И јас откако ми се намали функцијата на тироидната жлезда и имам Хашимото се заинтересирав многу за таа исхрана и ја чекам да ми стигне книгата од Ален Додич, ама имам проблем ради Хашимотото постојано сум гладна колку и да јадам уште повеќе ми се јади, чувството за ситост како да не ми работи . Повеќе пати имам пробано да бидам на сирова исхрана ама ништо не ме заситува цело време треба да јадам . Ти дали се храниш со сирова исхрана?
Не сум сеуште на 100% сирова исхрана а и мислам дека повеќе време ќе ми треба да свикнам само на сирова. Па и 50 кг сум само се плашам на 40 да не преминам Во книгата на Додич убаво е објаснето зошто не смееме да јадеме месо и јајца, јас месо секако не конзумирав ама за јајцата откако прочитав не можам ни да ги гледам Јас не дека јадам месо нешто многу, дали еднаш неделно минимално, сувомеснато и паштети со години не јадам, ама баш она сирово 100 % не сум а баш би сакала. Само што може во Скопје се наога ама кај нас органско овошје и зеленчук нема за жал.
Извини убаво не сум ти објаснила Izgubljeno znanje i protokoli i Izgubljeno znanje i protokoli 2, тоа се 2 книги на Хелена Б., додека книгата Излечите се сами е на Ален Додич.
Во превод преварант што си измислува приказни за пари. Уште погадно па што си ги користи децата за таа цел. Ниту мултипла ниту аутизам се "лечат", од научен аспект. За да јадам сирова исхрана не ми треба книга, комон сенс е дека можам да направам салата или да намачкам авокадо или да смелам овошје. Само шо ај некој нека живее стриктно на салата. И веган да си ќе уклучиш рерна ќе зготвиш ручек. Со причина нашите предци сфатиле дека храната може и треба термички да се обработи. Нека не ве лажат самопрогласени исцелувачи.
Дај ми медицинско објаснување како се болестиве излечени. Лековите за болка, притисок, антидепресиви знам да прочитам како делуваат на проблемот. Сакам да знам за ова. Ама без глупости "па организмот си се бори сам" него онака детално.
Таа не е за сирова исхрана, погрешно си ме разбрала Хелена има принцип на исхрана, што нагласува овошје, зеленчук, дури има рецепти и со месо ама во мали количини. Ален Додич е на сирова исхрана, на крај секој одлучува во што ќе верува. Не ми беше намерата јас да убедувам некој, далеку од тоа, кој во што си верува нека прави.
Не сум јас медицинско лице, само ги читам книгите, она што еве Хелена го кажува е резултат на тешки метали во организмот, аман да не ме прогласите за некој продавач на книги по форумот
Ама чим веруваш дека болест како МС се лечи (значи не контролира) туку лечи со храна, значи или си лаик или сама го знаеш објаснувањето
Еве ти кажав не сум медицинско лице, што велиш лаик не познавач доволно на медицината, кај неа е застапено природна медицина со класична медицина за лечење, и двата принципа ги користи. Значи не би да те убедувам или да се објаснувам, има протокли на земање витамини, храна, цедени сокови. И јас не сум се исчитала, ама ја читам и следам. Јас кажувам она што ја читам, не велам така правете или верувајте и. На крај па човек во таква ситуација се ќе проба. Ама не може човек да ми каже дека пржена храна, месо секој ден, јајца, млечни производи се е здраво. На крај ќе кажам секој со своите убедувања. Ќе завршам овде со дискусијата затоа што стварно ќе помисли некој дека сум претставник на вакви книги па на процент да сум. Јас книгите ги земав поради моите родители.
Не зборам за верување, зборам за што е точно и зошто овие тези се штетни. Не ми ни беше мислењето против тебе, туку против авториве што тврдат дека нивниот начин на исхрана лечи од автоимуни болести до канцери до невролошки синдроми. Лажат. За исхрана, нормално, секој нека си се храни како му одговара, и јас експериментирам со исхрана само што ми сметаат модерниве наметнувања на вид на исхрана која демек 100% лечи.
Од каде ги нарачуваш книгите на Хелена и колку пари се? Леле јас на оваа исхрана никако не можам да се заситам , постојано сум гладна што да јадам за да ме засити? Може на секои 2 сати да јадам?
Да, со оваа исхрана јадеме колку сакаме и кога сакаме Има група на фб Mrsavimo zdravo uz protokol, таму ја има веб страната каде што порачав, двете книги ме фатија заедно со поштарина околу 90 евра. Прочачкај по групата има многу позитивни искуства, јас и верувам на Хелена, само кај неа не е се на сирова исхрана ама сепак има здрави совети според мене. Ако сакаш баш за сирова исхрана на фб кај Ален Додич групата на фб Излечите се сами, таму е сирова исхрана од него книгата е околу 1200 ден, има застапник за Македонија јас од него ја порачав. Ти скрос ли си на сирова исхрана? Бравос ако си преминала , се трудам и јас ама не можам до толку Инаку има група и кај нас Здравјето од природата, ама ако прашаш нешто во групата оној администраторот може и да те затепа па и не ја следам баш од таа причина, едно идиотско никакво понашање, ама сепак и таму има фини кои објаснуваат, мислам Билјана се вика една од администаторите ептен фина, љубезна и се објаснува.
Да член сум и јас во групите, сеуште не сум премијата 100% на сирова исхрана но голем предизвик ми е и мора да успеам, баш прееска гледав видео дека прво треба да направамиме детокс на организмот барем 3-4 дена па потоа полесно било да се премини на таква исхрана. Има премногу токсини во нашиот организам што ни бараат шеќери па мора прво од нив да се ослободиме за да не чувствуваме толку интензивен глад. Јас имам и готвени оброк во денот.