Па нормално дека крави молземе.Се будиме во пет,облакаме чизми,маж ми зима кравите јас овците и на планина.Кога ќе завршат со пасење се враќаме и на ред е молзење.Нормално тој дел го оставам на маж ми ипак мажите се повеќе по цицките.
Сериозно уште постојат вакви исфилмани (без навреда) како тебе Јас мислев во основно само соучениците 2000те години дури не пркнат вака размислуваат....
Членкава ваљда нема искочено од гратчето во Македонија па мисли дека село е понижување. Си го сакам местото на живеење, блиску ми е скоро сѐ, а не е пребучно, иако мислам дека најидеално би ми било малку понадвор од град. Обожавам села, ама за постојано живеење не би се вклопила.
Дел од мене сака да живее ван град (а сепак многу брзо досегливо со возило) - мир, тишина, голем двор, природа, градина со плодови, животинки... Дел од мене сака ултра градска атмосфера - луѓе, кафиќи, продавници на секој чекор... Мислам дека повеќе сум за првото, но ќе видиме.
Ја разбирам донекаде членката. Кај нас многу села се уште немаат канализација. Немаат ни инфраструктура. Немаат апсолутно ништо за еден млад човек да посака да живее на село. Да не правам муабет што покрај секое село од сите страни има диви депонии. Имам роднини на село. Едно време се занимаваа со сточарство. Од толку што се исплатеше, се продадоа и заминаа на печалба. Ништо не прави државата за развивање на земјоделието и сточарството. Кај Струмица малку е поразлична сликата во поглед на селски живот, ама западниот и северниот дел, никој не се грижи за тие села. Да не зборувам за најмалите што имаат никакви услови за образование. Доколку не се работи за Македонија, подобро би живеела на село. Со текот на времето, градскиот метеж почна страшно да ме нервира. Сакам тивка, чиста околина.
Јас би живеела во село па и би си молзела кравички ако имам, зошто да не. и би си посадила бафта, би си гледала зеленчук и овошки. Би си купила по некое коковче, би си уживкала. Во некои моменти фантазирам да имам некое местенце далеку од град, далеку од цивилизација. Да живеам спор и едноставен живот. Засега не е возможно, но можеби некој ден ќе ми се исполни.
Ок, а кога врне не пропаѓате во кал? Често има вакви проблеми во село, еден дожд и кал, поплави, во град не е така, град има многу повеќе предности од село, загреота е во 21 век да се живее во село и без цивилизација (без навреда)
Девојче упорно пробуваш да навредиш каква без навреда пишуваш.Не,не се давиме во кал на 600 надморска висина водата ви ја праќаме на вас.Имам одвод довод улично сите улици асфалтирани.И не сме ние затреота вие сте,се угушивте во магла и смог.
Пред некој месец во центарот на Скопје се давевме од дожд. За загреота не знам, сè си мислам дека други работи се позагреота.
Едно време живеев во една населба на Скопје, градска нели, на секој дожд дворот ми се поплавуваше. Тротоари немаше, искршени беа па по улица се пешачеше. Толку нечисти беа улиците, во вир ако цапнеш панталоните и чевлите со мрсна кал ќе ти беа. Сега па во центар на градот живеам, смрди корне воздухот по цел ден. Цабе цивилизација кога канализацијата под зградава избива цело време од што цивилизирани луѓе се и свашта фрлаат во шоља па измет на сите страни шика. Не знам зошто би било за греота да живееме во село. Не дека во град е многу нешто урбано и чисто. Низ Дебар маало помеѓу две зградички простор од метро полно со ѓубре, полно до горе! На ниеден од станарите од двете згради не му текнало да земе да го исчисти, под џам му вирее смрдеа.
Пре би избрала зеленило и природа но навикната сум во град да живеам и сета брзина, пристапност и фреквентност што ја носи градот и од таа причина би ми било тешко негде на периферија да се навикнам.
Сакам додека сум млада да имам опции, затоа претпочитам поголеми градови. Кога ќе остарам сигурно ќе сакам да сум некаде на мирно место со бавчичка, чист воздух и далеку од сите. Со годините се менуваат потребите, темпото на живот, а со тоа и желбата за промена на местото на живеење.