Колку сакаш осекќај се спремен, никогаш нема да си скроз. И да, тешко е со деца. Налет основни потреби. Јадење пиење, спиење. Сите сме свесни за тоа.. Воспитување, обликување на детето. Двоумење, сомневање.. Знаеш што ти прави на мозокот? И да живеам за себе. Ама пред да дое часот да живеам за себе, мора човечето да биде намирено. Ако имам 10 минути за бањање, човечето ќе го избањам. Јас можам уште еден ден со собрана коса, или ќе одберам помалку сон и ќе се избањам на полноќ. А ако не можеш да се замислиш забаталена, работи повеќе, печали за дадилка оди средувај се колку сакаш. Ама верувај ми е дека дај боже ако сакаш да имаш деца, да имаш, да видиш како приоритетите и погледите ќе ти се сменат.
И за децата и за себе треба да се живее. Ако живееш само за нив, ќе се изгубиш себеси. Ако живееш само за себе, ќе им недостасуваш на децата. Најдобро е баланс некој децата да се сакани, а ти да не се заборавиш. Тоа знам и верувам дека е тешко. Иако јас сум релативно млада мајка, искрено многу ми е убаво што ја добив оваа улога. Да кажам дека сум видела све и свашта не можам, ама боже мој тоа е моја одлука и мислам дека никогаш нема да се покајам за тоа. Мојата е само месец дена, уште не сум влегла во некои подлабоки води на родителството. За сега само ручка спие плаче. Да сум се заборавила себе си мислам дека не сум, иако првата недела премногу ми беше тешко и одлучив да се соземам. Можеби затоа што имам и помош, ама ете. Битно ми е да сум добар родител и исто така ми е битно моето ментално здравје.
Браво, кратко, јасно и реално. И тоа од млада мајка. Многу ми е мило што слушам созреан одговор од помладите генерации. Биди ни пример, на сите. Секоја чест.
Со самото раѓање на детето децата веќе почнуваш да живееш за децата сакале ние или не. Нормално колку се помали толку се повеќе зависни од нас и целото време што ни е слободно е насочено кон нив. Време за себе 0 како растат така е слободното време се зголемува и имаш повеќе време за себе па така таа 0 станува 10,20 .... Ете ќе земам пример со Моите деца веќе школски па времето додека се во училиште после работа си го посветувам за себе во теретана и после теретана се зима дете од училиште првото ми е веќе големо 12 год па само се враќа. После 16 часот јас веќе си се посветувам на децата учење помош околу домашни спремање ручек за другиот ден и така натака. Секогаш добра организација и желба можеш да постигнеш се ама да пркнат децата.
By КЕРБЕР Офф топик Ако децата се носеа на овој свет од љубов а не од интерес за да се омажите, или како отскочна даска... Светот ќе беше поубаво место за живеење.
Работата е дека секој сака да живее и за себе, но со мали деца, ај некој да ми објасни, како да му кажам дека мама сега сака да се посвети на себе и ќе те разбере. Кое е тоа бебе или тодлер што ги разбира овие работи?! На крајот од денот, секогаш постои опција да немаш деца. И имаш и опција не да живееш, туку да се преживееш пред раѓање на деца. Колку пати ќе решам да се посветам на себе и на маж ми, ете ќе се разболи или ќе излезе нешто непредвидено. Земав ден одмор само за мене и маж ми, бам, температура. Што требаше да направам, ништо не ти е, снаоѓај се, мама денес треба да се посвети на себе и татко ти. Не сфаќате дека, не е дека некоја мајка не сака, туку среќа што повеќето се свесни дека потребите на децата, во родителството, се на прво место. Многу е лесно да се паметува и да размислува како ќе се однесуваш пред деца. Прелесно е. Ама реалноста е, сосема нешто ново што до сега никогаш не си го искусила. И ќе се приспособиш на новонастанатата ситуација. Децата се приоритет и се живее за нив. Можеш да живееш за себе и додека живееш и за нив. Само не како претходно, модифицирано. Одам на работа, за слободно време, се снаоѓам, кога треба нешто да се дообразовам, го правам тоа, кога ќе заспие, кога треба да јадам, ќе јадам, ама прво ќе помогнам на тој некој што му треба помош да се најаде. Лесно воопшто не е, ама изводливо и со многу тешкотии, што всушност и ти го градат карактерот и те прават посилна. Посветена мајка, планини може да придвижи. Нема што не може потоа. Затоа што кога не можела како, наоѓала начин да може и ќе успее. Поголем мотив да успееш за некого што безусловно го сакаш, нема. Практично, успех е за цела фамилија. Ќе звучам како што звучам, роди, па дрндај како треба. Не за тебе лично, за сите што кажуваат како треба, а не знаеш што и како те очекува кога ќе родиш. Цела библиотека прочитај ја, нема никогаш да бидеш спремна за она што те чека. Тоа е најиндивидуално чувство што постои и нај,,што е ова, не пишува во книга вака, Верче комшиката ми кажуваше така" чувство што некогаш ќе го имаш.
Не знам што толку се налути. Убаво пишав, како расте детето, повеќе граници поставуваш со него, што е природно затоа што станува посамостојно и имаш повеќе време за себе, ама некои не го прават тоа. Еве јас како ќерка имам некои примери - кога пораснав, мајка ми, ми раскажува дека никаде не сум ја пуштала да оди сама со другарките и кога ќе сум чула дека има план, сум ја молела да остане. И таа останувала. Значи испланирано било, имало кој да ме чува, таа останувала затоа што сум ја... прашала. Мене ми е тоа несфатливо и малку токсично, затоа што сега нејзе и е криво што јас не сум дозволувала, а сум била само дете, како може јас да одлучувам. Нити верувам дека би имала траума да ме остави. Исто, кога пораснав, јас сама сфатив дека не ја познавам мајка ми, ја знам само како мајка, не знам ништо во врска со неа карактерно и која е она навистина, затоа што таа константно беше во улога на мајка. И многу пати го имаме водено тој разговор со неа и она сфати дека сум во право, со години не била ништо друго освен мајка. Не кажав дека треба да приотизираш self care рутина од 20 минути и дека ќе можеш да спиеш 8 саати со бебе, туку дека не се живее за деца. Не се останува во брак заради деца. Не се седи дома заради деца. Не се живее за внуци. Не се живее за детето да ти заврши факултет. Даваш се од себе да го израснеш, но не се губиш себеси. Ако ти значи нешто перспектива на ќерка која е сега самостојна и посакува мајка и да не се изгубила во мајчинството (за нејзино добро).
Ако себе си се сметаш дека добро те одгледала, не мислиш дека сепак нејзината посветеност те довела да се реализираш како самостојна жена, девојка, што и да е? Си и била приоритет, затоа останувала покрај тебе. И моето дете ми е приоритет, нема вечно да остане дете, ќе биде возрасна личност, на која нема да сум толку потребна. Затоа е и родителството жртва, да си свесен дека некој зависи од тебе и од тебе зависи што човек ќе излезе од неа/него. Ти посакувам да поставиш приоритет врз себе, ама нештата во животот не се воопшто како кога не ги искусуваш.
Извини, ама побитно ми е мајка ми да била среќна и во други полиња додека ме израснувала и општо да имала и други работи освен мајчинството. Тоа не е здрава жртва. Џабе си дрска. Чаос.
Моето дете е мојата најголема среќа. Само што јас го изменаџирав него во мојот живот е не обратно. Одам на сите места кај што јас сакам кафичи, паркови на водно сегде иде со мене во кенгур или колица. За ништо не ми е пречка напротив дури и мотивација од кога е роден станав пре организирана особа стигам се да постигнам и дома да средам и да го прошетам не ми е проблем никаков и со саати да го носам во раце да играме игри да се бркаме. Ниту друштвото го баталив напротив и он доаѓа со нас и е омилен меѓу моите другарки сите по малце ќе го поддржат и оп поминале 2 саата ја на раат кафето. Ако ми се оди во дискотека што е исклучително ретко тука е маж ми да спие со него или мајками. Секогаш дома имам ручек и секогаш имаме време за прошетка. Дури и испити полагам учам ноќе до 4 сабајле. Се е до вас ако сте мрзоволни и без енергија ќе ви биде тешко. Детето се што сака е да си игра со вас не сака ни пари ни скапи одмори само вашето време и љубов но секако ќе платите со вашата енергија.
Еден аплауз за тебе! Ама подруго е кога си робот. Учиш до 4 сабајле спиеш до 8 па стануваш полна енергија. Па вечер пак исто енергија полна, концентрација максимална. Браво! Кој ни е крив на нас обичните луѓе што ни треба 6-8 саати сон и пак не постигаме се. Ете мрзливи и неорганизирани сме биле
Е малце. А кога ќе престане да ти седи во колицата? Да, си беше еднаш еден тодлер, кој беше мирен додека мајка му си пиеше кафе со другарките. Можда, со коко мелон на рипит. Патем, на работа идеш?
Никогаш не сум му пуштила цртани. И тодлер е 15 месеци има оди сегде не ми дава да дишам . Работам онлајн.
На што поточно да поработам ? Како да се наспијам за 4 саати како за 8 ? Како изгледа еден твој ден? Стануваш после учење до 4. Бебе 15 месеци полно енергија бара доручек па почнуваш да работиш онлајн, не пушташ цртани. Ти правиш пресметки на компјутер (претпоствка за твојата онлајн работа) бебе те тегли за панталоните да си играте. Па на пауза ручек правиш. Ова 8 саати. После работа прошетка, играње, а чистењето во меѓувреме. На крај од денот кога сите се подмирени седнуваш да учиш со концентрација до 4.
Според мене многу е погрешно да се каже "живеам за децата", не никој не живее за децата, секој човек има свој живот и јас и децата, само моја одговорност е јас да се грижам за тие деца, да ги воспитам, да им бидам пример каков човек треба да бидат, и покрај родителите да стекнат здрави навики и најважно да им се даде слобода сами да одлучуваат за некои работи (нормално според возраста).. Точно и дека не треба да се биде себичен, ама тоа не значи да се запоставиш.. Се се може кога се сака и деца да чуваш и да одиш на работа и да имаш време за себе, ако тоа го правиш со љубов. И ако имаш добар партер покрај себе со кој заедно би се грижеле за тие деца се станува уште по едноставно. Дури и самохран родител ако сака и доволно се потруди и знае да си го организира времето, ќе најде време и за себе и за децата. Не е лесно да се чуваат деца тоа сигурно (иако немам уште јас), ама најважно е да се прави се со љубов, а ако гледаш на децата како товар или мислиш дека мора се да се запостави поради децата секако дека ќе ти биде тешко..