Не е поентата дали сме се разбрале, имаш право да мислиш шо сакаш, си праиме муабет, еве ја лично си кажав шо ми дојде на темата, не докажувам никому ништо ни дали го разбирам или не, само си давам мое мислење. Не е толку сериозна работава...
Епа еве не знам, како ова да го сфатиме? Што сакаше да кажеш и прашаш? Доврши, а не ако немаш понатамошен аргумент, толку. Доискажи се.
Леле, какво е тоа грижење за здравјето, и како влијаеш на тоа дали ќе бидеш здрав или болен за дете? Муабетиве ти се стварно, шбб, кбб. Има една, имаше рак, се оперираше.Она нешто напраила за да ја има болеста? Ти со твоето шбб кбб, повеќе знаеш како и е нејзе, со стравот што ќе биде со детето нејзино, ако утре ја нема? Да, живееме за децата, даваат магична сила да не мислиш примарно на себеси, туку на импактот од твоето постоење или непостоење врз тоа дете. Магична сила да се бориш, за нешта од кои би можел и да се откажеш , кога не би било тоа дете. Не дека е секогаш така де, ама така јас ја разбирам сентенцата - живеам за децата. За да живееш и се бориш ти треба смисла во животот, мотив и сила. А поголема смисла и мотив од дете, ваљда не постои.
валјда природно ти доаѓа така, немам уште родено дај боже се да е во ред ама еве во бременоста јас 90%од времето мислам за бебето, се што правам внимавам за него, работи за себе па и да не гледам. Мерак е, љубов е и природно си доаѓа. А мислам живееш за нив во буквална смисла. Зошто онака некогаш ќе си помислам страв компликации од пораѓаи си викамшто сака нека биде со мене само тоа да е живо и здраво. Така да живееш. Кога ќе се веќе родени и ќе ги растеш сигурно 10000%повеќе
Не. Деца сакаат среќна и исполнета мајка. Не значи ако се запустиш и се предадеш само на децата дека си подобра мајка од онаа која си го гледа и своето задоволство.
80 посто и јаче од тие шо да кажам на француски не си ги сакаат децата ( да, има такви ), е оти лошо се удале, или па родиле само колку да не ги остаи гревот. А другите родиле оти така морало. Децата не се за ништо криви, нит па побарале да се родат, и родителите не се жртвуват и други патетични изјави, него си ја исполнуваат родителската должност. И да, треба да се има јавен дискус за тоа кој треба, а кој не треба деца да има у цивилизирано демек општество.
Додека се мали децата нормално е све да се врти околу нив, све да биде за нив, и сите наши мисли се натаму насочени. Ама, не би требало да се единствената цел на нашето постоење. (иако додека се мали така ни се чини и така некако му доаѓа). Бидејќи децата ќе пораснат, времето лета, и што после ни останува, откако децата ќе продолжат со нивниот живот? Значи, во пошироката смисла не треба да се изгубиме во децата. И себично би било целата сопствена среќа да ја ставиш на нивни раменици, сѐ што они ќе направат да е причина за твоја некоја теоретска несреќа. За мене лично се сосема две различни работи, што сѐ правиме за нив, колку ни се менува животот, фокусот, но нашите лични желби за нашиот живот остануваат наши лични желби. Треба баланс, како и за сѐ друго.
Жените често се замозалажуваат со тоа живеење за децата само за да им биде ветар во грб од ненормални мажи, за да оправдаат токсичен маж и да го спасат бракот. Многу чести се оние бракови каде неретко раѓаат второ, па и трето дете со цел спасување брак. Што е ова, ако не злоупотреба на тие деца? Верувам дека е посебна поврзаноста кога мајка носи дете и кога истото го гледа како расте, ама исто така многу од жените мајки не се свесни дека детето како дете еднаш ќе порасне и истото треба да биде самостојно. Тоа живеење за децата не би требало буквално да се толкува, на крајот на краиштата тоа дете ќе порасне и ќе зачекори само, инаку како би станало независно? Многу мајки користат ние, не знам, мене тоа ми е некој несвесен потег и одземање на индивидуалноста (без разлика колку банално изгледа).
Кога тоа дете ќе порасне и ќе треба да платиш за него во хотел како за возрасен, тоа е веќе друго Фала богу, и јас на 45+ сум и дете на мајка ми, ама не влегувам баш во дефиницијата ,,дете,, Не мислам дека за такви ,,деца,, станува збор.
Многу си го комплицирате животот и мислите пред време. Моментално има грото жени што се борат да дојдат до тој "проблем" наречен како темава. Не, нема да е крај на свет ако станеш мајка. Која драма сте..
За ова не се согласувам. Сметам дека треба да му се суди некому ако упорно прави деца и не се грижи за нив, ги остава ко животинчиња, свесно уништува туѓ живот. Утре тие деца ќе бидат дел од ова општество, ќе функционираат околу нашите деца, и општо ниту едно дете не заслужува дисфункционално семејство, затоа и те како е битно кој треба а кој не треба да стане родител.
Немам деца ама со партнерот го замислуваме животот на идното дете, каков/каква би бил/а, каков живот би живеел/а, како би се снашле ние како родители, што ние се би направиле за тоа дете. Многу одлуки кои ги правиме сега, ја вклучуваат опцијата и дете. Замисли уште не е зачнато, а мислиш и се ќе дадеш за него. Сакаш се да има. Кога ќе го дадеш последното од тебе за него, не е пожртвуваност туку љубов. Само што луѓето ги мешаат тие два поими, особено себични родители кои целиот свој живот го калемат детето по нивен тертип, и кога ќе дојде некоја угорнина во животот знаат да им го преречат тоа на детето “знаеш ли јас што се направив за тебе.” Таквиот калибар на родители го нарекуваат ова пожртвуваност, бидејќи детето ниту штрк го донело, ниту самото одлучило да се роди.
Не е себично што сакаш да живееш и за себе – тоа е нормално и здраво. Родителството не мора да значи дека тотално се губиш себеси и постоиш само за децата. Да, децата бараат внимание, љубов и жртви, но ако родителот целосно се запостави, и децата растат со пример дека животот е само „жртва“
А што имаат врска твоите проблеми со темава? Се подразбира дека не може животот да ти е скроз ист пред и после деца. Што воопшто те буни?
Мислам дека грллов само погрешно се изрази луѓе. Да, кога стануваш родител се менуваат многу работи, не си ти приоритет веќе, туку тоа мало суштество на кое му треба водич кон животот. Најчесто запуштени жени се оние кои немаат помош, зборсм најчесто, затоа што едноставно не постигаш да направиш се. Ќе нараниш дете, избањаш, заспиеш, нешто за по дома и толку. Темава може да биде прилично интересна ако ја водиме во правилна насока. Што со оние жени кои веќе не се истите, што тема на муабет е само мајчинството? Што претходно од средени жени, избањати, исфарбани, нокти средени, издепилирани, сега веќе се препуштиле на природата? Пред да тргнете да нападнете, да, средена жена е чиста, избањата жена, не мора да е фарбана и нашминкана. Но, толкав израсток црн на плава коса не е средена. Јас така го сфатив постот на грллов, бидејќи на почетокот бев стварно катастрофа. Што би рекла грл, запуштена. И сама така се осеќав. Немав време да јадам, да исфарбам коса, да испеглам, нокти.. Да бидам мама ми беше прво во животот, што после депресивни напади, сфатив дека не му кратам ништо на детето ако користам саат време во денот за мене. Без никаква помош го чуваме синот, маж трета смена.. Немам време да се распишувам повеќе, ќе се надоврзам понатаму..
Вака. Не можеш да родиш деца и да си живееш за себе. Децата се голема и одговорна работа. Ајде да почнеме од самите себе. Дали нашите родители не родиле и не оставиле сами да се снаоѓаме а притоа си живееле тие за себе или ни се посветиле нам да израснеме во нормални воспитани и морални луѓе? Поради живеење на родителите сами за себе нивните ќерки немаат самодоверба се наивни и трпат тортури. Поради живеење на родителите сами за себе нивните синови се деликвенти јер тука се мама и тато да платат за нивните грешки. Значи на темава треба длабоко да се размислува. Не само така кажи си. И тоа дека ние ако имаме деца сме се забаталувале.... значи факт е дека не можам секој ден да се фенирам или туширам и дека не можам да излегувам на кафе по 3 пати во ден ама дека еднаш со друштво со мајки со деца ќе излезам да. Дека ќе имам време да пешачам да. Никој не се залежал не се заборавил до тоа ниво да речат луѓево леле колку се забаталила