Мислам дека не би можела да се навикнам на селскиот живот од проста причина што живеам во град и сум навикната.
тешко би ми било да се навикнам да живеам во село, затоа што цел живот сум го поминала во град но, сепак жив човек на све се невикнува ..
Јас живеам во село и никогаш не би се преселила во град. Блиску е до градот, околу 10 км е, со кола се стигнува за 10 мин. Воопшто не е како во народните приказни, напротив, сите фамилии и маат или нови куќи или старите им се реновирани, сите имаат коли, повеќето се вработени, сите се занимаваат со земјоделие, па и ние. Има доста работа околу земјоделието, преку цела година има да се работи по нешто, но сепак се профитира, некогаш повеќе некогаш помалку, но сепак е ок. Летно време скоро сите садиме бавчички со зеленчук, па од средината на јули откако ќе узреат плодовите, па се до наесен зеленчук и овошје ретко кога купуваме. Се одгледуваат и домашни животни ( сместени во посебни простории подалеку од куќите, за да се избегнат непријатни работи), не во толкава мера како порано, но сепак колку за да се добие месо, млеко, јајца да. Сите куќи имаат големи дворови ( што мене најмногу ми се допаѓа, ми се чини ако куќата нема двор не е куќа), зеленило насекаде, воздухот е чист и свеж ( нечист е кога се прска, но сепак и тоа за брзо поминува), мир и тишина скоро секогаш, со оглед на тоа што пред куѓа ни врви магистрален пат, во близина ни е и езерото ( 4-5 км), блиску ни е и националниот парк. За во слободно време ако се сака секогаш може да се најде знимација. На лето тука е плажата, прошетки покрај езеро, во ( ќе го наречам) шумскиот парк во близина на хотелот, приквечер особено е пријатно да се излезе на прошетка, да се трча, да се вози точак или ролери бидејќи подзаладува и посвежо или пак може да си седнеш на тераса и да си читаш книга, навечер обожавам да седам надвор на тераса - прекрасно е, тишина, одвреме - навреме луѓе што си шетаат или по некое возило ќе поминат. На зима - пак може да се шета покрај езеро, да се оди на планина, да се шета и игра по/во снегот, пак да се излезе в град, да се седи дома покрај запалениот камин и да се ужива во добра книга итн. Работите може се повторуваат, но секоја си е посебна на свој начин и носи посебно задоволство. Инаку, не е проблем да се посетуваат курсеви, играорна или други активности што се одржуваат во градот зашто ни е блиску и со кола одма се стигнува, има и редовни автобуски линии, такси. И во селата кај нас има училишта до 8 -мо одд, потоа средно се учи во градот или пак во соседните градови, до кои, пак, има организиран превоз, а сега и факултет отворија така што тоа е една предност плус. Мене дома ( в село) ми е како едно прибежиште од се, таму се чувствувам најубаво и најмирно и се изолирам и одморам од се, се чувствувам како да сум на некое посебно место кое е само мое. Јас се распишав ама сакав да ви кажам како е во моето село ( немам ништо против живеењето во град, но лично јас сум за село) и дека селата не се како што биле некогаш, туку се современи, има скоро се што има во градот, за тоа што го нема речиси секогаш има решение, но се многу помирни и потивки и повеќе можеш да се опуштиш и да најдеш мир .
Цел живот живеам во град и не можам да замислам како би било кога би живела во село. Имам појдено неколкупати низ македонскиве села и ми се има згрозено од глетка и миризби и се комплет. Не си го менувам градот,повеќе се трујам на село.
Позитивно ти завидувам Hopeful . Искрено да би можела би сакала да живеам на село. Не знам можеби сум со доста старомодни сфаќања, ама мислам дека животот на село е далеку подобар од оној во град (да не ме разберете погрешно). Работиш и имаш се. Секакви земјоделски плодови, потоа од сточарството во секој миг пресни селски јајца, месо, уште ако се одгледуваат пчели и мед, пресно млеко, сирење... Да знаеш со сигурност дека се она што јадеш е свежо и домашно. Денес никое јајце добиено од живинарска фарма го нема оној вкус на вистинско јајце, да не зборуваме за другото, месото... Изгледа проблемот токму е до нас, до маладината што не ни се работат тие работи. Да се молзе, да чисти измет на стоката, мислам дека тоа е она што го плаши младиот човек. Подобро би работел за минимална плата од 100-200 евра месечно отколку да го работи ова. При еден разговор со еден близок човек кој најискрено одговори на прашањето колку заработува не можев да си поверувам на слушнатото. Замислете човекот имал дневна заработувачка од 100 евра . Севкупна добивка од земјоделие и сточарство. Браво и секоја му чест. А да ја оставиме заработувачката на страна, тука е и душевниот мир. Знаеш како ти започнува денот и како ти завршува. Навистина трчаш да стигнеш на секоја страна, ама психички си смирен и стабилен. Не се нервираш дека ќе ти задоцни платата, дека ќе те избркаат од работа како што секој од нас тоа го размислува секојдневно. А да не зборуваме за здравјето. Затоа нашите баби и дедовци живеат по 90 и повеќе години. Здрава храна и здрав живот. Исполнет со постојана физичка активност. Кој мислел порано да држи диети и да вежба како ние денес (како мене ). На жалост денес таа граница каде - каде е изместена и денес се живее по 50-60 години се заради тоа. Ајде со Господ напред се надевам дека ќе го доживеам и тоа еден ден.
Мислам дека има разлика од село до село..постојат села кои се изолирани..немаат пат вода да не зборувам за лекар и доколку има доаѓа во некои одредени денови првиот сосед ти е на 5 километри ...значи да се живее во такво село е навистина тешко,ова го кажувам од мое искуство..но има и села кои се сосема модернизирани,така да не се разликуваат многу од некоја приградска населба,друго е прашањето што сите работат и имаат да си обезбедат храна што денес и не е така ефтино,имаат зеленило свеж воздух..е сега дали би живеела..?? на овие години да,но само ако станува збор за вториот тип на село
мислам дека селото како село е доста не прифатено од граѓаните.значи зборувам за село кое е блиску до градот ,а да не кажам за село кое е некаде далеку отсечено од секакви цивилизации.би ги набројала прво сите негативни особини за тоа вака:немаме вода поготово во лето рестрикции големи едвај се снаоѓаме за пиење а не па за лична хигиена,од страна на бавчи и се онаа што можеме да го садиме во дворот немаме услови бидејќи немаме вода а и во последно време тешко успева било што на оваа клима многу жешко па ладно и тоа предизвикува болести и финансии за прскање кои тешко се наоѓаат.земјоделието ни е несплатливо имаме грозје неисплатено од 2009 година ,јас како жител на село купувам од градот секакви градинарски производи затоа што немам услови за одгледување.друго како негативна особина на селото е:нема работа треба да патуваш до градот секој ден доколку си вработен, нема средни училишта а кај нас нема и основно што се принудени децата да патуваат на многу мала возраст по автобусите,нема градинки нема едукација било каква за деца и најстрашно од се е граѓаните поинаку гледаат на селските деца жално.е сега најлошо поминуваат оние села кои се блиску до модернизирање затоа што немаат:стока,не гледаат градинарски култури а сепак се нарекуваат селани.бидејќи има некои што живеат на толку висока нога а живее во село додека пак некои граѓани немаат ни леб да јадат а ги долносуваат селаните(бегај бе сељачиште едно најупотребувана реченица)и затоа мислам дека некои граѓани нема да го сменат мислењето за селаните.нека ме исправи некој ако мисли дека грешам јас го кажав само моето мислење бидејќи живеам во село.
мене ми е поубаво у село отколку у град знаци викенд обавезно одам на село на чист воздух а иначе живеам во град
Радо би отишла на село...на ден, два, недела, месец, онака на одмор... Не знам како би живеела во село кога не сакам животни, се плашам од нив, дури и од мало маченце, искрено немам фатено животно во рака да го подржам барем минутка... Сакам голем двор со трева и цвеќиња, со пиперки и домати, со кајсии, јаболки, цреши и праски, но не би да се врткам околу нив по цел ден, не,не...две цвеќиња во саксии имам дома и тие заборавам да ги полијам со вода... Би ми здосадило, не дека во мојот град е нешто многу интересно, но би заминала и во друг град, поголем, поубав... Сакам село, но не да живеам во него...
Јас сум градска девојка. Желба ми е да се исселам од Македонија и да живеам во некој уште поголем град
Никогаш не би го сменала живеењето во град за живеење во село!! Не можам да се замислам да живеам во село, да морам да одгледувам крави, кози, прасиња или не дај боже кокошки, патки и мисирки од кои се плашам до смрт!! Или пак наместо на плажа или на кафе јас да одам да копам по бавчи!! Не, не, не!! Никогаш! Не е тоа за мене! Дури ни за викенди, 1ви мај и сл. денови кога се оди во село јас не одам. Го избегнувам одењето колку што можам и единствено би отишла за викенд во село кога би имала еден убав, расен коњ! Инаку не!
А кој ти кажал дека мора да чуваш животни??? и мислиш дека тие луѓе не одат на одмор, плажа, кафе, само смрдат и цел ден се во штала и ниви ? Погрешно, многу погрешно...дури и во едно позабуткано село каде живее баба ми, младите живеат екстра, на работа, дома, во двор, дома, на нивниот базен, на одмор...разликата е тоа што возат само 10 мин. повеќе од тие што живеат во градот...ова ти ги опишав првите, четвртите и шестите комшии на баба ми...другите, постарите си чепкаат во дворче колку сакаат, толку, никој не ги тера...
Колку само би живеела на село!!! Досаден е градот, прашина, гужва, врева.. А најтрагично е што немам ниеден роднина на село барем да отидам на викенд понекад да одморам глава од се.
Јас живеам во село и слободно можам да кажам дека мислењето на WhiteAngel е сосема погрешно.. Не мора да одгледуваш никакви животни на пример ние имаме само крава за млеко и коњ кој што се сместени во посебна штала малку подалеку од куќата..И зарем навистина мислиш дека ние што живееме во село не излегуваме ? Одиме на ниви? Ахх.. напротив.. моите дома работат земјоденлие нели мора од нешто да се живее но јаас не знам каде ни се наоѓаат нивите не знам ништо како се прави.. За среќа селото ми е модерно и имам неколку кафичи во него и слободно можам да одам и на кафе или да се собереме друшто на некое тивко место, па и градот ми е само на 15 мин од селото и многу често сум таму.. Летото со друшто скоро секој викенд сме на базент, нема врска што сме од село, некои што живеат од град немааат излезено од дома.. живеат во стан од 3 соби 7 души.. и да важно во ГРАД се..!
Село. Мирен и тивок живот, чист воздух, надвор од стресниот, градски калабалак, надвор од хаосот и мравјалниците на луѓе. Надвор од цивилизација. Звучи идилично, и навистина престојот во село ми е резервиран за преку викенди - но не можам себеси да се замислам во село. Јас сум бетонско дете со тапија и едноставно навикната сум на градски метеж. Тој ми е нешто као дрога. Сакам да пешачам со минути и минути и да си речам после - епа далеку е. Да, валкано е, хаотично е, бучно е, за Скопје па муабет да не праиме, мигрена гарантирана, ама јас тој калабалак го сакам, и се чуствувам во него како риба во вода. Гледам дека во последно време, дали тука или пак во странство исто така, тренд е фамилиите да бегаат од големите градови. Моторизирани се, работат во градовите, кога одат на работа ги оставаат децата во школските установи, а кога се враќаат ги земаат и никому ништо. Се е ок до моментот кога децата ќе пораснат. Бидејќи во предградијата или пак во селата немаат другарчиња - другарчињата им се повеќето од градот, остануваат осамени во куќниот двор. Мене оваа претстава ми буди некое тажно чуство. И само кога ќе се замислам себеси како би ми било кога не би била во можност да си се гледам со другарите, или другарките, а подоцна да излегувам во град, навистина ме обзема неубаво чуство. Здравје во иднина не би сакала тоа да им го направам на моите деца. Не велам дека во село нема други деца, но не е тоа тоа - интеракцијата во големите градови е каде каде поголема и поголеми се шансите социјално детето се повеќе да се вклучи во разни активности и да запознае еден куп луѓе. Значи јас бирам град - од лични причини а викендичка во село. Не потценувам ништо и никого но едноставно јас не сум создадена за мирен живот. Хиперактивна до јаја, ма кај би можела - да ми простите
Јас би избрала град од проста причина што не би можела да се навикнам на живот во село тоа би било голема промена
Живеам во населба оддалечена од центарот на градот, но сепак има гужва,особено летоска. Куќата е на главната улица и многу ми смета звукот од моторите и колите кои ги има нон-стоп. И многу пати имам пишувано дека мразам што живеам тука. Јас би одбрала село, многу оддалечено од градот, со 10тина куќи, без продавница и без слични објекти, но со чист воздух и многу дрва.Со голем двор, бавча, овошје,зеленчук и секакви животни: крави,кокошки,кози,мачки,кучиња. Има ли поубаво нешто од тишината и зеленилото? А, за сите ’ гратски’ девојки имам прашање: Зар вашите родители цел живот живеат во град?
хм село фали али во град живеј-- е вака вика бабами и мислам дека е во право.Да и јас сакам да сум на село но колку ден,два или можеби недела и после да си се вратам пак дома.Никогаш не сум имала предрасуди за тоа кој каде живее и во право е што некоја погоре пишала зарем на сите родителите ни се од град?- ете моите се но сепак имаат потекло од село( мислам на бабами и дедоми),но јас кога би бирала би одбрала град.Понекогаш ја мразам онаа скопска гужва и летниве горештини али сепак градот има повеќе предности.А за бучавоста немам коментар тој што живее како мене на булевар и каде што во текот на целиот ден е преполно гужва знае какви маки си имаме особено во 8 и 16 часот кога и собраќајци ставаат е тогаш дури е хаос
Па лично за моите ќе ти кажам - не, но од многу мали години дошле во град. А сепак која е релевантноста на ова твое прашање? Живееле или не во град, јас лично за себе зборувам. Тоа никако не ми влијае на моите чуства и желби да живеам во голем град
Не ми беше ти ’инспирацијата’ на прашањето. Прочитав на една страна демек таа е гратска девојка. Патем има градски и селски девојки?