И село и град си имаат свои предности и недостатоци. И во двете, така ми е најубаво. А за град сепак најмногу работата ме врзува и ми онемозможува дефинитивно да се преселам на село. Кога ќе има кој да ме издржава или да добијам на лото, тогаш дефинитивно село. Дотогаш и компромисите се убава работа
Абе stop selling what's already sold.Say no more (уствари може уште ова само да кажеш дали има од тоа новите smart крави шо сами се молзат) .
@simona_baby не го заборавај и орањето жнеењето! Ако нема жито од каде ќе месиме леб? Им ги чистиме и лепешките од овците и козите,па на пасење во нива. После во нива на садење/берење. Компир,праз,пиперки па дома една убава чорбичка. Нема ништо поубаво. Дополнително објаснување за @franca
Повеќе го сакам градот. Но, би живеела и во село, секако додека е убаво направено како тие во западниот дел на мк. Јас сум од источниот дел, и таму селата се... катастрофа...барем за мене. Имат само една две улици асфалтирани, друго се е кал, една продавница во која нема се, за цело село, училишта нема, болница нема... не ми се допаѓа тоа а и не го сакам нивниот мирис на кокошки и крави, и да треба да одам по лепешки по патот. Од каде го знам ова? Имав другарки од село, многу чедто патував до таму за да се дружиме а дружбата ни беше само шетање пошо друго нема шо да се прави. Јас сум од мал град , и дури и тоа ми сметаше шо сите се знаеме таму, и затоа се преселив во поголем. Сега живеам странство во голем град. Едноставно јас сакам гужва, сакам кафичи да гледам, млади луѓе, да има повеќе бутици и трговски каде може да си купуваш, да има автобуси или воз шо те разнесува по градот и дефинитивно да гледам луѓе шо не ги знам, пошо така ми е попријатно. Во мал град сите ќе те знаат и сите ќе те гледат кога минеш, барем тоа е мое искуство, јас оти висока сум и на мало место секогаш ми се опулуват и мажи и жени, додека во голем град совршено се вклопувам.
Сум била и во некои од тие села, ама не би живеела на такво место. Повеќе ми се допаѓа градот Струмица на пример. Сакам да слушам звуци на коли, луѓе, раздвиженост.... тишината ме убива
Јас обратно Јас сум градско дете и тоа од строг центар на градот, ама кога го запознав мм и одев кај него дома премногу ми се допадна тој живот таму. Мирно, чисто, без многу луѓе А ми фали од време на време градот посебно кога имам на листа еден куп работи за правење, па сфаќам колку само градот може да ти понуди можности.
Повеќе ми одговара град.Чувството да си странец во толпата е незаменливо. Само да не е Скопје, некој друг европски град.
Точно. Еве две рандом сликички што ги имам во галеријата, од моето село што се наоѓа на оддалеченост 6-7км од Берово. Рај за очи, мир за душа.
Со оглед на тоа колку е загадено, мислам дека живеењето на село донекаде го чува здравјето, па и ако си имате некоја фриленс работа, супер. Од друга страна, ајде сега има и фриленс и опции за работа од дома, а порано не беше баш така, па лето, па зима, па мрзни по превоз, оти е поевтино со јавен превоз, отколку сам со свое возило да одиш, па пари фрлаш за пат, па не одговарало втора смена, ужас. Како и да е, и градот и селото си имаат предности и мани, тоест во Македонија и двете нешта имаат многу фалинки.
Факт е дека село е поубаво ,ама ... За млад човек , кој утре ден треба да работи , да носи дете во градинка ,школо , подобро е град , подобро се функционира, не може некој да ме убеди дека е подобро село , за работа и основни потреби , не знам како е во селата бидејќи не сум од село ,ама ова од лични примери во околина , другарка по 1час и нешто чекаше автобус , една продавница која што е дупло поскапа од останатите , додека во град има бус на секои 8мин и сите маркети да можеш да бираш од кај што ќе купиш ,болница и се што ти треба , а во село најчесто болниците се подалеку или ако не возиш ужас , па да не зборам за времето како ќе се погоди , сепак јас не би живеела во село ,навикната сум во град и тоа е.
Незнам во кој град ова ама во Скопје е проблем со автобус особено последниве години.Секој што живее во село оди во градот на работа и поминува покрај милион маркети,да не зборувам за места како Илинден каде што имаат од сите маркети по еден.Исто така има школи градинки дневни престои.Мислам многу поинаку си ги замислувате селата него што се.Ние во село имаме одвод за разлика од некои урбани места што сеуште немаат.
Не ми треба ни автобус ,можам пешки до град ,сакам да кажам ако сум на село, ќе морам да возам , не бидете буквалисти сега ...во село без кола е тешко и факт е дека има една продавница која е најскапа , не замислувам ништо , кажувам од луѓе кои ги познавам , повеќето се дури и приморани да работат во фабрика бидејќи им е малтретирање да идат до град ,како што веќе реков ако не возат . Јас не потенцирав населба , до утре може да споредуваме така , збориме за село .
Не, не овде сите во село би живееле ама стварноста е поинаква , во село да ти е страв навечер да излезеш па и преку ден ,пусто само природа и ништо друго ,село е за пензионери на млад човек не му треба мир и тишина , треба цивилизација
Не користам воопшто автобус во Скопје а пак можам пешки уздуж и попреко да го пројдам Скопје му доаѓа така како поголемо село ако земеш се у предвид. Затоа се смеам коа ќе кажат урбан/о/а.