Моментално живеам во куќа од околу 180 квадрати, на 2 спрата. Шест члено семејство, иако не е мал простор пак е тесно. Не гледам потреба од многу голем простор, прво што ми паѓа на памет е дека е тежок за одржување, бара чистење многу повеќе. Има некои луѓе градат огромни куќи на три спрата иако не живеат многу луѓе тука, тие си знаат ама јас тоа воопшто не можам да го сфатам. Мислам дека супер би ми бил простор од 80-90 квадрати најмногу, било да е куќа или стан (преферирам куќа бидејќи сакам двор). За мене, либе и едно дете можеби топ е мислам.
Средна големина. И по можност на еден спрат, да не треба нагоре надолу цело време да се оди. И мн ми е важно да има тераса и/ли дворче.
Не сакам ни многу мал, а ни многу голем простор, некоја златна средина. Јас сум израсната и цел живот сум живеела во стан, 4 члено семејство бевме во 75м2 и таман ми беше, си имав своја соба и приватност. Сега од кога се омажив дојдов во куќа и на почетокот многу ми беше нефункционално и чудно, башка што вц-то е надвор, тоа ми е ноќна мора и сега сме во фаза да делот од дворот што води до нашето вц го направиме како мал ходник и да биде како внатрешно. Моментално сме во две соби (спална и дневна со кујна споени) јас, маж и дете и океј ми е за чистење и одржување, и не ми е тесно. Сега е уште мало детето, ама за некоја година ќе треба да му ја средиме и неговата соба, тоа ме радува само што после играчките нема да ми бидат расфрлани низ дневната, ама ќе имам плус простор за чистење.
Се преселивме во стан, претходно кај мајка ми и свекрва ми во куќа бев. Чистењето ми беше смрт. Квадратура голема а само едно веце. Станот сега ни е доволен за нас двајца возрасни и едно дете. Спалната ни е заедничка моментално, едната детска соба е работна соба на маж ми а едната е игрална на синко. Во иднина како ке се распоредат собите ке видиме. Имаме веце и купатило. За чистење мерак. За 30 мин цел стан го поминувам со правосмукалка, украси немам и прашина за 20 мин бришам. Купатило и веце за 30 мин се гланц чисти. Би сакала да живеам повторно во куќа. Ама да си купиме плац нов и куќата по површина не повеќе од 100-120 кв и двор огромен. И сега не ни е тесно ама спалните може да се поголеми. Двор ми фали премногу.
Моментално живеам во стан околу 50кв.(привремено-студирам) и ми е океј, но како постојано живеалиште не би избрал стан, не поради големината, туку поради дворот, со пандемијава сфатив колку голема придобивка е да имаш двор(со моите живееме во куќа 200кв), да можеш да се напиеш кафе, да испружиш нозе и сл. Така да една помала куќа(townhouse style) и интимно дворче би биле супер за во иднина.
Имам живеено и во помал простор (гарсоњера), сама и двајца, а исто и во огромна куќа (300+ квадрати) со огромен двор. Куќата ни е огромна, 2 спрата за живеење, таван и подрум огромен. И на двата спрата има дневен престој со кујна, што според мене е непотребно, и за секој има по една соба. Мене оваа соба за сама ми е голема, ама за со бебе е баш таман. можам да го рашетувам низ соба, дури има простор и со количката да го развозувам. Како недостаток на големиот простор би рекла дека е чистењето, како и тоа што е потребен многу мебел за да се опреми сето тоа. Мже ама баш се` да собере, што значи дека имаш се`, и тоа што ти треба и тоа што не ти треба т.е. премногу облека што веќе треба да се фрли, ама се чува за секој случај, еден куп зимници складирани во подрум, велосипедите што веќе не ги возиме и многу други работи. Голем бонус се терасите. Во станот имав само тоа што ми беше неопходно, и мислам дека ми беше сосема доволен. Само ми недостасуваше голема тераса и дворче. Да можам да бирам, би избрала помала куќа со поголем двор.
Во спрат куќа од 70 и кусур кв. Без терасата јас, маж и две деца, таман ни е си имаат децата своја соба, ние спална, дневна со кујна голем ходник и купатило.
Dovolen mi e prostor od 70-80 kvadrati za 4 cleno semejstvo , plus e polesno za cistenje I zagrevanje.
Секој член во семејството да има своја сопствена соба, па макар и мала. Тој сопствен мир е непроценлив. Го имав дома, и во иднина би целел кон нешто такво.
Моментално живеам во стан но имам живеено и во куќа. Искрено не ми фали воопшто куќата зошто не сум тип на човек кој го користи многу. Имавме огромен двор а јас пак времето надвор го поминував на тераса. Стан до кај 70 квадрати сметам дека е идеално за мене.
исто,само во куќа сме прекомотно е,но за чистење е хорор колку пати додека чистам си мислам кој ме тераше волкав спрат само ради ова ми е мачно но неможам да се замислам во мало...
Сакам голем простор, сум живеела и во мал, но ме гушат мали простории, поготово ако се натрупани со украси и небитни ствари. Куќата ми е околу 300+ квадрати и ми фали уште една просторија од 30м2 за да ставам ствари кои не ги користиме често. Чистењето ми е малку проблематично ради прозорите, а за другото не ми е проблем бидејќи е во минималистички стил, не ми е натрупано.
Кај моите живеев во куќа. 2 спрата + приземје + кров. Мислев дека ќе ме 'гуши' во стан, ама не. Многу поубаво ми е. Практично. Лесно за одржавање. Душа дало за мрзи ко мене
Живеам во стан со една спална соба,сега пренаменета во детска. Се кичмиме јас и сопругот на кревет за пуштање(на саглам душек не сум спиела во живот затоа на деца им оставив соба).Немам доволно гадеробери за сите партали што ги купуваме,ама со цела душа од работа прво дома ми се доаѓа.Не е важен просторот колку што е важна атмосферата.Во кутивче да си мир да имаш,доволно е.
Стан. Помал простор. Ненатрупан, но среден со карактер. Битно ми е со сопругот да имаме своја соба и секако, исто така и детето. И една тераса со добар поглед. Останатото не ми е толку битно, само да е солидно уредено.
Во помал дефинитивно,да можеш да го организираше како што сакаш,ем мало ем топла атмосфера.Никкогаш не сум сакала големи простори и простории,секогаш ме асоцирале на нешто ладно.А за разлика од помалите секогаш гледам среќа.
Моментално живеам во стан од 100 квадрати со три спални а сме 3 члeно семејство. Како дете живеев во куќа на два спрата со голем двор и супер беше додека растев да растам во двор. Ама за одржување куќата бара многу напор. Така што сега живеам во стан. И бирав стан ама во град (наместо за тие пари куќа малку подалеку) зашто имам некое многу нестандардно работно време и јас и маж ми па поедноставно е за организирање ако сме поцентрално лоцирани. Е сега не сакавме да се откажеме од простор и кога баравме стан бевме без дете, ама во фаза на правење на дете и решивме дека ни треба поголем стан каде што ќе има барем две спални и една работна соба. И сакавме собите да имаат нормална големина. Како млад брачен пар живеевме во стан со една спална и тесно ни беше односно тешко ни беше да се организираме да работиме без посебна соба (двајцата често работиме од дома). И ај тргнавме и со помала квадратура ама некако собите мали ни се гледаа (кога ќе се извадат 3 спални во 80 квадрати нешто мало ќе биде или дневната или спалните). На крај завршивме со стан во кој има голем простор за дневна, кујна и трпезарија (рушевме ѕидови за да споиме кујна со трпезарија и дневна по лична желба), две спални и една работна соба, надворешна остава, внатрешен простор за гардеробер и две купатила. За чистење е малку напорно ама како успеавме да го наполниме со ствари си викам во помал стан немаше да можеме да се снајдеме. Можеби и јас сум навикната на простор па си барам простор, ама во помал простор не би можела да функционирам. Сега кога беа затварања за КОВИД и слично баш ни се најде балконот каде што имаме убав простро за седење можност да направиш скара, детево имаше простор да трча низ соби и да троши енергија, имаме голем влезен простор каде што се играше фудбал и слично. Мене лично ми значи простор.