Живеење за децата или за себе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GirlLove, 15 септември 2025 во 23:47.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.347
    Пол:
    Женски
    Факт е дека животот се менува кога ќе добиеш деца. Не може да остане ист како претходно бидејќи имаш некој што зависи 100% од тебе, барем првите години. Приоритетите се менуваат, желбите и можностите исто се менуваат, цел живот се менува. Не треба да се запоставиш себе до тој степен да им станеш роб на децата и да немаш сопствен живот, ама не треба ни максимално да живееш само за себе и да ги запоставиш децата и нивните потреби. Златна средина е неопходна за да имате здраво и функционално семејство.
    Денешниов начин на живот за жал, многупати диктира и наметнува екстреми. Во трката за пари и подобар живот најчесто страдаат децата.
     
    На riba79, senjorita-v, Cherry333 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Се во свое време.
    Одма се фаќате за влакно, а темата можеше слободно да се насочи поинаку.
    Тргнувајќи од себеси, живеам за себе, истовремено живеам и за децата, нема тука нешто измеѓу.
    Како што кажа некој погоре, првите 2-3 години, си повеќе фокусиран на децата, но како растат и се повеќе самостојни, така и мајката добива повеќе време за себе.

    Секое излегување сама, го цениш повеќе. Слободното време за себе го цениш повеќе.
    Децата се една необјаснива сила, пример јас, кога бев студент и кога имав слободно време на претек, оценките ми беа крш, полагав колку да положам.

    Кога станав мајка, имав уште 17 испити, единствено слободно време ми беше кога ќерка ми ( бебе) спиеше.
    А јас учев. По кратко време го родив и син ми, со 2 деца на мала разлика, успеав да дипломирам. Со оценки далеку повисоки од оние, кога не знаев што да правам со толку слободно време.

    Децата треба да се инспирација, и се инспирација. За поубаво да живееш за себе, а и истовремено и за нив,
     
    На Cherry333, Snowflake97, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    11.328
    Пол:
    Женски
    Еве и јас дипломирав, положив за кола, почнав да вежбам, се откако ги родив нив, до пред тоа сум правела работи што немаат врска со мајчинство, ама децата ме направија подобар човек!
    А, не да ми каже некој како себично гледа на тоа да си мајка, дека не сака таков живот, а кога она се жали како не ја прифаќаат со психички дијагнози, како она се жали на пријателите, па не ја ислушувале, и не знам што останато, зошто сега кажува дека не сака да ја слуша другарка и како се жалела, и требала да мисли на време пред да има деца. Значи кога се работи за нас нашите проблеми ни изгледаат најголеми, а за другите баш ни е гајле..

    И грллов замисли да си со тоа психичко стање како сега, и да имаш уште две души кои чекаат и зависат 100% од тебе, замисли само! Колку е тешко да се распаѓаш во себе, а да дојдеш дома и да треба сите обврски да ги завршиш и да им се посветиш максимално на нив, а притоа и сфаќаш дека поради нив и ќе станеш, и ќе направиш се што треба, и ќе излезеш од тој зачаран круг, и ќе се бориш да ја победиш секоја сјебана препрека што ќе ти застане на патот, прво заради нив, па после заради себе.
    Затоа не треба само да кажуваме како тоа на нас ни е најтешко, и никој не не слуша кога му се жалиме, некогаш треба да бидеме и добри слушатели!

    Измешав милион ствари, ама мн ме погодуваат вакви работи, затоа размислувајте пред нешто да пишете!
     
    На senjorita-v, Ouravanture, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.885
    Допаѓања:
    23.864
    Пол:
    Женски
    Многу нормално дека децата се приоритет.

    Ама дека треба да се живее за децата? Тешко. Затоа што еден ден ќе си тераат свој живот и ти ќе немаш за што да живееш. Па ќе им се лутиш ако нејќат внуци да ти родат, пример.

    Јас сум про модерно родителство :D, дека децата како растат треба да знаат дека мама и тато се свои личности и треба да имаат време за себе, а не само жртва, жртва, жртва.
     
    На senjorita-v, Snowflake97, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    11.328
    Пол:
    Женски
    Ама додека пораснат? Колкy време е тоа, знаеш?
    Додека се изградат како личности, со карактер, пола живот во нивно воспитување ќе ми помине, што е и нормално. Мама и тато имаат живот, излегуваат кога дозволуваат обврските, секако не секој ден, зошто детето е примарен приоритет.

    Модерно родотелство, џентл парентинг, или што ти знам друго што, е многу лесно вака од страна да се наметнува, тешко е утре на свое дете сето тоа да го примениш, многу тешко.
     
    На SummerGirl, Emy867 и M&M им се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.118
    Допаѓања:
    155.048
    Пол:
    Женски
    Чиста логика, немаш деца па имаш деца, нормално дека е разлилно, многу.
    Колку и да звучи простачки искрено ми се... да не кажам што од муабети од овој тип. Мајките се запоставувале, се ставале на второ место, не знаат за ништ друго да зборат, се жалат и така натака...
    Јас не се сеќава стварно пред да родам дека сум се замарала со тие што имале деца што зборуваат и како живеат. И константно напаѓање ако ви е тешко што сте раѓале. Да некогаш е многу тешко, некогаш знаат да ме извадат од кожа, и да нормално е некогаш да се пожалам и да сум нервозна. Ве нервираат и родителите некогаш, и пријателите, тешко ви е на работа, на факултет, па ќе се пожалите, аман дел од животот е, не мора се одма на тапет да се става. И нормално е да те фати некогаш носталгија за безгрижните денови од младост. Сега ми се они приоритет и не можам да си го замислам животот без нив.
    И да секако, не е задолжително секој да има деца и секој да сака да има.
     
    На SummerGirl, senjorita-v, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.268
    Допаѓања:
    176.633
    Пол:
    Женски
    Како родител, нормално е приоритетите да ти се за заштита и воспитание на детето. Та потреба иди од внатре, особено додека детето е мало и му треба целосно внимание.

    Ама, смисла на животот да е некој друг - секогаш можи to come back and bite you in the ass. Најголеми проблеми со ментално здравје имаат stay at home parents кои един фокус им се децата, често не ни работат, не се социјализираат, дури ги ставаат децата пред својата партнерска врска (самиот чин на одење на работа, волонтирање, излегвање и со не родители - е дел од возрасна социјализација; одење само на play dates со други родители е пак за детето, не за родителите). И кога, природно, децата растат и се осамостојуваат, тој родител кој своето постоење го врзал со постоењето на децата - има страшна криза по ментално здравје. И ова е очекувана криза. И после тука ги имаш тие родители кои не можат да се одделат од детето и место да растат самостојно дете, растат дете кое секогаш ќе биди зависно за нив. То се тие родители кои се караат со партнерите на нивните деца, за вниманието на нивните деца. И се то зошто децата ги ставиле во центарот на животот предолг период. Подолг од очекувано во најмала рака и целосно, дури и кога имале шанса за време за себе - не ја земале.

    Нашето општество е дете центрично. Јас знам дека кога би имала дете би се опседнала со него. Хел, имам мачор и сум мамичка и пол, со кризи зошто имам јас подолг живот оти не знам како ќе се справам ментално ко ќе го нема. Па логично ми е дека со човечко суштество ќе ми е уше полесно да го ставам во центарот на мојот живот. Е са, дали е то исправно? Оти има разлика да се грижиш, да го сакаш детето, да прајш се шо е исправно за него; од то да ти е едина смисла за живот и то е такво скалило погоре шо носи до се ова шо пишав. Ама, не сум изненадена од одговорите. Како шо реков, ние сме дете центрично општество. И јас осеќам ова шо го пишите.
     
    На SummerGirl, senjorita-v, Srckata28 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    2.830
    Љубовта кон децата е таа што ги тера родителите секогаш да ги ставаат нивните потреби и желби пред своите. Тоа е безусловната љубов која, според мене, почнува да се гради уште во моментот кога ќе посакаш да станеш родител. Иако сè уште немаме деца, со маж ми веќе некое време се обидуваме. И верувајте, нема поголема желба од тоа да се оствариме во таа улога. Во мигот кога ја осознавме оваа наша потреба, целиот живот почнуваме да го планираме и да го приспособуваме во таа насока, за подобра иднина, за дом исполнет со смеа, љубов и топлина. Двигателот на сето тоа е невидлив, не се гледа со очи, ама се чувствува со сето срце.

    Но, да се живее за децата не значи дека треба да се изгуби индивидуалноста на родителот. Напротив, најважната лекција што може да им ја пренесеме на своите деца е тоа дека е важно да се грижиме за себе, за своето здравје, да ги негуваме своите желби и понекогаш да си се почастуваме со тоа што го сакаме, да негуваме пријателства, хоби, па и кариера. Да им покажеме како може да се избалансира сето тоа, затоа што децата не треба да гледаат родители кои се изгубени и исцрпени, и се откажале од се, туку исполнети и стабилни родители кои се пример за тоа како да се живее еден исполнет и балансиран здрав живот. Исполнет родител = среќно дете.
     
    На eliesaab, Mumoftwo30, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.551
    Допаѓања:
    17.172
    Превземено.

    Откако имам дете, сфатив дека, во очите на општеството, мајките не можат:
    - Да се жалат (кој те тераше да раѓаш деца? )
    - Да плачат (Зошто плачеш? Мислеше дека е лесно? )
    - Да се уморни (Уморна од што? Ништо не правиш! )
    - Да спијат (Мрзлива си! )
    - Да се одморат (ќе имате многу време за тоа откако ќе порасне детето)
    - Повторно да бидат бремени (Дали сте луди?) Уште колку деца ќе сакате?
    - Да се откажат од работата (Како ќе го поддржите партнерот?)
    - Да работат (кој ќе се грижи за твоето дете? )
    - Да ги остават децата во градинка (Друг ви го гледа детето!!)
    - Да се биде домаќинка (Сиромашен сопруг, премногу работи, а жена му останува дома!!)
    - Да се биде сингл (никој не сака жена со деца)
    - Одење на забава (го остава детето за да се забавува).
    А знаете што е полошо?
    90 % од овие фрази ги кажуваат други жени.
    Да научиме да се поддржуваме и да бидеме повеќе емпатични едни кон други.
    Шириме љубов и позитивни мисли! ❤️
     
  10. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    2.830
    Тоа е заради тоа што општеството има нереални очекувања од мајките. Да се пожалиш и да плачеш не те прави помалку мајка, туку човек. Исто и да се умориш. Да оставиш дете на неколку часа во градинка не е предавство туку здрав и разумен избор, а да не зборам дека и за детето е подобро да се социјализира уште од мало и постепено да стекнува индивидуалност. Дали ќе бидеш домаќинка или ќе продолжиш да работиш е твој избор и нема потреба никому да даваш отчет. Сите овие работи се легитимни, човечки и здрави.
     
    На eliesaab, SummerGirl, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.340
    Допаѓања:
    9.467
    Пол:
    Женски
    Фразата живеам за детето страшно ме иритирала уште и кога не бев мајка, исто и сега сум со истиот став.
    Порано кога не бев родител, мајка ми и татко ми често го кажуваа тоа "ние за вас живееме", "за вас работиме, за вие да имате" и јас секогаш се нервирав од таа изјава нивна, во глава постојано ми се вртеше мисла зошто живеат за мене, они немаат ли свој живот.

    Сега кога сум јас мајка, разбрав дека тоа живеам за детето некој го сфаќаат буквално, и 100% се вложуваат во таа улога на пожртвуван родител, и кога децата ќе пораснат они им набиваат вина со ставот, "јас цел живот го посветив на тебе, ти сега вака ли ми враќаш"(ова од искуство лично зборувам, а и кај повеќето што "живеат за децата" свесно или несвесно истото го прават).

    Е сега јас како мајка ќе кажам дека јас не живеам за моето дете, колку и себично да звучи оваа реченица.
    Ама тоа не значи дека мене детето не ми е приоритет или не ми го променило начинот на живот.
    Живеам за себе, ама под тоа себе спаѓа и грижата и доброто за моето дете.
    Кога е болен јас седам и се грижам за него, кога е гладен јас му давам да јаде, излегуваме, шетаме правиме работи заедно, ама тоа не мора да е стрикно детска активност секогаш.
    Има време за него кога му се посветувам, ама си организирам и време за себе. Во животот некогаш колку и да правиш баланс секогаш нешто мора да трпи на крај.

    Друга работа што исто така ме чуди и ме нервира се мајки што освен тема на муабет децата, друго не можеш да направиш, а едно добри 80% се такви, и јас сериозно избегнувам такви седења со мајки зошто ми делуваат опседнато со тоа што имаат дете/ца, центарот на светот им се децата, живот надвор од тоа не постој демек.

    Така да за крај ќе кажам само едно. Живејте за себе прво, зошто само кога живееш за себе можеш да бидеш добар родител.
     
    На eliesaab, SummerGirl, boo3 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    99.732
    Ако си самосвесна колку си правела и правиш (или не правиш, зависи), ич нема да те тангираат вакви коментари. Треба да го научиш тоа, ама сериозно.
    Во врска со се' цепидлачиш и си го земаш здраво за готово, како се' да е за тебе.

    Кучињата лаат, караванот си врви!
    Рекол, не рекол, близок, далечен...терај си агендата. Уште подобро ако близок ми рекол, па и јас да можам да речам шо имам.
    Да ми олесни и да си продолжам ЈАС КАКО САКАМ И МИСЛАМ :)
     
    Последна измена: 17 септември 2025 во 09:57
    На SummerGirl, M&M, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.787
    Допаѓања:
    3.513
    Пол:
    Женски
    Ни еден момент не аум помислила на мене. Се е за децата, и косатаа кога ја фарбам е за нивни или наш роденден. Почнаа да ми викаат мама дотарај се и излегуваме. И дотерувањето ми е за нив им светнат очињата кога ќе ме видат во фустан. Секојдневно сум бушава, слабо време за мене, уствари тое е тоа времето за мене они се дел од мене. Ручекот дома тоа е време за мене, домашни обврски и тоа е дел за мене. Мали ми се децата нека уживаат во мир и хармонија. Какви ти се мислите таков ти е животот.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl и senjorita-v им се допаѓа ова.