1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живеење во село или град?

Дискусија во 'Дом' започната од izaaaaa, 21 март 2011.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Ако си од град си гратска девојка, од село-селска девојка...што е тука нејасно?
    И што е битно дали родителите живееле во град или село???
     
    На EVA19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    Па лично за моите ќе ти кажам - не, но од многу мали години дошле во град. А сепак која е релевантноста на ова твое прашање? :wasntme:
    Живееле или не во град, јас лично за себе зборувам. Тоа никако не ми влијае на моите чуства и желби да живеам во голем град ;)[




    Јас сум навикната на Скопје каде и да отидам пак се вракам у СК нема место ко домаа не би можела да живеам у село сум седела по 2 до 4, 5 дена али повеќе не навикната сум на бучен живот а кога ми фали тишина идам планина на некоја ливада и одмарам мозок.Значи се е до навика тие што зивеат у село се навикнати и лесно мозе да се навикнат на побурен живот али тие со се од град нема шанси да се навикнат на живот на село...
    Така да "starbucks" немора да врегаш и да се расправаш по форумов ние не сме криви за твојата локација на живеење,не биди дрска глупо е од твоја страна да напагаш луѓе згора на се у муабетов прашуваш од каде се родителите што нема никаква врска со темава . :) :) :)
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Уживај Старбакс, не ти го разбрав прашањето и не го сфатив као напад - чисто ме интересираше релевантноста ;)

    Градска девојка - девојка која е од град, ваљда? :?:

    Сепак, тоа од каде потекнува некој, нема никаква врска со желбата да се живее во град, во село или во пустина ;)
     
  4. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    И ние бевме пред ваква одлука ама вака пресековме. Зимно време во "граТ", летно време Марков Манастир. Пробавме со мм да живееме и зимно време, ал не бива јбг и се Леси(њата) се врати(ја) дома.
    Како што кажа некој претходно зависна сум од бучавата, асвалтот, гужвата ... Едноставно навикната сум на сето ова.
    А кога сум во викендицата си викам леле мерак, милина, тишина можеш да ги слушаш птиците или жеже-пече како непреќинато прави галама. Ама 2 месеци и веќе ми здосадува тишината, почнува да ме иритира црцорот на птиците, ми фали продавница на 10 м од куќа, а не да палам кола за до најблиската продавница, ми фали трач кафенце со другарки во некој кафич итн итн.

    Е сега кога би ми било нож до коска и би морала да живеам ( за подобар живот, нели) би прифатила и би се навикнала на некое помирно местенце, село, селце или како и да милувате.
     
  5. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Да моите родители, а и нивните родители. Што мене искрено многу ми е криво затоа што немам каде да отидам на село, а најискрено толку многу би ми сменило. Мајка ми не може да замисли ни еден ден да преспие на село, живеам во помирна населба и на почетокот не ни можела да спие од што е тивко навечер. А ете јас сакам на село да живеам и? Немаат врска едното со другото.
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас живеам во град, но моите родители живееле во село и двајцата и се преселиле во град.
    И на двајцата родителите живеат во село и многу одам на гости преку текот на годината, и нема некоја голема разлика со градот.
    Интернет има, телефон има, автобуси има - истото како во град.
    Има и продавници, сендвичари, абе истото како во град.
    И + си имаш куќа и двор само за тебе.
    Ама треба и треба двор да измиеш, куќа да средиш, да навадиш бавча, да набереш нешто, да се жнеат нивите не оди тоа само по себе.
    И на крај немаш ич слободно време, сврти се - денот поминал.

    Ама и во град па не е многу лесно.
    Се стискаш во еден стан, метеж, сообраќај, бучава, луди комшии. |(

    Сума сумарум, и јас не знам каде е подобро да се живее. :?:
     
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    :) Живеам на село ама си имам тука се што ми е потребно, освен факултет :)
    Би живеела и во некој град ама само да не е Скопје. Колку повеќе живеам таму (заради студирањето) толку повеќе сваќам дека животот таму е никаков. Градот нема никаков дух сите ми се некако искомплексирани сите најнеспособни луѓе од провинцијата се преселиле во Скопје. А за другите градови симнувам капа посебно за Струмица и Прилеп вистински македонски градови :D
     
    На MarchelineAmaru и ladymilion им се допаѓа ова.
  8. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас живеам во село,да навистина е многу одалечено од Скопје патуваме со автобус скоро 40мин,а имаме само 2 автобуси кои поминуваат на 1 саат,навистина е тешко и напорно особено за оние кои нон стоп одат на работа и се враќаат па дали имало место за седење па се расипал...итн.ама тоа е тоа инаку овде си ја имаме и Окта така убаво ни чади по малку сеа за сеа чади по мн малку не е како порано,а јас би одбрала град секогаш бидејќи најпрво поради тоа што се ќе ти биде многу полесно и поблиску а разликата од село во град е тоа што во село ќе имаш двор ќе можеш да искочиш до бавча да набереш ти што сакаш зеленчук или овошје а во град ќе делиш пари за тоа така да исто ти се фаќа каде и да живееш...
     
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Има многу ГРАЃАНИ кои живеат во село , и многу СЕЉАЦИ кои живеат во град ... :wasntme:
     
    На MarchelineAmaru, ladymilion и Em4e711 им се допаѓа ова.
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    :clap: Е баш ова сакав да го кажам со мојот претходен коментар,ама очигледно не ме разбраа.

    Патем..
    Никој не рече дека си ТИ крива за мојата локација,го прочита мојот коментар или на слепо пишуваш?
    А, и старбакс не се пишува со наводници.
     
  11. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    2.410
    Се си има свои предности и задности.
     
  12. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно во град. Иако знам дека помирно е живеењето во село :)
     
  13. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Живеам во село ако воопшто може така да се нарече, бидејќи има ноќен живо,доволно продавници....Но, дефинитивни живеењето во град е подруго.Поголем број на луѓе од кои можеш да ги бираш кои ќе ти се пријатели, поголем број на кафичи и ред др работи. Но, она што сакам да кажам дека Девојките кои што живеат во село побрзо се прилагодуваат во градот, отколку некој девојки кои живееле во град, а потоа на село! ;)
     
  14. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    секогаш човек побрзо се навикнува на ПОУБАВО

    Јас сум навикната на Скопје каде и да отидам пак се вракам у СК нема место ко домаа не би можела да живеам у село сум седела по 2 до 4, 5 дена али повеќе не навикната сум на бучен живот а кога ми фали тишина идам планина на некоја ливада и одмарам мозок.Значи се е до навика тие што зивеат у село се навикнати и лесно мозе да се навикнат на побурен живот али тие со се од град нема шанси да се навикнат на живот на село.
    Така да "starbucks" немора да врегаш и да се расправаш по форумов ние не сме криви за твојата локација на живеење,не биди дрска глупо е од твоја страна да напагаш луѓе згора на се у муабетов прашуваш од каде се родителите што нема никаква врска со темава . :) :) :)[/quote]

    муабетот за родителите е на место, баш е ок , еве ја на пример мајка ми и татко ми се од село значи се до 18 години си зивееле во село во близина на еден град во македонија (не е скопје) студирале и останале да живеат во скопје и сега неможам ја да се праам елеле ....ја сум примадона кога тетка ми уште живее таму баба ми дедо ми имаат крава и слично. а постојат мал милион случаеви на најголемите чмизли во градов наш убав кои имаат и то како добро потекло од село и се срамат од тоа и они никогаш не би можеле на село бла бла, на тој начин си го понижуваш потеклото, си ја понижувач фамилијата родителите .......срамота :tmi: :x
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.183
    Пол:
    Женски
    Би останала да живеам во град. Сепак, има свои предности. Но, нема ништо поубаво да имаш една мала куќичка/викендичка на село. На пролет е преубаво, во лето исто. Ливади, планина, цвеќиња.. рај. :) Но во зима, кога има снег и е ладно надвор е најсовршено. Уште да има камин во куќичката .. ахх.
    Значи за одмор е убаво. А сепак би останала да живеам во град.
     
  16. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Дефинитивно град!Селото според мене е само за постари луге кои сакаат мирно да ја поминат староста :)
     
  17. izaaaaa

    izaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    46
    Епа вака да ви кажам најпрво се вселивме :clap: (во селото)и за почеток е мн.убаво :) значи сами сме, се дерам викам никој не ме слуша :) поладно навечер од жештиниве..кога сакам јадам, што сакам јадам и не знам друго што да ви пишам :lol: Друштвото ни доаѓа скоро на секои 2-3 дена и мислам дека беше ова добра одлука па сега за понатака ако излезе нешто подобро плус за нас.поззззздравче на сите :hai:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    382
    Верувам дека ако има услови за живот ништо не може да ти направи голема разлика од гад или село...
    Ако се има кола значи мн брзо се стигнува во град, што и не е голем проблем сега во ова време.
    Вака барем си на мирно, сама си го водиш животот, правиш што сакаш и си живееш како сакаш.

    Сите викаат град град град.. ама има разлика во тоа да живееш во град во една соба со уште 300 луѓе и во село во куќа која е само твоја :)
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сите постови што беа само со краток одговор беа избришани.
    На пример: Град. Во село.
    Не пишувајте како или-или, кажете образложение зошто во село или зошто во град.
     
    На izaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Сите млади од селата бегаат во градовите да печелат пари...
    ама
    Ќе дојде времето во кое сите да се преселуваат во села...Ќе биде гужва во градовите, нема да се живее од миризлив и валкан живот.
    ама
    Тогаш селото ќе стане лукс. Тоа да видиш крава или прасе ќе е оао ефект :o , не секое дете ќе има таа можност.
    А ми беше убаво на село кај баба и дедо секое лето ко мала. А сега...Мартин кај ќе го однеса? Ниту родителите на Миле се на село, ниту моите родители...и Мартин ќе гледа кокошки, крави и овци на слики :emo: :(
     
    На Serafima и izaaaaa им се допаѓа ова.