1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живеење во село или град?

Дискусија во 'Дом' започната од izaaaaa, 21 март 2011.

  1. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Кога би можела би се преселила во село и би останала таму засекогаш...Да бидам што подалеку од загаден воздух, густ сообраќај, динамичен и стресен живот, гужви итн...Да јадам природна и здрава храна без генетски модифицирани состојки и пестициди, да дишам свеж и чист воздух, главата да ја одморам од стресови и обврски, да пијам чиста вода која не тече низ цевки на кои има азбест, да не станувам рано секое утро и брзајќи да одам на работа каде што чекаат милион обврски на мене....Можеби еден ден и ќе ја остварам својата цел, макар и краткорочно...
    :)
     
    На izaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    живеам во село, и колку што е убаво толку е и неубаво :/
    сепак преферирам град :)
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Е така може ама ако имаш прилично многу пари :) Зошто?
    За да јадеш здрава и природна храна треба да станеш раааано сабајле за да одиш на нива, таа сама од себе не никнува. А пошто ти не сакаш рано да стануваш претпоставувам ќе си фатиш луѓе да работат на нивите, а тие не работат без пари :D
     
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Село- чист воздух, природа, двор...тишина. Далеку од се и секого. За некој кој не е научен да ака по цел ден низ, гтц, кафулиња и слично милина. Јас сум израснат аво србија во село, сега кога одам секоја вечер сме скоро во град, и не е така далеку, автобуси има, такси има...иако е малце подалеку од градот, сепак, ако сакаш да останеш до покасно ке жртвуваш 100 дин за такси, ама ќе живееш и мирен здрав живот.
    Град- предност е само што нон стоп имаш се достапно, но пак не во секоја населба. Лисиче(населбата) се води нели како да е у град, само 5 км од центар, а повторно не ти е се достапно во секој момент. Јас моментално сум во центар, освен што имам отворени продавници, тобака и слично и во недела, друга предност немам. Пак ако сакам да одам до аеродром ми треба превоз. Се гушам од колите, збеснувам од сирените....Со еден збор хаос! 1400 евра метар кавдратен??????? Центар било..и стан од 50 квадрати ке го продадеш како и некоја куѓа од 140 на периферија. Свашта.
     
  5. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046

    1.Разликата е тоа што ние што живееме на град си мислиме дека повеќе имаме од тие што живеат во село и сл работи а тоа не е точно
    2.За второто нема да коментирам
    3.Селата веројатно нема да исчезнат оти ако не постојат тие ние нема ништо да имаме за јадење(за во Македониа кажувам)
    4.Во секој момент се исплаќа да се живее на село многу помалку се трошат парите си работиш ако не сакаш многу само за себе да имаш (од зеленчук овошје не мораш да го купуваш барем тоа)
    5.Придобивки: здрав живот,чист воздух,заштеда на пари (најпрво ова ми падна на памет)
    Недостатоци: слободно време (поретко за разлика од во град)
     
  6. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    382
    слободно време поретко? па не знам не би рекла, само може да биде поретко ќе се досадуваш.. зависи..
    сега луѓето на село мн помалку работаат земјоделство, само можеби до куќа колку за себе, а и тоа само постарите генерации.. за заштедата на пари не сум компетентна да зборувам, ги немам двата животи живеено :))
    инаку единствен недостаток на селата е мислам дека превозот, сега и со поскапеното такси :/ што значи ако си имаш кола и можности секое време секаде да отидеш нема недостаток :)
     
  7. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Не мора да значи дека за да јадам здрава храна треба јас да одгледувам домашни животни и да обработувам ниви...Таа храна можам да ја купувам од мештаните во селото - и поевтина е сто пати од штетната храна во урбаните места...
     
  8. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Кога би избрала би избрала да живеам во град :lol: :lol:
     
  9. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    живеам во град но одам и на село кај бабами и дедоми (напоседок).
    Во зима за во село животот е досаден,а доколку во лето е многу поубаво за разлика од градот :)
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. izaaaaa

    izaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    46
    Луѓе да ви пишам одлучивме да си живееме во Брњарци,почнавме да се средуваме мислам дека добро ќе биде :) Па ќе ви пишам како ќе биде :hai:
     
    На KuklickaSk и enca.69 им се допаѓа ова.
  11. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Од мир во куќа подобро нема ;)
    па макар била и на Марс :D ... а не пак Брњарци. За 30-40 мин. во центар сте и тоа со ЈСП :!:
     
  12. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    ќивеам на многу тивко место каде што поминува чат пат по некоја кола единствена бука ми е шумулењето на вардар и верувајте ништо подобро од мир за ушите и душата
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.880
    Допаѓања:
    4.438
    Искрено кажано, живеам на крај од градов мој и се осеќам исто како да сум во село. Иако плаќам многу такси до центар, на вечер е лепота за спиење. Освен некој лузер со колата што се јачи и што брмчи со 200ка, друго ништо неможе да се слушни. На моменти посакувам да седев повеќе кон центар,али кога ќе размислам, тука е поубаво.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    13
    Село или град?

    јас на пример сум од село,и многу би сакала да живеам во градот.кај нас нема никакви услови за живеење.секогаш кога сакам да излезам некаде нема каде,нема услови за децата за во градинки,нема паркови нема ништо,па морам да се спремам за во град и тоа ме нервира.јас мислам дека иако е село треба да се има секакви услови за живот.владата треба да обрне повеќе внимание на нас.ако не повеќе барем најосновните работи да се отворат места каде што децата би можеле да го минуваат слободното време.на пример мојата ќерка сака да оди на балет а нема каде.за да ја носам во град чини доста пари и време.тоа е само еден пример од многуте.што мислете вие???????........
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    село или град што мислите каде подобро се живее

    сегде да е, само да се живее :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На zhap4e, SunFlower94, Rock-a-Fella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    13
    село или град што мислите каде подобро се живее

    децата во градот имат повеќе услови за живот,и повеќе шанса да го надоградуваат својот талент,можеби мислите дека треба да се живее само но како?????
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    село или град што мислите каде подобро се живее

    зашто само децата од град имаат повеќе услови за живот, и шанса да го надоградат својот талент??? :^)
    па јас имам другарка од село, со 10 е на медицински!
    селото нејзе не ја спречило да се надогради!
     
  18. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    13
    село или град што мислите каде подобро се живее

    не би рекла дека децата се спречени од факултет или средно образование.пример:кај нас има училиште само до четврто одделение и ништо повеќе,две три продавници и тоа.е па сега мислам дека ме свати што сакам да кажам.како едно дете би се надоградувало во ваква средина јас едноставно неможам да разберам зошто е тоа така....
     
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Село или град?

    И јас сум од село и добро знам за што зборуваш и јас како мала сакав да одам на балет или играорна и такви ствари но немав услови...
    За образование не е толку тешко затоа што има блиски градови и превоз за тоа, но пополнување на слободно време... нема каде! Ете на пример јас кога учев средно патував за Прилеп и ми беше многу мачно, во автобусите имаше секакви луѓе и невоспитани и некултурни деца, јас не можев да го поднесам тоа... Сега на факултет сум во Битола и живеам таму и прекрасно ми е...

    Е сега за помош... Тешко е да се створи се наеднаш,,, има некои село што се доста напредни, имаат, но овие помалите не можат да се развијат прво и од луѓето што живеат во нив затоа што тие не покреваат иницијатива, мислат само на работата која воопшто не е лесна па ниту исплатлива за трудот... Мора многу тука да се менува, но сеуште нема здрав разум и напредна свест...
     
    На lileee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    јас лично не би се преселила у село..навикната сум на градскиот живот и не би можела да издржам у село.имам идено во село али повеќе од 1 недела не сум издржала.