Живеење во заедница со баба и дедо

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од christinnn, 30 мај 2015.

  1. christinnn

    christinnn Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    13.867
    Пол:
    Женски
    Темата е отворена за да се разгледа заедничкото живеење од аспектот на децата, не само од страната на мајката која живее со свекрва и свекор.
    Дали вие сте живееле или живеете заедно, дали сметате дека би било подобро да живеевте одделно и кои се позитивни а кои негативни страни?
    Јас да си кажам за мене.Одкога сум родена живеам со баба и дедо.Како мала не ми сметало воопшто, но сега со тинејџерскиве години започнува премногу да ми смета, баш затоа што живееме во трособен стан а и тие се со нас.Уште поглупав ми е фактот што имаме уште еден еднособен стан кој би бил совршен за нив, ама ете не сакаат да не остават на рает.Како што стареат стануваат се подосадни.не слушаат, се развикуваат на сите страни, брзат, наметливи се, не те остават да дишиш буквално.Овие денови не можам да се наспијам баш поради фактот што во 10 часот сабајле развикуваат, па едниот не слушнал, па се скарале, па се лути, па дека се лути едниот доаѓа во дневната каде што си седам ијас си гледам телевизија и ме замара за нивната караница.Па цело време кај одиш, што одиш, што јаде, како јаде, не си облечена бла бла бла бла бла..Не дека не ги сакам, даалеку од тоа, ама ете веќе период е каде што сакам малку од малку сама да останам дома, смачено ми е постојано да се кријам, да не набројувам колку непристојни работи ми се имаат десено од тоа што влегуваат во соба без да тропнат, и ја оставаат вратата отворена од тоалетот.Сакам приватност малце, ама излеа тие и глуви и слепи се.
     
  2. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    лелее ужас , за мир у куќа секој на страна да си живее, децата вградинка , стварно не можам да живеа во таква заедница , мене и сестра ми мајка ни не огледала , баба и дедо си уживале странство и си уживале , сега се стари и и се тупнаја на нАмајками да ги догледува цццц
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Ма какво живеење со баба и дедо,само одвоено,секој свој дом а бујрум на гости само и ептем кога треба помош.Во некои држави е забрането живеење во заедница.Во Шведска секое дете мора да има своја соба а не како кај нас калабалак.Убаво е да имаш баба и дедо во село некаде па за летен одмор да отидеш на кратко ама под услов да имаат интернет и цела оваа модерна технологија.
     
  4. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    2.509
    Пол:
    Женски
    Ziveenje so baba i dedo...uzas...loso mnogu loso
     
    На crazylady, joy1 и Kukla994 им се допаѓа ова.
  5. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    45.410
    ...ne e loso dokolku si gi drzat muckite zatnati, a ako se kako moive so mnogu dolg jazik, Bogami preloso e |( ( inaku ne ziveeme zaedno ama preblisku sme :lol:)
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    56.300
    Пол:
    Женски
    А демек тие на село не слушнале што е интернет и модерна технологија, тоа привлегија е само на граѓаните.|(

    Во Мк е нормално да се живее во заедница, нормално е младите да се шетаат, да уживаат додека родителите им ги чуваат децата ама во меѓувреме тие истите млади не размислуваат дека децата еден ден ќе пораснат и дека и они треба да им обезбедат покрив на главата како што нив им било обезбедено.
    Децава си растат и нормално дека во двособен или трособен стан си пречат едни на други, родителите веќе не им требаат како помош (освен пензиите) и стануваат терет во сопствениот дом.
    Децата како @christinnn ги наоѓаат старите виновни што не сакаат да ги оставаат на раат а не размислуваат зошто нивните родители не си обезбедиле сопствен дом настрана од старите.
     
    На Magnolija, marija.980, galapce и 9 други им се допаѓа ова.
  7. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Женски
    Оф....на оваа тема богами имам што да пишувам.
    Живеев со баба и дедо како девојка, сега пак имам уште едни во куќа.
    Мојот дедо е прекрасен човек, збор лош нема да ти каже, ако не му дадеш да јаде нема да побара, ке си земе пиперка една,сол и лебче супер е за него. Аама оваа старата вреди за 10.
    Има бронхитис, дебела е 130 кила едвај седи не па да се движи и како врв на се, доби кила.
    Доктор и вика не јади, обиди се да ослабнеш, движи се малку она само седи дома и мува. Како еден што јаде она 5 пати. И цело време збори како мајка ми не знае да прави јадење, а она никогаш нема направено ништо. Ќе и принесеш јадење и одма почнува па ладно ми давате, нема месо, не е солено, дај ми сол, дај стани донеси ми туршија....
    Пуши како турчин, 2 и пол па и 3 пакли дневно. Па кога ќе почне да кашла ни рака да стави, ништо... гадна до немај каде. И седне на маса после ручек ке пали цигара и заспие. Значи дома чаршав не може да се купи и да остане здрав, све ги испогоре. Теписоните исто.
    Па се поти, мириса гадно. А вулгарна е крајно. Ќе ми дојде некоја другарка и оваа веднаш ќе седне да слуша што се збори и ги прашува имаат ли дечко и секс :fubar:
    Маж ми кога дојде се сеќавам прв пат кај мене и оваа го начекала на само надвор и го прашувала дали е нежен со мене....

    И што е најтрагично, имаат посебен спрат со дедо ми.5 соби има горе... не, она тука со нас. Горе иде само за да спие. Користи една соба а мајка ми и татко ми спијат во дневна. Ама не дава да и се зима соба да направат спална.
    Вика кога ќе умрам правете што сакате сега не може да ме избркате.
    И кога ќе почне мајка ми да се кара со неа она одма плаче... ќе си одам горе,више нема да дојдам тука и никогаш не си иде. А све има, шпорет , кујна, фрижидер... ни прегоре еднаш фрижидер не ни дава да го користиме нејзиниот, нов сакала да и биде, на плин моравме да готвиме.:headbang:


    Ај за мене мал проблем избегав од неа, ама тука па имам обратна ситуација имам дедо тежок случај.
    Жал ми е за мајка ми, татко ми никогаш не застанал на нејзина страна, да викне на мајка му, да ја брани мајка ми, ништо само си молчи.
    Мајка ми па сирота 20 години ја трпи. Ја почнам да и се дерам она ме смирува, немој те молам ќе каже на татко ти.
    Е овој дедово тука што е нема да си помине така лесно, ја не сум мајка ми, ја нема тој таа среќа. Друг пат ќе пишам за него ако ми текне, до тогаш ќе го стројам :punch:
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Petar Pan

    Petar Pan Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Машки
    глупости
    освен ако нема некоја добра причина или здравствена потреба,
    нема зашто да се живее во заедница со своите родители а камо ли пак со баба и дедо
    глупости
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    56.300
    Пол:
    Женски
    @SelinaKyle а тој дедото што му спремаш:punch: и да го стројиш ти дошол тебе дома или ти нему си му отишла во куќата?
    Како бре ќе станувате мајки и ќе воспитувате деца кога немате ниту основно човечко чувство, ќе строела стар човек........... срамота.

    Затоа треба да имате нешто пред да стварате семејство а не моите ќе ми купат количка, твоите креветче и многу убаво ќе ни биде само уште сите да си излезат од сопствениот дом за да ви биде на вас убавКо а не да морате да строите стари луѓе.

    Тоа ти се вика ем шуто ем боде.:^)
     
    На Orthophill, eli25, Magnolija и 14 други им се допаѓа ова.
  10. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.325
    Пол:
    Женски
    Јас живеам со баба.. Ама добро мене баба ми ме изгледа. Пред да почини мајка ми се сеќавам дека сепак имаше помеѓу нив караници, несогласувања, но бидејќи баба ми е вдовица и сама и со нас живееше. Од како почина мајка ми, баба ми буквално не израсна. Значи ме капеше, ме носеше на училиште, по родендени.. И сега сеуште на нејзините 81 година, пере, чисти, готви, се се се прави дома таа.
    И сфаќам дека е стара, и има стари сфаќања и малце и таква е жива се лути се нервозира и често се дериме по дома и често ме нервира до смрт, ама засекогаш ќе му сум благодарна и ќе си ја сакам . :inlove:
     
    На eli25, krEM4Eto, galapce и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    5.083
    Пол:
    Женски
    Ние не живееме со баба и дедо. Дедо ми е починат од на мајка ми страна. Само баба ми ја имам. А со неа пораснав. Ме чува од бебе. И ја сакам премногу. А од на татко ми страната, баба ми е почината, и само дедо имам...
    :)
     
    На Mina_Z му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Женски


    Значи куќата у која живеам сега е направена како зграда и секој си има посебен влез и спрат, ама заеднички двор. Свекрва ми не е тука и свекор немам и они сами живееле тука, бабата и дедото со внуци.
    Мислам куќата е правена за маж ми, брат му и свекор и свекрва,3 спрата... бабата и дедото си имале стан. И кога свекврва ми се развела од мажот , тој ги викнал да дојдат да живеат у куќа, да му помагаат да чува деца. Ама по кажувањата на маж ми и деверот никогаш не им помогнале за ништо. Они им плаќаат сметка за струја, вода. Бабата требало да готви па и текнало дека неможе и татко им секој ден ги купувал кифли, тостови, пици и сл.

    И ја никогаш му се немам ни развикано, ни увредено, значи секогаш се однесувам со најголема почит кон него и со најголемо трпение. Не сум морон како што ме замислуваш.:|
    Само не сакам да ми оди од инает и да на секоја моја постапка да враќа спротивно. Значи ќе му кажам не прави така дедо, он вика нема проблем извини и пак прави исто, или дупло.

    Дворот кога дојдов беше како Сахара.
    Ја трудна копај, сади свеќе , трева... да заличи на нешто.. и на овој дедово тогаш му текнало дека он е уствари градинар и фати секој ден да ми копа у цвеќе да не раснело трева и да ги полева со вода. Најкултурно му реков немој почнаа да се сушат од вода, вика ако нема проблем, извини. Утредента доаѓам од работа он го полева цвеќето .Се налутив и му викам зошто бе дедо сите ми ги исуши? Вика па цела недела ги немам пипнато (facepalm)

    Оградата беше бела и со тек на години она р'ѓосала. Купивме црна фарба со маж ми и ај ќе фарбаме. Цел двор, сите тераси... по недела дена доаѓам дома, гледам бела тераса:drunk: Вика па црна е боја на жалост, ние сме христијани не сакам да е црно.

    Имаше стар автомобил во гаражата и го продадовме на еден човек. Му текна на стариот дека имал клуч за одвртување во него ... 10пати ни рече да сме му го вратиле клучот. И на крај сам отиде да го бара :lol:


    И се качува кај мене , влегува додека спиеме си бара у кујна работи, лукче му требало, сол немале, салата ке правел дали имаме нешто, алишта сум просирала он се качи и ми ги собира, не било добро у ноќ да се сушат, па како бре гаќи ке ми фаќа стар човек ке ми собира.. светло сме оставиле да ни го изгасне, ќе дојде некој он одма се качува да се запознае, ми дојде пријателка овој дојде и седна со нас ја прашува која е , од кај е....пријател некој ако дојде а маж ми не е дома овој одма му врти да му каже. Ѕирка од прозор...како селска жена е.


    Не барам ја никој ни количка ни кревет да ми купува. Ако сум решила дачувам дете значи и дека имам со што да го исчувам. Морална поддрша ми треба признавам,млада сум многу. Ама финансиска не.
    И никој нити бркам од дома, ни ништо.
    Не му мислам ништо лошо, само секојдневно му укажувам на работи што не треба да ми ги прави и он си иде по негово.
    И со тоа ќе го стојам не мислев толку стого да се изразам, или клуч на врата или не му зборувам па нека се снаоѓа.
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    70.908
    Јас живеев со баба и дедо, среќа мајка ми некако не извлече од таму и се преселивме на друг спрат.
    Тогаш многу нервози правеа, и на мајка ми, а и нас, се што ќе направевеме не кажуваше на мајка ми, а понекогаш немаше врска кажаното. Ми ги бркаше другарките, ми влегуваше у соба кога сака, ме откриваше да види дали спијам... и можеби ништо од тоа не било со лоша намера, ама мене тогаш ме нервираше.

    Дете не треба да живее со нервози од старите, старите не треба да бидат слуги на младите и да им ги чуваат децата или да трпат гласна музика од внуците. Стар човек сака да си дремне, да си прдне, да се одмори, да си каже, да се пожали, да се развика и да гледа телевизија најгласно. Тоа сака. Децата не сакаат така, и ете сите нервозни. Три генерации на едно место, колку и да сакаш, не оди. Сите треба да се повлечат за на другиот да му биде убаво и реално, на никој не му е.
     
    На krEM4Eto, IronLady, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  14. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    7.609
    Пол:
    Женски
    Јас живеам во куќа со моите и баба и дедо на првиот спрат.
    Не дека нема кавги, досадни се, препрашуваат и тоа ме нервира страшно. Ми олеснува кога ќе заминат на село по неколку дена малце живот, слобода хаха... Ама знам и кога ми е досадно да си слезам кај нив на кафенце и со саати да си правам муабет со нив.
    Не ми сметаат воопшто дека сме во иста куќа, само има некогаш периоди кога сум лошо расположена, си имам и јас свои проблеми тинејџерски што тие не можат да ги разберат и секако дека ќе настане кавга, ќе препрашува, ќе ти докажува дека си млада за толку да се нервираш... Ама тоа е тоа, навика, дел од секојдневието.
    Со нив сум израсната, само јас и брат ми од сите внуки сме им пред очи секој ден. И би ми фалеле да не се тука.. :)
     
    На Mina_Z му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Ни со нив, ни без нив. Се распрашуваат коментираат клеветат а нема никаква врска. ќе дојде некој одма тије да видатт кој и што е, и се им смета од постапките на родителите :3
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    12.266
    Пол:
    Женски
    Ке зборувам од аспект на внука. Живееме заедно со баба ми, дедо ми е починат одамна. Таа е душа од човек, толку не сака, не разгалува, ни помага... Има повеќе од 80 години, а за што и да ја замолам нема да ме одбие. Иако одамна не сум дете, сеуште ме третира како принцеза. Да, знае да биде досадна, напорна, да не дослушува, да си тера по нејзино, да "не и работи филтерот" што пред кого треба да каже и слично. Понекогаш знам да бидам нервозна и нетрпелива со неа, ама потоа ми е жал. Многу си ја сакам и ужасно ќе ми фали еден ден кога ќе ја нема. Се надевам дека ќе биде со нас уште некоја година, па и на моја свадба да заигра :)
    Баш ми е криво за сите неубави работи што сте ги напишале погоре за вашите баби и дедовци и што немате убав однос со нив :(
     
    На Rama, kolovoz, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.675
    Пол:
    Женски
    Ne sum zuveela zaedno so baba i dedo,bevme deleni od kako sum se rodila.
    Koga ziveev vo selo odev cesto kaj niv a bratucedami sekogas mi vikase uff samo se karam so baba,ne me ostava da smenam kanal sami vesti vesti,ne dozvoluva da naprvam ova ona,da odam kade sakam i sl......sekogas se kaara se rasprava.
    Koga smenivme kujca otidovme vo grad togas odev poretko a baba sekogas me vikase,od kako se mazi bratucedami ostanav samo jas vnuka koja ne bese mazena i sekogas se lutese ako i kazev nemozam da dojdam :( iskreno i sakav da odam i ne :|
    Se znaese 9vo krevet(a jas sedev kasno so filmovi) taa go isklucuvase tv i spiejne i celo vreme vesti gledase :|
    Roditelite od mama pocina kako pomala koga bev iako uste se sejkavam ama za roditelite od tato bev dosta pogolemka i poveke vreme minuvav so niv.

    Razbiram i karajne so starite tie po nivno nie po nase sakame,ama iskreno sega mnogu mi falat :( znaevme i da se luteme i da se smeeme :). Aaahhh taka odi toa se so red.
     
  18. Dalida♡

    Dalida♡ Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Ахх баба и дедо колку ми фалат, живеевме во ист двор но посебни куќи, баба беше многу разумна и нежна жена, најубава старица, а дедо секогаш се смееше под мустаќи и се правеше дека е лош а имаше најмеко срце, имам најубави спомени од нив, исто и на мајка ми родителите се починати, и они премногу ми недостигаат.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.389
    Пол:
    Женски
    На ќерка ми баба и и и е повеќе од мене. Дедо и и беше се затоа што не растеше со татко. Мајка ми сеуште и носи јадење во кревет :envy: морам вака немам друг излез.
    Старите не се на одемет, топло, зготвено, подзачистено, дете згрижено. не ми пречи ама тешко мене кога ќе дојдам од работа како две јатрви се, јас сум слушателот секој ден кому му се Дига притисокот.
     
    На Maceto123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. senza.parole

    senza.parole Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.035
    Допаѓања:
    19.179
    Пол:
    Женски
    Сме живееле со баба и дедо (од на татко ми страна) и тоа со триста маки.
    Иако на посебен спрат, проблеми со нив еден куп. Долга и широка.
    Многу одамна се иселивме од таму.
    Не комуницираме со нив, нека се живи и здрави, ама јас неќам очи да им видам.

    Од на мајка ми страна, баба ми и дедо ми се срциња најголеми. Најдобрите луѓе што ги знам.
    Криво ми е што не живеам блиску до нив, па не можам да ги гледам често.