Во помал простор, поекономично и поефикасно за оддржување е. Секако, секој да има свое катче, па макар и малечко. Преубави идеи има онлајн, како да се организира мал простор, дури и најмала соба максимално да се искористи а сепак убаво да изгледа.
90 квадрати, 5 члено семејство. Супер ни е. Лани ме фатија бубачки дека фали соба, ама и вака ми е убаво. А и 2 кучиња имам. Лесно за чистење, голема дневна, собите се комотни. Има широка тераса и двор. Одлично
Колку повеќе има, толку се повеќе бара човек. До пред некој месец бев во стан од 72 квадрати. Сега сме во куќа на два спрата со плус тавански соби. Кога почнав да се средувам во куќата, ептен се раскомотив си велам куќа и на крај пак велам нема место за се. А во станот се ми беше под конец складирано, се на дофат, стварно потесно ама се можело и со малку. А сега на 100страни крај не можам да најдам.