1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живеење во село или град?

Дискусија во 'Дом' започната од izaaaaa, 21 март 2011.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.035
    Допаѓања:
    168.139
    тури си цистерна и хидрофор и ке си имаш притисок
     
  2. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Ај, многу смешно навистина. Немам друга работа па со цистерни ќе се расправам. Вината е кај Водовод, не можат да наплаќаат иста тарифа, а да не обезбедат ист притисок. Како и да е, ова директно нема врска со темата.
     
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    54.941
    Пол:
    Женски
    Би живеела во село какво што е ова во кое живеам. Основните работи ги има (маркет, продавници, пошта, амбуланта, аптеки, заболекар, училиште... имаше и банка ама ја затворија), ама и да треба да завршиш друга работа во град, има поголем град на само 20 минути со кола (а и редовни автобуски линии). Во големи градови ко Скопје што се вели се патува истото време до центар. Има и кафичи, млади луѓе, не е толку запустено. Во некои помали градови што сум ги посетила нема толку живот.
    Ко бев мала повеќе луѓе чуваа стока, сега на прсти се бројат тие што живеат од тоа. Повеќе од земјоделие живеат ама засега толку сме "урбанизирани". Фала богу основните услови за нормално живеење ги има.
    Мене ми е побитно да имам природа во близина, макар и пешки да се оди дотаму. Да биде мирно на вечер исто така.
    И во град би живеела ама единствено ако морам, како на пример за работа.
     
    На Dudo, hermosa и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.035
    Допаѓања:
    168.139
    Меме тоа ич не ме интересира
    Не гледам што е смешно во мојот одговор
    Ја ти пишав дека за убав притисок има начин и ти пишав кој е
    Повеке од тоа не навлегувам
     
    На Bebac и Dust им се допаѓа ова.
  5. *Evce*

    *Evce* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo.Neznam temava dali e za tuka bidekji sum nov clen, ako ne e dali kje moze da me upatite kade. Sakav da prasam me interesira dali ima mesto sto se prodava vo selo malkovec-kicevsko.Blagodaram.
     
  6. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.053
    Допаѓања:
    15.659
    Пол:
    Женски
    Јас да имам финансиска можност без да размислам идам на село. И тоа некое село каде што има мал број на жители.
    Е тоа ми е во душата.
     
    На Bebac, hermosa и Dust им се допаѓа ова.
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    3.522
    Пол:
    Женски
    Во помал град идеално. Каде што има услови ама не е загадено и пренатрупано.
    Особено за тие што работат од дома е супер.
    Чистиот воздух и мирот се непроценливо нешто.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.298
    Пол:
    Машки
    Би избрал во село, но да има инфраструктура, да е планинско, да има жители и туристички знаменитости.
     
  9. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Vo selo nekoe svajcarsko planinsko, sto pomalku lugje da ima :D
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.013
    Допаѓања:
    48.873
    Пол:
    Женски
    Град дефинитивно.Навикната сум на гужва, на смрад, на тоа се` да имам околу мене.на село може после 50 таму, да одмарам
     
  11. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Село си е село, јас моето не би го дала ни за 1000 Швајцарии, хахха ем сум на 5 км од Центар, ем на чисто, ем големо дворче полно со цвеќе, пиеш кафе сабајле во пижами надвор слушаш врапчиња и дишеш чист воздух, појадувач свежо набран зеленчук од бавчата и си правиш овошна слата од свежото овошје во градината, Водно ми е до мене, (што би рекле кај нас до газот) на 15 минути одење пешки, мирно тивко, рај за душа, имаме се, продавници, амбуланти и др. ама немаме банки, мада во Центар сум за 5 минути со кола и не ни треба искрено банка, а од цело тоа највеќе си го сакам патлиџанот од бавча ( без хемикалии и пестициди) вкусот е незаменлив ❤
     
    На ALISA0000, Snowflake97, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Сопиште?
     
  13. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Ахам
     
    На Dudo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Доста се качија цените таму на земјата инаку бев во план за една куќа да си направам.
    Мислам дека во моментов е најдобро место за живот во куќа (во Скопје) а сепак во близина имаш урбана средина.
     
  15. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    16.915
    Пол:
    Женски
    Ова твоево баш не е село-село.Чим центарот е пет км не е проблем.Најчесто селата се на периферија.
     
  16. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Сопиште сега не е село но староседелците уште село си во викаат
    Не е баш село ама можеш да си правиш селски работи како на пример да си садиш Македонски биткоин(краставица).
     
    На simona_baby и Kbr им се допаѓа ова.
  17. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Блиску сме до град да, до пред неколку години бевме она типично село, сега малку сме урбани, ама ипак сме си село, секаде постоиме како село, уште менталитетот ни е селски хаха, иако сме блиску до центар нема куќа каде што нема бавчичка, хахх, сега што не се чиваат животинки инаку до пред неколку години и тоа имаше, ама сепак не би го дала за ниедно друго село
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Забрането е кокошки да чуваш?
     
  19. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    За кокошки незнам ама кози овци и таков крупен добиток не смее, а кокошки имаш у село колку сакап од најмали до најстари хахаха
     
  20. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    2.343
    Не би живеела во село и не ги разбирам тие што живеат во село, крави ли молзите -(без навреда) :D