitav prviot post i ponataka e mnogu dolgo za citanje.
    Jas imam nekoj red na ishrana koj ni e vamu ni e tamu. Sama so godinite si go iskreirav i super se osekam.
    Sto jadam: site ovosja i zelencuci vo salatna forma bez salad dressing (obicno za dorucek).
    Smesno ama vistinito, trcam nasabajle na rabota i grabam od frizider edna krastavica, eden patlidzan, edna babura, a koga grabam ovosje toa e vo 5 mandarini, 2 jabolka, 1 banana....
    Supi i mandzi pravam Mk (toa pocituvam mnogu) samo malku vareni i mi se super.
    Testenini (piti, bureci, proja,spageti/makaroni) ednas godisno od se.
    Przeno ne pravam doma veke 20god, a si kasnuvam na gosti.
    Na gosti jadam sve za da ne gi navredam domakinite (ama retko idam na gosti).
    Ovesni kasi i site oblici ceralii ne gi jadam zosto po sostojkite sto go imaat sum doznala deka imaat po 10/20gr. seker vo 100gr. Toa otpaga sekako.
    Mafini, tori, blaga, americki gluposti (brauni.....) NIKAKO. Vidija nacijata kako izgleda ke ti bide jasno kolku toa cini za dusata da si ja trues.
    Jadam: surovo, vareno, peceno....
    Kisnam na Femina Instegram i stavam likovi na sekoja pripremena hrana (osven na mafini koj nemaat nikakva hranliva vrednost osven brasno i seker), ubava za pogledati, ama dali bi ja konsumirala ne sum sigurna.

    Nema unificirana prava iskrana. Sekoj so tekot na godinite si ja menuva i prilagoduva na sebe.
    Toa sto vi odgovara toa jadete go.
     
    Последна измена: 19 јануари 2016
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fitteen

    Fitteen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам суровата храна! Освежителна е и многу здрава! Гледам да сум минимум 60% во текот на денот на ваква храна, некогаш и 70-80%. Дефинитивно треба и ќе го зголемам процентот на внесување на ваквата храна, а и сега како се затоплува и доаѓа летото, нашето тело има се повеќе потреба од ваква храна! Не би можела да сум некогаш целосно на ваква храна fully raw, си бара организмот и нешто зготвено, чајче, компирче, гравче, тиква...ама барем 80% или 90% би можела :D. Сепак од ваквата исхрана има многу бенефити.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Сировата храна или термички не обработената може да биде многу опасна за здравјето, посебно ако се работи за производи од млеко како што е урда и разни други производи или месо. Месото доколку не е добро термички обработено знае да биде доста опасно посебно во денешни услови кога се купува од продавница каде неретко условите за транспорт и чување се неадекватни. Често се случува да мислиме дека внесуваме здрава храна а всушност да внесуваме бомба во организмот која може да експлодира во секој момент.
    Навистина не знам зошто сте толку убедени во исправноста на тоа дека сировата храна е поздрава? Има многу начини храната да биде здрава и термички обработена, доколку сакате вистински здрава храна тогаш вратете се на село и произведувате, вака апсурдно е да зборуваме за здрава храна која се прска со милион работи заради поголем принос или животните се товат со разни концентрати и замислете сето тоа да не го обработите термички.
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fitteen

    Fitteen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    ^
    Нормално дека никако животински производи! Тие и така се многу опасни и термички обработени а не па живи! Еднаш порано стасав до болница од живо млеко. И не верувам дека некој би јадел живи животински продукти, тоа е премногу опасно. Се мисли на жива храна како што е овошје и зеленчук, јатки и семиња... Има и растителна храна што треба да се обработи термички, сигурно нема жив компир или тиква, така да тие работи автоматски испаѓаат :)
     
    На Снегулк@23, SV1911 и crimson им се допаѓа ова.
  14. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    4.682
    дали може некој да ми објасни како се прави жив ајвар?
     
  15. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Само салати.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Храна што е малку или воопшто процесирана.Секоја храна мора да помине низ процесот на преработка ама разликата е дали во тој процес ќе се изгуби многу од хранливата вредност и дали ќе има поголем % на адитиви, шеќери и слично.На пример, овес најобичен ти е многу помалку обработен за разлика од кутија житарки со вкусови.Или пак бел леб наспроти леб од цело зрно(во првиот случај се елиминараат многу од здравите состојки во лушпата), истото важи и за бел и кафеав ориз.Или пак, ако одбереш некое конзервирано овошје, наспроти свежо без додадени шеќери и конзерванси.
    Исто и самото готвење на храна е термичка преработка и во овој случај не е негативно зашто не можеме сите намирници да ги конзумираме сирови, мора да се сварат/испечат и сл.На пример месото, не можеш да го јадеш живо.
    Или пак да пиеш непастеризирано млеко, штетно е и затоа мора свежото млеко да се обработи.
    Не знам Индијките што јадат, ама точно дека индустриски процесирана храна е полоша опција од помалку процесираната, и за здравје и за убав изглед.
    Само што секако дека во овој тип на храна не спаѓаат само "зеленила", постојат многу повеќе лесно достапни избори.
     
  17. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу што одвои време да ми одговориш :)
    Епа само зеленила ќе јадам сега :DDDDD Ееее доста ми е веќе, јас уште школо немам завршено а луѓето си мислат дека сум жена со деца... (facepalm):rofl: Ама не сите фала Богу :DDDD
    Ќе си го подмладеам ли ликот така со зеленила?:lol:
     
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Освен семките кои може да се сомелат и стават во јогурт или павлака, како и зеленчукот и овошјето кои не се термички или на било кој друг начин обработени, друго ништо не ми се допаѓа од овој тип исхрана. Здраво е, но, не и вкусно.
     
    Последна измена: 3 јули 2021
    На calm-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anchi♥️

    Anchi♥️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Темава ја отварам бидејќи гледам дека нема таква тема , а во последно време читам книги што се за сировата исхрана па некако сакам да почнам со таа исхрана
    имам хипо-хашимото па голема е веројатноста со ваква исхрана да се излечи во целост. Што мислите вие дали некој има со вакви искуства и дали може да сподели колку оброци има на ден и што конзумира. Јас од утре ќе почнам на овај начин да се хранам и ќе комбинирам заедно со автофагија,па доколку има и други што сакаат да пробаат може тука и да си објавуваме оброци и да споделуваме искуства
     
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.571
    Пол:
    Женски
    Влези во групата Здравјето од природата и во групата на Ален Додич, кај него е буквално се сирова исхрана. Не ти требаат рецепти, на пример имаш дома домати, краставици, авокадо правиш салата. За десерт најлесно урма, сок од портокал, банана, авокадо, бадеми, во блендер и правиш бомбици.
    За благо ми е ептен лесно, ама за солено ми е тешко искрена да бидам.
    Многу имам истражувано, читано на оваа тема и многу верувам во ваквиот начин на исхрана ама исто сум и за користење на суплементи во одредена мера. Ја следам и ги купив книгите на Хелена. Значи женава е немам зборови, има излечено толку многу луге од карцином, мултиплекс склероза, аутизам. Таа е мајка на деца со аутизам кои со нејзините протокли ги има излечено. Сум за суплементи затоа што како што вели и таа времето пред 100 год и сега се е загадено. Ги купив нејзините 2 книги ја чекам и третата. Сепак секој сам се одлучува во што ќе верува.
    Јас по сите искуства на Хелена лугето што ги споделија многу и верувам. Кај неа не е принцип сирова исхрана ама млеко, јајца, месо никако!
    Татко ми со исхрана се врати мегу живите. Месо, млеко, јајца, риба никако!
    На 80 % сирова исхрана е.
     
    На Anchi♥️ и deskarada им се допаѓа ова.