Налетав на темава па ајде да искоментирам Јас би живеела во село, но село е релативен поим. Дали село како приградскиве населби што ги викаат села или село во вистинска смисла на зборот со земјен пат непристапен во зима кога ќе навее 1м снег. Јас сум од Скопје цел живот живеам тука, и сакам да живеам во село, на пример селата на периферијата од Скопје, каде што има повеќе од добри услови за живот, оди автобус, оддалечени се 15-20 мин од градот имаат училишта, градинки, маркети, продавници накратко кажано сите услови за современ живот.
Темава се загубила изгледа. Живеењето во град си има свои предности, како супермаркети на секоја страна, сѐ можеш да најдеш кога и да ти е потребно, асфалтирани улици, фитнес центри, болници каде за секој има по нешто. Секако, дискотеки, пицерии, народ секаде. Да се дружиме, убаво. Но, воздухот е повеќе од загаден, луѓето се лицемерни од премногу комуникација со сите, животни нема, мотори брчат на сите страни, журки има до раните утрински часови и тоа смета, бидејќи некој во тоа време треба да стане за на работа. Во село повеќе се слуша звукот на кокошките, отколку на луѓето. Секој има своја бавча, лебот е домашен, нема ништо направено од прашок. Тивко е ноќеска, освен што може да се слушне завивањето на волците и по некој бумбар. Што може да е лошо? Миризбата на свињите. Не се дише од тоа чудо. Од кога видов свиња жива, паштети не јадам. Мувите во лето. Бидејќи најчесто летно време се јаде надвор, на тераса, целата храна ја лазат муви. Бљак. Ноќно време, во собата има повеќе бумбари, пајаци и комарци од што има виљушки и чинии во кујната. Зимно време, има греење само во една соба, каде што е "бара". Во собата не се дише, а надвор ако излезеш ќе замрзнеш. Од покривот може да прокапи кога има поројни дождови, па канчиња, па сешто. А да не заборавиме дека нема излегување од дома сѐ додека патот не се исуши бидејќи ќе ги переш патиките после. И двете опции имаат свои маани и предности. На поединецот е која маана помалку му смета.
И животот во село и животот во град има свои предности и недостатоци. Спред мене, не е битно каде ,битно е да се има нешто свое, односно сопствен објект за живеење.А за далечина, и во градот не е се блиску,така што со волја и добра организација се може да се среди.
Од здравствени причини, или подобро кажано заради ниската загаденост на воздухот е подобро да се живее на село. Зарем има нешто поубаво од чист воздух, и правење на прехранбени продукти за домашна употреба, ако се чува живина. Затоа јас повеќе преферирам ваков стабилен здрав и мирен живот, надвор од градскиот колосек, ама ете за жал живеам во град. Па, ако не ништо друго, постои бар една придобивка од животот овде, а тоа е превозот. Не патуваш толку долго за до одредена дестинација, и не менуваш повеќе од два автобуси.
Постојано налетувам на вакви коментари, и еве не можам да останам рамнодушна на фактот дека вие имате тотално примитивна слика за живот на село. Јас живеам во село, и не ми е срам. Значи сликата дека во село немаме асфалтирани улици, продавници, училишта и слично ви е многу, ама многу нереална. Има уште и такви села, не велам не. Но, да расчистиме. Ако живееш во село не значи по дифолт дека МОРА да чуваш домашни животни, да садиш пиперки и зелка и слично. Ало бе луѓе, и ние дома имаме интернети и телевизии, и ние носиме модерна облека, и ние се образуваме во училишта и има трилион пати по интелегентни, цивилизирани и културни луѓе за разлика од некои со демек градски манири. Не генерализирам, ниту имам намера да навредам некого од град, само сакам да ви ја доловам поентата. Еднаш имав прилика да чујам коментар како тоа ние од селата не сме знаеле како е да бришеш прашина секој ден. Мислам, вие ова сериозно? И ние живееме сосема нормален живот во селата, освен што некои работи се на поголема оддалеченост како банки и такви работи. Престанете со такви ограничени размислувања и не ги делете луѓето по тоа од каде потекнуваат. Не може да сме сите од град така? Како што не сме сите од Париз, на пример. Уште повеќе ме иритираат луѓе од село што сами се омаловажуваат и се чувствуваат мало, ситно и просто поради тоа. Мене местото од каде што потекнувам не ме дефинира како личност. Ништо лично, ама зошто мислите дека летно време јадеме само на тераса? Вие од градот не излегувате на тераса да јадете? И како што кажав, немам намера да навредам некој од градот, зошто мене местото на потекло не ми менува ништо.
Јас до 6 години одев во село, и можам да кажам дека ми беше убаво таму. Живеев со баба и дедо и секогаш јадев свеж зеленчук, овошје, млеко, месо, леб по цел ден си играв надвор, а навечер си седев на компјутерот или на телевизорот. Одев и во градинка (да, имаше градинка) бидејќи баба ми и дедо ми работеа. Секогаш ноќеска беше тивко, откога децата што си играа криенка ќе се прибереа. Сега живеам во град, на главна улица, и е многу побучно, но има повеќе продавници, установи и слично. Сега да живеев во село немаше да ми биде толку убаво, ќе требаше да патувам за нашколо, ќе немаше кај да испаѓам и слично. Иначе уште одиме во село секој викенд и си носиме јадење, не само за да не трошиме пари, туку и затоа што домашното произведено е стопати поубаво од вештачките, а и секое лето сме таму, помагаме со тутунот. Мислам дека ако си пензионер, поубаво ти е да живееш во село, а за помладите, зависи до карактерот..
Да ги прашам ГРаЃанките, посебно оние во Скопјево смрдено!! Од каде ви (ни) е потеклото А? Со каква работа се купија силните станови низ центаров? Од пиперки и зелка драги мои. Е сега големината е кога ќе те прашаат од каде си и ти онака гордо: Од Скопје БЕ!! Море марш. Леб ќе немаат да јадат, ама битно во град се. И тука нема муви оти тие умираат од смрдеата. Нема мирис на стока, ама нема ни на трпезата да замириса на прасешко или јагнешко, оти низ модерниве месари месото го носат од ПМ, целото канцерогено и да не се расплинувам многу.
Град, и тоа не заради ''срамот'' од живеење на село или помислата дека таму се чува добиток, се садат разни работи по нива и сл. туку од моето скромно, но многу вредно искуство заради ставовите и размислувањата на луѓето кои што живеат на село, посебно од постарите генерации. Значи запрепастена бев од некои размислувања, барања и очекувања.
Дали индивидуата ќе живее во град или село, дефинитивно зависи од многу фактори. Не секој има услови да живее во град или пак во село, а желбата е друга работа. Се’ има своја предност и своја аномалија, па и ова. Во град има многу повеќе услови за се’, но за сметка на тоа имаме многу загаден воздух, почва, вода со премногу хлор, бука итн. Во село, условите се малку ограничени, но има чист воздух, еколошки здрава храна, тишина и други предности. Изборот е индивидуален.
Кој начин на живот ви се допаѓа повеќе? Лично јас иако сум родена во голем град само маштам да живеам у некое мало селце кај што ќе чувам куче и ќе имам голем двор со овошки
Па можеш и во град да си најдеш куќа со голем двор. И јас имам овошки јаболки вишни..Ама имаме мака со косењето трева и одржувањето. Маж ми има алергија па татко ми се грижи за дворот кога може А живеам на 2км од Центар. Моите исто живееа многу блиску до мене сега се преселиа накај Радишани. Веќе имаат мака со продавницата дека е подалеку, а богами и со петловите наутро И ние гледавме плац но кога и да идам таму се повеќе сфаќам дека таму не би можела да се прилагодам.. А не па село
Изборот град или село зависи од личните погледи, интереси и перспективи. За некој предностите се недостатоци и обратно.
Кога би живеел сам, би сакал некаде блиску до центарот да сум. Кога веќе би живеел со некој друг, или би имал фамилија, скроз надвор од град.
Родена во град и израсната во центар, цел живот навикната се да ми е блиску. Сега во Скопје, зашто живеам на релација Скопје и мојот град, убаво ми е. Ама во Скопје дефинитивно сакам на помирно место. Скоро се преселив, и сфатив дека претходното место повеќе ми одговара, поглед, природа. Е сега дали би живеела во село... Голем дел од селата се урбанизирани, а воздухот е далеку почист, и помирно е. Сепак, не би можела да живеам на село од причина што обврските ми налагаат да бидам во град. Ама би сакала, викендица или куќа на село за да одморам, па ѝ месец дена да седам таму. Селата од каде што потекнуваат моите предци се многу живописни и автентични. Едноставно човек да се заљуби таму и да ужива во прекрасната природа и многу историја што имаат да понудат. Мислам дека ова е прашање на вкус, но и потреби. Село или град, сѐ си има своја убавина.
Секогаш би избрала село пред урбана средина ако има услови за тоа али ако веќе е во градот да е негде каде што не е место кое е многу прометно пример некоја уличка што изглегуваа на улица која пак искача на главна улица значи споредни улички доаѓаат во предвид само.
Во град. Од причина што сакам се' да ми е блиску, но голема желба имам за викендица во село. Да одморам одвреме навреме од гужвите, да уживам во природата и мирот.
На моите им е многу битно да не е многу подалеку од болница/амбуланта за тоа што се луѓе во години, плус навикнати се веро да им е на 2 мин пешки. Да не беше тоа ќе си дозволев и на помало место