1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живеење во село или град?

Дискусија во 'Дом' започната од izaaaaa, 21 март 2011.

  1. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Па живеам во село, меѓутоа сакам да живеам во град затоа што таму мислам дека животот би ми бил поинтересен. 8) Секако и градот и селото си имаат свои предности. :!: Доколку живееш во град, секако, на дофат ти се многу повеќе продавници, банки, кафулиња и др. разни објекти, додека во село се помалце. :?: Во село воздухот и почист и нема многу сообраќај па помирно е и поубаво за живеење. Иначе во врска со сточарство и земјоделство, во селото се развиени нормално. Патем, ние не чуваме крави, офци |( и такви работи од сточарството, ниту пак сме многу по земјоделството, имаме само една мала бавчичка во која си садиме кромидче, лукче и др. од време на време. :lol: Тоа е тоа накратко, иначе не знам баш дали се исплати да живееш во село кое е на голема одалеченост од градот, затоа што малце тешко е за живеење. :)
     
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.901
    Живеам во Битола.И имам потекло од село.Т.Е.секој има потекло од село,јас сум родена во град,нормално дека има и предности и мани да живееш во град,како и во село.Јас лично мислам дека денешниве генерации кои се прават многууууууууу градски се всусност најголеми селани(без навреда за оние кои живеат во село).Јас никогаш ама баш никогаш не сум ги делела луѓето на граѓани и селани.Јас ги делам на добри и помалку добри.Не знам зошто толку одредени лица се чудат на селски живот,као нешто от типот демек еве јас сум градско дете,дете на асфалтот,дете на бетонот аѕф абе аман,демек овие што живеат на село не знаат што е кафич или диско.Јас мислам баш дека сите што живеат во град се поисфрустрирани и поискомплексирани личности,абе луѓе без работа,шо ќе прат друго ако не се цел ден на кафе мислам типично шо е за Битола.Имам многу другарки кои живеат на села и гледам дека се многу порасположени,пооптимистички настроени и многу подружељубиви.А животот е тркало,никогаш не вели никогаш и да живеам во село не би имала против(нормално да е некое поблиску).Поздрав од мене до сите што живеат на село и не се толку огорчени како овие граќанките,да не речам бетонираните :fubar:
     
    На Bella Ciao му/ѝ се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Се замислувам единствено во град.
    Јас сум тип што ги сака гужвите, колку и да звучи чудно, така е. Сакам кога е раздвижено и разгаламено околу мене, не ми смета воопшто. Предноста на живеењето во град е тоа што кога и да ти затреба нешто стигнуваш брзо и без многу компликации, дали е тоа факултет, работа, излегување, сеедно.
    На село сакам да одам, но само на неколку дена, за малку одмор и пасење мозок, уживање во зеленило и чист воздух :) Но повеќе од тоа нема да издржам.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Живеам во град и навикната сум на сите предности што ги носи градот. Не би живеела во село, зошто не ми смета галамата што е во градовите, раздвиженоста на луѓето, едноствано подобро е во град.
    А, инаку на село ми отишла само на неколку дена колку да осетам малку друг воздух :)
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    38.687
    Пол:
    Женски
    живеам во периферијата на голем град .. или по нашки во село
    Него кога ке се рече село се мисли на ненаправен пат , стари кукички , стари изнемоштени лица ... ниви и ред ред
    Епа тоа го нема во моето место . Кај нас во Мк сите се залагаат за живеење во голем град :D секако поголеми можности за работа , немора да патуваш секој ден половина час до работа итн
    Центарот ти е блиску , пеш можеш да прошеташ
    И јас живеев во град , поточно Аеродром . Од центарот ме делееа пеш 15 мин
    милина
    Ама затоа немав мир , живеев во зграда со 18 стана . Секој ден бучава , децата до 24 ч крекаа надвор , издувен чад од автомобилите ... :x :x :x
    Каде што живеам сега ме делат точно 8 мин до градот , а 45 мин до Франкфурт . И точно е дека овде во големите градови живее посиромашно население , не плака превоз ама затоа се тутка во стан без терасиче ]:)
    И јас сакав да бидам во барем малце поголем град да не мора со кола да одам да пазарам ама цените беа каде каде повисоки за кирија од помалите места
    И плус ништо екстра не нудат . Нашиот трособен стан со убавка терасичка :D е каде каде поубав од оние во градот . и поефтин секако .
    Сега ѕа сега ке живееме овде се додека не порасне малата , зашто за живот со мало дете овде е супер . Има на секој чекор детски игралишта , градинката ми е под прозор и има каде каде почист воздух од оној во големите градови . Градот е секако убав ама ако сакам да го посетам не ми бега , ја палиме колата и таму сме ѕа 15 мин .
    :D :D :D
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Уф како би сакала деновиве да живеам на село, ама негде повисоко :D .
    Убаво во градов, ама врело :sweat:
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    :rofl: :rofl: како си ме изнасмеала :hug: којзнае во кое село си била ти како мала :wasntme:
    Живеам во село веќе 5 год. и за ништо на светов не би одела повторно во град. До Центар имам 15мин вожња, со кола, со автобус ако појдете понесете си книга, музика или перница за спиење (мн кружат ова автобусиве) :D Имам неверојатен спокој, мир, ширина и удобност во домот, голем двор за неизмерна радост на кучката, пријатни комшии кои ги држам на дистанца и убав поглед на небо од било која тераса :) (на зајдисонце шаренило е небото, а во град од зградите тоа ретко може да се фати).
    Животни...не чуваме, освен кучето :) имаме мала бавчичка и иако тоа не го правам сега, да ја нема мама лично би станала во 6 сабајле да ја работам. Кој не пробал домашен, непрскан природен патлиџан кој се топи во уста и се цеди на маици, џабе му е се :wasntme:
    Можда ми е рано вака пензионерски да се повлечам во село, ама ми годи ужасно многу. Каде што живеев претходно ни беше тесно, сите ни гледаа низ прозор дома, на тераса немавме мир ниту за еден весник да се прочита, а галамата и воздухот и ѓубрето накнадно стрес ствараат.
    Можда немам продавница што работи 24/7, ама има доктор кој и во 3 да го разбудиш веднаш ќе стане и најљубезно ќе те услужи (докторкава е цар над докторите). Можда немам патека за возење точак или за џогинг (што баш би сакала) ама улиците се чисти, нема земја ниту прашина, а богами ниту измет од животни :D Како и да е, ако имам некоја неопходност што неможам овде да ја задоволам, блиску ми е градот :)
    Секој со своите желби и потреби. Некој не би можел да се навикне, јас не само што се навикнав, туку неможам да се замислам сега да живеам повторно во град.
     
    На apple12, Phyramide, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Кравче, ти ко хациенда да имаш, мислам за такво „село“ никој нема да се буни, уште базен ти фали па ептен да биде по пропис :D
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Можда иам...можда и Марија Гвадалупе се викам :wasntme:
    за базен никој не се нафатил да копа :doh:
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Цел живот живеам на релација село-град. Градот во кој живеам не е голем, а и селото не е некое со 50 куки.

    Порано навистина било тешко да се живее во село. За се треба да одиш до град. Сега кај мене во селото имаме се што ни е потребно, училиште, амбуланти, пошта, бутици, профавници, супермаркет, дискотека, кафетерии, игралишта, индустриски погони. Во селото кај што живеам има дупло повеке работни места отколку жители па доагаат луге од градот да работат тука. Јас како мала дури и се мешав на тие поими што е град а што село, бидејки баба ми и дедо ми од градот се бавеа со земјоделие, имаа крава, магаре, а овие во селото имаа угостителски објект. :)

    Имам друштво и од селото и од градот. Оние од селото, се занимаваат со земјоделие. За срека последниве години тргна земјоделието. СИТЕ од мојата селска дружина имаат свој автомобил, на одмор одат во странство, повекето од нив студираат на приватни факултети, секој викенд се излезени некаде надвор од општината (понекогаш и 100 км оддалеченост). Да, работат на нива ама сопственици се, ако сака да седне ке седне, ако не му ре работи денес, ке си плати некој циган ке му работи. И на крај ке заработи 3000-10000 евра годишно од земјоделие зависи колку и што има посадено. Им се случува и повеке да извадат. Градскава дружина ниту еден од нив го нема тоа горе што наведов од имотот на селаните. Не работат земјоделие, 5% од нив се пикнаа во државна администрација а другите 95% црнчат како келнери, таксисти или евтина работна сила во индустриските погони. Во најдобра ситуација, заработуваат 2500 евра/годишно.

    Предности на градот - можеш да се запишеш на каков сакаш курс, да тренираш некој спорт, да научиш да свириш некој инструмент. Ретки се селата што го нудат тоа. До душа и не сите градови нудат секакви курсеви и можности. Затоа во Македонија за најдобри ги сметам градовите Струмица и Прилеп. Ни се големи (како Скопје), нит се мали (како Кратово на пример), сигурни се за живот, преубаво средени и имаат индустрија колку толку.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Во град и не би можела да се замилсам во село да живеам.Не можам.Живеам во малечок град но многу си го сакам .Можеш и во 3 часот да се вратиш сама дома без некој да ти направи нешто како што тоа не е можно во Скопје и некој други градови.Мирен град се на се .Го сакамм
     
  12. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    Живеам во град, но моите до некои нивни 4-5 години живееле на село. Така да имам и роднини по селата.
    Е сега јас лично никад не би го мењала градот за село.Викаат некои гужва, нечистотија, бучава и ред други работи за градот...Не би зборувала за други места да не импровизирам, но можам да кажам за козле дека е совршена населба за мирен и удобен живот.Значи можеш да имаш и простор и огромен двор и базент и тишина и место каде ке ти биде кучето и децата да трчкаат и ти да уживаш а сепак да си во град и да имаш се.
    Е сега за селото, знам дека има села подобри од некои градови да не бидам погрешно сватена.Ама сите оние што мислат дека ке си живем на село ке си гледам кравички, бавчички , овцички ... тоа и не е баш така едноставно.
    За тие животинчиња да си ги имаш треба да станеш во 4 за да се пуштат на пасење, па да се наранат, да се измолзат па тоа млеко треба да се среди нели, па уште ако си сакаш сиренце домашно ке ти треба еден скоро цел ден. А другото време слободно што ке ти остане ке треба да се помине во бавча за да се копа, да се ора, да се жнее, па да се наводнува, и останува дека немаш слободно време за себе. Е сеа не зборам за тие што си лешкараат и си читкаат книгичка дур мама и тато ги обавуваат горенаведените работи. Сакам да кажам според мене селото е совршено за одмор, за викенд но не и за живот, зошто знам како живеат повекето.
    И да не бидам сватена погрешно одам и јас на село. Секое лето сум во Галичник со недели, и тоа не би го менувала за ништо.Ама таму одам со друштво , правиме скара, уживаме, читаме книги, се одмараме.Затоа го сакам.
     
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    У врска со тоа дека вашите баби или дедовци чуваат крави,кози и свињи, ич немојте да се плашите, нит јадат нит се отровни. :)
    У врска со тоа селани и граѓани и граѓани кои се понашаат ко селани, имаше една членка нешто пишано, да не мешаме баби и жаби :!: граѓанин е секој шо живее у државава, не граѓани и селани, па поголем селанец бил граѓанин, ве молам.
    Јас сум постојано на релација град-село и пред 4 години ја уредивме куќата близу селото до нас, моите веќе тука си работат, си имаат бавча, на тато му е поблиску до фабриката каде што работи, и мнооогу е помирно за разлика од град.
    Сум запознала многу луѓе од секакви средини, и искрено тоа не влијае на нивниот карактер, дали си од село или град, него мислам дека влијае некој друг фактор таму некаде во мозочето.
    Со тоа шо некој можеби цел живот пасел крави не можеш да речеш дека е поглуп од тебе, оти он може не знае за излегување у викенди, ама и ти не знаеш како е да е така мачно на душичката оти нема работа.
    Имам МНОГУ, МНООООООООГУ пријатели од села, и сум била скоро кај сите, и дошле кај мене, и немате некоја разлика ко пред 100 години, не се чуваат крави по дворот. :lol: Не ве посматраат кози додека идете по пат и нема овца да ве разбуди на пенџере, не грижете се. :lol:

    Имам една познаничка која по цело лето е во село, мајка и потекнува од таму, а додека сме у град се прави некоја џемцка од не знам ти каква замислена класа, тоа не ми се свиѓа. :emo:

    Пред некој месец на пат за Полска, после граница, имаше села, абре луѓе, куќички прекрасни, сите исти градени, ко од калап редени дирек в земја со се темели, трева, зеленило наоколу, си пасеа крави позади, дворовите средени да ти е мерак, да можам таму да се преселам одма би.

    Па и срамота е, да ви кажам некое малечко детенце кога ќе види свиња за прв пат и ќе помисли дека е мечка. Тоа може е и вина на родителите, од многу граѓанство што не стигнале да му покажат како изгледа жива свиња, дека се крка само печено мевце дома. :D

    Ич не ми се допаѓа таа град-село поделба што се прави, не мислам од аспект дека има градови и села, него како се третира населението. Јас вака дека хипик у душа :D па сите поделби на срце. :rofl:

    Ајт, доста. :D
     
    На eloves, kravce и Serafima им се допаѓа ова.
  14. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    едно сум сватила и тоа е факт , значи зборам генерално општо - лугето во селата се мноогу по релаксирани тоа милион пати сум го воочила и е факт , мноогу се посрекни подрузелубиви потопли и ведри !!!!!
     
    На blond и Serafima им се допаѓа ова.
  15. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Ve citam i vi se cudam! Zosto da nemoze vo grad da se cuvaat zivotni i da se obrabotuva zemja? Zabraneto e? Cel zivot ziveam vo grad i se omaziv vo grad. I nemam nisto protiv lugeto sto ziveat vo selo. Koga bev mala doma cuvavme kokoski i zajaci. Tatko mi i den denes si sadi patlidzan, krastavica, brokula... i se toa vo grad. Babata na maz mi vo Sk vo centar cuvaat koza, kokoski, konj, prasinja, tele i obrabotuvaat zemja. Znaci vo golema zabluda ste deka lugjeto vo grad ne cuvaat zivotni ili obrabotuvaat zemja.
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Човек ќе излезе од село, ама селото од него не-во буквална смисла на збор :D
     
    На NORA17, anastasijaki и snegulkabela им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Цел живот живеам во град, во главниот. Навикната сум на животот тука, на асфалтот, загаденоста, неподносливите жештини сега во лето, гужвите итн. Го сакам Скопје, не живеам многу далеку од центарот и буквално се ми е на дофат, тоа го сметам за позитивна страна. Но и тука знае да биде досадно, џабе што е главен град, џабе што има скоро се. Монотонијата надвладува се почесто, и покрај толку места и луѓе не го гледам задоволството тука.
    Понекогаш сакам да отпатувам некаде, па нека биде тоа и во некое село, мирно и далеку од тука, да си го пуштам мозокот на пасење. Неоспорен факт е дека во селата животот е многу порелаксиран, но незнам дали би можела да живеам таму за подолго. Немам никакви предрасуди, туку мислам дека навиката си го прави своето. Сигурна сум дека турканиците и гужвите ќе почнат да ми недостигаат после десетина дена. Инаку се си има свои предности, и маани, и селото и градот, и крајно неблагодарно е да ги проценуваме луѓето според местото на живеење. Крајно време е луѓето да ја научат разликата меѓу "сељак" и "селанец".
     
    На NORA17 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    24.617
    Пол:
    Женски
    Имам куќа во село, не моја де, баба ми се таму,таму сум само еднаш неделно у посета, но искрено кажувам - да немав обврски со факултетов и да не требаше секојдневно да патувам за Скопје, ќе си земев парталите и ќе одев таму.
    Куќата е отсечена од "центаров" на селово,скроз е на периферија,нема околу луѓе,мирно е,рај за душа,би била луда да не сакам да живеам таму.
    Нема животни никакви,има само мини-бавчичка позади куќа,и тоа е тука колку за хоби на баба ми, нема што друго да прави. Зборот ми е, не е село само крави,овци,куќа од кал и слично - ги има сите услови за живот,што ги има и овде во град. Ништо подобро не ми е овде и апсолутно ништо повеќе не ми нуди градов.
    Но,обврски си се обврски и сум врзана тука.

    Туку,не знам колку е точно,гледав еднаш во емисија за Англија,еден човек кажа дека таму е ЛУКСУЗ да се живее во село, животот таму бил дупло поскап отколку во град..
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Живеам во село. Имаме голема куќа и бавча ептен мала, колку за занимација која јас искрено не ја имам ни видено. Мирно место е, немам многу комшии ама убаво е. Градот ми е оддалечен 5 минути со автомобил. Така ги избегнуваме сите метежи, гужви, галами на вечер. А имаме и голем двор во кој си играв јас а сега и моите помали брат и сестра. Не можам да се замислам како растам во стан без мој двор. Имаме и мал кафич кога одиме кога ни е мака да одиме до градот а ни се излегува. На вечер се собираме всело и баш е весело. Деца и млади од сите генерации играат кошарка фудбал и одбојка а постарите се седат на клупите во црковниот двор.
    Никогаш не би го сменала моето село за градски живот :)
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Разликата е тоа што во село е потивко,почист е воздухот,а во град е бучно воздухот е загаден итн.
    Во град секако за ништо не го менуват мислењето.
    Па тоа дали ке исчезме најмногу зависи од нас лугето.
    Не се исплака затоа што ако работиш во град за превоз ке трошиш многу пари а исто важи и деца кога ке имаш.....
    Придобивките се тоа што е мироно и е почист поздух,а недостатоците се тоа што нема трговски ,маркети како што има во гарадовите итн.