Живењеето за децата е штетно за децата. Родителите мора да најдат и моменти за себе инаку децата нема лесно да го изградат своето „јас“. Не е лесно да се живее со наметнатото чувство на вина оти родителите не постигнале да направат нешто додека трчале по децата. Задушува. Децата чувствуваат притисок да го направат она што родителите не успеале. Ако не успеат и тие, се чувствуваат невалидни и се плашат дека ќе останат без потпора.
Драга моја - дотерај се. Стави од карминот, исчешлај се поинаку, облечи ја омилената облека. Купи ја омилената облека. Оти секако сѐ исто ќе тече. И работата пак ќе тече, и децата секако ќе пораснат, луѓето секако ќе те одминат и заборават, и пак нема да бидат благодарни. Затоа, не мисли се. Времето секако ќе врви. Барем тоа нека биде со кармин на чашата вино.
Па штом работиш онлајн, нормално дека имаш повеќе време и си во предност. Што читам, уште сериозно пишуваш дека сите други се мрзливи, лол.
И јас знам таква ,има дома работа од 2 часа на ден,и секој ден кажува како некои не посветувале време на деца.Ало жено свести се и ти да бидеш отсутна по 10 саати од дома,реално превоз до работа и назад,без спремање кај ќе беше.Па после муабет не готвела дома,не учела со дете,аМА ХЕРОЈ МАЈКА,одбегнувам кога можам. Одговор мој не живеам за децата,тоа е себичност до максимум да си се занесуваш дека ти сим им центарот на светот и страшното кога ќе пораснат во пубетртет НЕ ГЛЕДАЛЕ МАЈКА ДОВОЛНО. Друго зборување множина,ние одиме на музичко,на фудбал,англиски.Неточно детето оди ,ти го носиш и го малтретираш и го влечеш на се што ќе ти текне.Добивме петка по математика,ох жалосно ти можеби тројки имаше ?Ама детето добило некоја оценка со врски де,се одлични и умни се рагаат сега,НЕМА ОЦЕНА -ДОБАР ИЛИ МНОГУ ДОБАР.
Кога сме одлучиле да ги створиме значи треба и да живее за нив да се бориме да ги изведеме на правилен пат но не значи дека треба себеси да се запоставиме