Имаш некогаш стапнато во село? Срамота е ова што го пишуваш и мислиш дека таму луѓето живеат ко во 15 век.
Имам, ама очигледно во тоа село 15 век се, затоа што така беше немаше пат, дожд и кал и се е далеку, и продавница да имаш е дупло поскапа од тие во град плус нема секогаш се а во град се има, а ти што имаш против живот во село? Имаш напишано дека не би живеела ако не сум грешка
Пишав дека не би се вклопила за постојан живот, бидејќи моментално во оваа фаза од животот имам други приоритети. Инаку со недели па и некој месец слободно можам да седам. А замисли во тие села што сум била, никаде нема кал до колена, има канализација, вода, струја итн...
Во кој град во Македонија има се, жити се? Луна парк немаат децава да видат што е, панаѓур незнаат што е, во цело Скопје, 2 кина има, театар замрен во цела држава. Маркети за тебе е имање се или трговски? Си видел градови како Љубљана, Цирих, Солун итн како изгледаат? Тоа за мене се градови што имаат се. Во држава во која од една до друга најдалечна точка, ти требаат 2 ипол/3 саати со кола, воопшто не е битно кај живееш. Државата е крива за оваа централизација, што све направија да биде во Скопје. Мене Скопје секогаш ќе ми е во срцето, ама стана многу гаден за живот. Нешто ситно повеќе можности што има од Охрид, Битола итн., иначе не е ништо посебен, а да се разбереме е далеку од некаква невидена метропола. Јас сум иселена од таму во помало место и да, зачудувачки ама има и други од Скопје доселени ваму. Незнам во кои села си бил што биле до тој степен неразвиени, ама селава во Македонија кои се населени, ретко се такви. Во еден Галичник и Ростуше немаш неасфалтирана улица, не па некое друго. Скоро секое село што го гледаш да живее, е претежно блиску до некој град. Во државчево не гледам некоја невидена разлика помеѓу градовиве и селава, зошто ништо посекако не е развиено. Цело Скопје улиците со дупки се, крпи закрпи. Скопје до сега во последниве 5/6 години неколку пати се поплавува, ако гледаш на поплави и кал, како нешто селско.
може ги гледала селана од Народни приказни кај шо идат со магаренце сегде и по истрошени калдрми хахаахахха
Да, да, веројатно, а и според неинформираноста за околината, има шанси да мисли и дека Колозов е жив. Срамота е колку мало државиче имаме и не знаеме како живеат луѓето надвор од Скопје. Уште па и убедува дека Тошо со гом***ката ми иде еднаш годишно јамата да ми ја чисти.
Еве извини, а вака од се што ти пишав само ова ти беше битно? Не можеш на човек со сила да му дадеш ум, тоа е
А која е предноста? Пошто постои превоз коли имаат тие по селата де не одат со кочии. Можеш кога сакаш до градот да одиш.
Како што ти не можеш на човек со сила да му дадеш ум, така и банални работи не би да објаснувам, доволно се изјаснив на темава
Очигледно си дете некое пошто возрасен човек вака не размислува. И што е најсмешно овие ваквиве ко тебе што мислат потекнуваат од некој пич*евац и сега глумат големи ГраЏани. Пораснав во градот сега живеам на село, кога сакам одам до град шетам...Дој во мое село да ги видиш вилине со базени и "калови до колена" без канализација.
шала на страна, има преурбанизирани села поготово у Западна Македонија, пошо сами си ги праат браќата. Не чекаат на шутрацине Ја у Арнакија сум била. Улицине им се ПИСТА. Улично осветлување сегде, вилетини со ѕидишта ништо да не се гледа, кола испод 50 илјади евра нема, аптеки, кафани, чајџилници, бурекџилници. Све имаат. Тетово и Скопје по стариот пат, им се на 20мин преку сила, секој. Толку е и до Волково до Рекорд реално
Па да ти кажам во местово кај што сум, почест е автобусот овде, одколку во Скопје сега. Мајка ми 22ка чека и по 40 минути некои денови, овдека кај мене на 20 минути имаш бус. И не, не се банални работи, сакам да ти кажам дека секое село во држава е блиску до град. Ама не дека градовите ни се лудница па има и од пиле млеко,па да е којзнае колкава предност. Еден Лидл го најавуваат дека ќе го отворат, повеќе од 2 години, ко си мислиш некоја светска сензација да е.