Се си има свои предности и мани. Според мене најдобро е да се живее во пригадска населба такви има доста во околината на Скопје, од неколку причини. 1. Потифко е нема толкава фрекфенција на автомобили, а со самото тоа почист воздух и помала бучава, која знае доста да смета особено летно време кога луѓето се по раздвижени прозорците отворени..... 2. Се живее во сопствена куќа, и се има поголема комоција немораш да се расправаш со оние од над и под тебе, има дворче каде можеш да излезеш и да си поседиш во интимна атмосвера а не да дремеш пред зграда или во паркови да зеваат во твоето деколте, или минич секакви манијаци. 3. Во приградските населби се исто така урбани средини во кои имаш се што ти е неопходно Продавници, амбуланта,редовни афтобуски линии доколку немаш сопствен афтомобил и да не набројвам се останато потребно за нормале живот, а од друга страна има помалку бетон повеќе зеленило она што го нема во градот. А за разлика од типичното село во приградските населби нема добиток, смрдеа од штали итн што е карактеристиука за тиичите селски средини. Тоа се неколкуте примери а ги има уште доста. Е, сега некои од вас можеби ги помешале тие термини па Сметаат дека доколку живеат во Ченто, Марино, Волково.... Живеат во град. Јас мислам дека живеење во град се смета доколку живееш во потесното гратско подрачје, на пример Центар карпош1 2 3 Капиштец, Кисела вода.... се разбира примериве ми се од Скопје, за оние кои што не се од Скопје, да знаат за што зборувам. Значи приградска насела е спој од едното и другото и затоа велам дека е тоа најдоброто решение.
нема врска град-село!!!јас живеев во село,сега живеам во приградска населба каде има се..ама луѓево не ја сваќаат разликата уствари и дека нема разлика а делеку од тоа дека луѓето од село се сељаци низ дворовите им шетаат животни,кога јас барем имама видено (не сакам да навредам никој) дека луге од село живеат по убаво и во поубави услови од некој во град си имаат кола убава куќа наместена и надворешно и внатрешно тип топ,а некој се прави на три и пол дека еј јас живеам во град а се бања во корито и живее во гз место!!треба да се свати дека условите за живот највеке материјалните влијаат,иако си во село ако ти имаш услови си имаш кола,плата солидна ке одиш кај сакаш и ке живееш како сакаш,а и во град може 100 трговски центри да има,и градинки ако немаш услови исто како и да ги немаа а нее финтата да одиш да се шеташ само од дукан до дукан (очи пуне руке празне) на какви места во шума буквално какви куќи има ама не ги интересира ех јас живеам во град да речат си уложил кај што сакал си ужива оди кај сака пали кола оди,на одмори во шопунг и си ужива во тишина дома и чист воздух мислам читам и стварно спореди некој има нз нема разгранчено СЕЉАК-СЕЛАНЕЦ гледањето македонски приказни изгледа лоша слика дава и за куќи и за патиштата во селата ,,но реалноста е друга
Живеам во село ништо не ми фали кога ќе ми текне идам у град и имаме добра куќа и двор за 2 згради али немаме крави прасиња само имавме зајаче имам другарки од град но кога ќе одиме кај една само вика полека не правете врева комшијата ќе ни дојде а кога ќе заспиам не сакам да слушам коли идат ваму таму али кога ќе дојдат моите и другарките на моите сестри уживат кај нас чист воздух надвор кога е времето убаво на скара кога паѓа снег шуми на бело а ние како мали деца на двор уживаме и на село традицијата подобро се чува али нормално нема бутици големи маркетии фитнес центри и нормално на села има комшиски муабети зато што у село пола од селото те знаат и ги знаеш комшијата ти доаѓа секој ден со новости али у мојата фамилиа сме учени секој ден или на гости или ни доаѓат гости
Живеам во село оддалечено за 5 минути со автомобил од градот. И не би го сменала. Излегувам во град, учам во град, претежно цел ден сум таму, ама кога ќе се вратам дома уживам и нема сосед кој ќе ми каже да го намалам тонот на музиката, нема дискотеки од кои нема да спијам цела ноќ поради трештењето музика, нема многу автомобили. Имаме голема куќа и уште поголем двор во кој пораснав трчајќи или играјќи си со кучињата. И јас и сестра ми и брат ми секогаш имавме слобода да излеземе надвор да се зашлапаме во калот и да си играме, нешто што мислам дека градските деца не го имаат поради поголемите опасности за децата. Не мора да значи дека во село живеат само сиромашни луѓе, припрости и само заглавени во работа. Моето семејство е баш добро ситуирано, а немаме ни кокошки, ни свињи ни крави. Ништо, дури ни ниви за обработка. Може да се каже дека живееме градски живот во село, т.е. во помирна околина
можеби во некоја приградска населба иначе баш во село не би сакала за постојано но би било добро да имам нешто како викендичка за да си одам и да останувам на 2-3 дена па и повеќе.
јас би сакала да ве прашам што би одбрале кога би имале опција, помал стан накај 50 квадрати во некоја градска населба или голема куќа на оддалеченост од 15-20км од градот, во село кое е доста развиено и ги нуди потребните услови. Јас лично сум сега во оваа дилема. Дали да инвестираме во голема куќа која не е довршена и бара уште инвестиции а е доста голема и е како што кажав на 15-20км од скопје или да земеме стан во град.Во куќата еден спрат би биле за свекор и свекрва, што можеби би било од помош во смисла на ручање кај нив, причувување мало дете, а во стан мора сам да си готвиш од кога ќе дојдеш од работа, и детето во градинка или да го разнесуваш по баби дедовци или да бараш жена да го чува. Иначе работам во град, баш во центар ама со кола сум, од една страна брзо се стигнува, негде за 20 мин од селово до работа, од друга страна трошек е па за бензин. Би сакала да добијам практични совети од феминки со искуство во овие работи, значи поминале или поминуваат низ овие работи, избор на дом, мали деца, работа, домаќински работи по дома...Што мислите дека е попрактично и би го олеснило семејниот живот? Ви благодарам.
јас сум повеќе за куќа а и како што кажа и не е кој знае колку далеку ниту пак заостанато-со оглед на тоа дека ги има сите потребни услови... (во нашата околина луѓето во село -не даваат по 300 денари за касетка јајца,месо,млеко...нема кој да им вели намали музика и слично...)
shtiklala да сум на твое место со оваа дилема (а до некаде и бев во слична ситуација) јас би размислувала вака. Значи 15-20 км од центар и не е нешто многу НО доколку пристојно урбанизирано. Не мора којзнае што, ни една скопска општина не е лепотица, но бар да има градинка, основно училиште и амбуланта. Понатаму да има добар пат и добра градска поврзаност со превоз (автобуски линии) Затоа што ти имаш кола, но твоето дете утре треба да оди на училиште и да излегува во град па ако немаш автобуси поштено ќе се изнамачите. И најважно куќата таму што треба да ја доградувате дали е имотно-правно решена. Односно дали е препишана на името на твојот сопруг, или бар делот што ќе го градите. Ако не е, ни во лудило немој да инвестираш таму, прво тоа да го средите, затоа што незнаеш што носи времето. Утре ќе имаат простор да те условуваат или ќе се јави брат, сестра која мисли дека заслужува делче. Јас бев пред слична дилема, дали заштедата да ја вложам во реновирање и доградување во куќата на партнерот (која не е поделена, и никој ништо не ти кажува јасно и гласно, туку туц-муц, аххх слоободно градете си вие, да да слободно, тука сме ние, немаме против и на првиот муабет да се сруши еден ѕид домаќинот рипна, епа сега зошто, не е потребно, дај не отварајте работа, тоа јас сум го направил на времето како што треба) и на крај пак да живеам во заедница . Нека фала. Вака сами сме си, слободата на одлучување е нешто што нема цена, а ќе си одиме на гости и на поседок во дворче дете да се истрча и ќе се помагаме. А на крај на ден секој по дома, добро де некогаш може и на спиење да останам не е страшно Можеш да си купиш станче на страната од градот кај што се наоѓа и куќата. Па полесно да ви биде за одење натака-навака и онака имаш кола не ви е проблем.
Во големите градови има се и сешто на секој чекор,во село можеш да имаш помирен живот,да дишеш здрав воздух,сето тоа е поврзано ни градот може без селото ни селото без градот. Добро е да се побегне од големите гужви да,ама да не биде некое "отепано" село кое едвај има 20 куќи,жал ми е за луѓето кои живеат во мали средини,и немаат можност да избегаат и да видат подобри услови на живот, барем да можеа да живеат во приградски населби,не во минијатурни села,ми се плаче кога ќе видам некое мало детенце кое нема услови да учи и е само без другарче,ваквите деца сите ги забораваме,тоа е најлесно сепак
Македонија нема услови за селско живеење. Селата ширум светот, наликуваат на најелитните скопски градски населби. Хипермаркети имаат на 5-6 километри близу до барем малку поголемите градови, така што апсолутно ништо не им фали од современиот живот, а се далеку од бучава, гужва и автомобили. Во Македонија, не ми паѓа на памет да се заакам у некое село да живеам, да се нервирам секој ден зашто некој алчен селоначалник не сака да направи асфалт, водовод, а да не збориме за некој „лускуз“ од типот на интернет. Најубавата локација за живеење во Македонија во моментов за мене е Дебар-маало, парк позади Жабарот, градски ѕид на некој милионити кат високо или некои такви локации кои гравитираат околу строг центар, ама од западна страна.
Ау не, никако. Имам викендица во село нооо не сакам да живеам таму. Се чувствувам како да сум во Чернобил два изолација бетер. Да е село некаде на море па да има и по некој кафич,ресторан ајде би било во ред, но кај нас никако. Катастрофално е, неможам да го поднесам мирисот на кокошките, мирисот на канализацијата, водата никако.
Колку погрешна претпоставка имате за денешниве села, тоа е чудо. Не можам да зборам за другите, ама за тоа каде што јас израснав (10км од Скопје) можам. Има баш се, од продавници, сендвичари, училиште до 8-мо одделение, канализација, прилично чест автобуски превоз, парк, лулашки за деца, амбуланта, аптека, интернет итн. Скоро се. Му фали градинка, ама и тоа планираат да го направат. И не, скоро и да нема домашни животни, барем кај мајка ми во околината нема, освен можеби по некое прасе и кокошка И што им фали на луѓето што живеат таму? Мислите дека би им било подобро во некој стан од 50-тина квадрати, на нив кои се навикнати на огромни дворови и куќи, само за да бидат дел од "урбаната" средина? Ви се молам. Јас 11 години живеам во стан во урбана населба и не гледам дека нешто животов одеднаш ми станал подобар. Предноста на урбаните населби и градови е во тоа што (барем јас така ја гледам) имаш продавници кои се отворени цела ноќ (иако во последниве години стана реткост да начекаш некоја да работи после 12ч) и редовни и чести автобуски линии. Друга разлика не гледам. Од друга страна, селото како такво си има предности во поглед на огромните дворови, за кои и да живееш во населба во куќа можеш само да сонуваш. Кој не живеел во куќа, не може да сфати. Јас планирам повторно да се вратам да си живеам во село. Ќе си изградам куќа за едно 30.000 - 35.000 евра каква што сакам. За тие пари, ни една гарсоњера не можам да купам. Е, ај видете го сега есапот?
Потполно се согласувам со мислењево. Нашава куќа на село, ја споредувам со станот на тетка ми, во град. Секако дека нашава куќа е поубава, поголема, за секој има посебна соба, посебна кујна, трпезарија, дневна, 2 купатила. И што ако е на село ? Еве почнаа да ни прават сега спортска сала, школото ни е супер, патовите се асвалтирани, има парк, продавници. До нас е планината, секогаш кога сум нервозна со другарки одам на една лединка, од таму се гледа цело село. Прекрасен свеж воздух, прекрасна гледка, плус се гледа и аеродромот, и кога ќе видеме некој авион, си се качуваме и гледаме како слетува Прекрасно е и за учење таму. Братучед ми секогаш иде дома кај нас, пошто тој е на факултет и може да учи колку што сака, се е мирно и тивко, најблиските комшии ни се на 100 метра од нас И не се срамам од тоа што сум од село, еве гордо си кажувам- Од село сум ! Тоа што имаме бавча дома, цреши, сливи, праски, јаболка, кајсии, јадоди, и што треба да ги бериме- воопшто не ми пречи ! Им помагам на моите родители ако има некоја работа. Можам да си чувам миленичиња во дворот, да им правам куќарки, да ги шетам низ двор Прасиња ? Кокошки ? Имаме! Срамота ли е ? Еве ова е мојот прекрасен живот на село, и никогаш не би се преселила во град. Задоволна сум од овој селски живот
Живеам во град и го мразам!!! Катастрофа е... Досадно ништо неможе да се прави, седиш пред компјутер или учиш. Со тоа поминав цели 13 години... Но, сега ќе се преселам во населба, таму е убаво не е ни село ни град и тивко е. Ама, мене нема никогаш да ми се оствари желбата да живеам во село, со секакви видови животни, а посебно прасињата. Ги обожавам многу се милички и слатки.... Моите трети братучедки имаат фарма и кога бев таму РАЈ!!! Прекрасно, си ги галев животните ги хранев и ич не се чувствуваше смрдеата од животни. (иако мене не ми смета) Затоа СЕЛО ФОРЕВЕР!
Па незнам во селото може да нема толку коли и е помирно но сигурно нема толку трговски центри. Јас би живеела во село но само ако има најмногу пола саат до градот. А инаку јас многу сакам да живеам во мирен дел кај што нема многу коли.
Јас живеам во село и баш ми е убаво,и имам и интернет и компјутер и се....Многу е помирно во село одколку во град...