1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живеење под кирија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 15 август 2015.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Не видов ваква тема. Што мислите за живеење под кирија. Тука мислам семејство да живее долги години под кирија. Отсекогаш сум мислела дека тоа е многу тешко, голем стрес. Што мислите вие?
     
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Уффф.... Јас имам живеено под ќирија 4 години како студент, во стан со цимерки. Некако се истрпи , ама семејство под ќирија не знам како би било . Еве гледам има околу мене такви примери . Мислам дека се зависи од примањата. На пример во другите земји сите живеат под ќирија, ретко кој има свој дом но и примањата им се големи. Ако немаш избор, што ќе правиш.
     
    На Esmeralda-MD, kala21 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Ginger^ во други земји во Западна, Источна па и Централна Европа, а особено во Скандинавските држави, луѓето живеат под кирија бидејќи така е поисплатливо и попрактично за нив. Данокот на имот, одржувањето на домот, сметките кај нив се неверојатно високи, па средната класа живее на тој начин.
    Тие живеењето под кирија не го постоветуваат со немаштија и понижување.
    Но, повисоката средна класа и оние над нив, неретко имаат имоти во периферијата, каде одат за викенд, за време на одмор, бидејќи тогаш сакаат навистина да одморат од асфалтот. Додека, поради работата се врзани да живеат во градот, под кирија.

    Нашиот ментален склоп е таков, па седењето под кирија се сфаќа како понижување.
    Слободно можам да кажам дека во помалите градови, каде нели секој, секого знае, срамота е млад брачен пар да живее под кирија, бијдеќи свекорот и свекрвата имале толкава куќа.
    Oд друга страна, има повеќечлени семејства кои немаат друг избор, освен да седат под кирија, на неколку години да се преселуваат од едно на друго место, но ситуацијата е таква каква што е.
     
    Последна измена: 15 август 2015
    На eloves, Esmeralda-MD, galapce и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски

    Така е, но сложен пар куќа гради, велат. :)
     
    На artemidis и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Ginger^ секако, со тек на време, некои работи може да се средат. Се разбира, колку си спремен да се жртвуваш и да вложиш.
    Денес под кирија, но некој ден, во своја куќа или стан, свој газда, ќе си живееш во мир и спокојство. :)
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па одреден период ако мора да живејш под кирија од некои причини кои само семејството си ги знае зошто да не,не е лесно да се одлучиш нечиј џеб да го полниш со пари искрено ама некогаш луѓето немат избор...
    Мојата тетка жевееше под кирија повеќе од 10 години и морам да кажам дека се измачи,не толку поради седењето по туѓи куќи, туку поради не согласувањата во семејството одреден период кои ги имаја.
    Сепак беше храбра и борбена и имаја среќа тетин ми што работи во државна фирма па си зедоја стан на исплата,не му беше ни тоа лесно да го издржат но фаламу на бога издржаја си го исплатија,и тоа му беше најдобра одлука искрено парите што ќе ги даваја за плаќање кирија тие си плаќаја рата за стан нивни фактички си го откупваја...
    За тоа што ќе кажат луѓето незнам ни зошто се замарате,најважна е состојбата на вашето семејство и слогата во него,да све здрави живи и сите на број мене многу ми е гајле каков е менталитетот тука,луѓето од надвор нема да дојдат дома ни да ми ја платат киријата ни да ми ги решат проблемите,така да да не навлегваме во малограѓански муабети....
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Незнам што е тука исплатливо и практично ако фрлаш пари во ветер и на крајот на животот пак немаш ништо.Единствено што би се сложила е тоа дека цената за квадратен метар е многу висока на запад и во скандинавските земји и затоа можеби изгледа дека е неисплатливо купувањето на сопствен стан. Секако дека влијание има и културата и начинот на кој ги перципираат работите лугето таму и тука.
    Таму на пример многу поголемо внимание посветуваат на квалитетот на живеење исхрана облекување ,посетување на театар.... Додека кај нас повеќе се обрнува внимание на она што ќе го оставите позади вас како матрејално добро.
    Добро кај ќиријата е тоа што даваш помала сума месечно и остатокот го користиш за квалитетен живот а кај нас цел живот си ускратуваш на се буквално само да би имал кров над глава и нешто што ќе е твое и ти ќе си го уредиш онака како сакаш.
    Според мене ова нашево ми е по ок за разлила од западњачкиот начин на живот. Една работа што заборавив како да ја наведам како основа за тоа да не купуваат сопствен стан кај западњаците е тоа што таму градовите се огроми и при промена на работно место мораш да менуваш и стан па додека го продадеш стариот и купиш нов ти треба и нерви и време бидејки никогаш неможеш да ја добиеш вистинската вреднос за она што го продаваш. Да не зборувам ако поради работни обврски мораш да заминеш во друг град. Додека кај нас е поинаку, ние многу се врзуваме за место луге.... и тешко ни е ако од еден крај на скопје ни понудат подобра работа на другиот крај а да смениме град на живеење е просто мезамисливо. Замисли на професор од скопје му понудат работа во Кратово, тој без размислување би одбил бидејки замисли човек од Ск да се пресели во такво мало гратче. Ние овде всушнос со потценување гледаме на малите места, мислиме ако не сме во Ск не сме битни што е сосема пигрешно. Тоа би било она што би сакала да го кажам на оваа тема иако има тука уште многу аспекти кои не ги спомнав па се надевам во некоја наредна прилика ќе ги опфатам и нив.
     
    На little women, Esmeralda-MD, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Strumka22 бидејќи си навела дел од мојот коментар на темата, а не си ме означила, јас самата ќедополнам.
    Средната класа во Скандинавските земји не фрла пари во ветер, туку нив им е неисплатливо да купат куќа за која ќе даваат огромна сума на пари за данок и за одржување, а нема да живеат во неа се додека не се пензионираат. Тие имаат пракса да штедат пари, па кога ќе се пензионираат купуваат нова куќа.
    Тие не оставаат наследство, тие уживаат во него, а ги оспособуваат децата сами да направат пари, па да ги вложат во што сакаат,

    Кај нас, кога луѓето имаат пари, инстантно вложуваат во куќа/ стан, како што кажа и ти самата вложуваме во недвижен имот кој "останува" како наследство, а притоа истиот трпи амортизација, па кога ќе биде наследен вредноста не е ни на половина.
    Далеку сме ние од тој стандард и менталитет на Скандинавците.

    Туку, да напоменам дека ова што го објаснувам, не е од мое лично искуство, туку искуство на мој професор на факултет кој живеел таму неколку месеци, кој впрочем горенапишаното го дополни со бројки.
     
    На WarriorAngel, eloves, kanella и 8 други им се допаѓа ова.
  9. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    На почетокот кога се веривме со маж ми, отидовме под кирија да живееме, на почетокот беше тешко и стресно да, бидејќи почнуваш од нула, меѓутоа еве по неколку години веќе правиме свој дом, така да уште кратко ќе бидеме под кирија...
    Не се исплати да фрлаш пари во празно за кирија, кога можеш истите пари да ги дадеш за да си отплатиш свој дом на рати.
    Зборувам за семејство под кирија, не за студенти. Има голема разлика од едно до друго:D
    Искрено многу е тешко да најдеш солиден стан, со пристапни цени, кој што би бил погоден за едно семејство со просечни примања да речеме да има нормален живот.
    Тешко е да, ретко кој се решава на таков чекор, ама мирот дома е незаменлив:)
     
    На BlackNight, galapce и LUCERKA им се допаѓа ова.
  10. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    @jovanovska94 Не те означив затоa што не беше конкретна реплика туку мое мислење за оваа тема.
    Што се однесува до твојот последен пост мислам дека грешиш околу твојот став за темава. Не велам дека не е точно тоа дека лугето на запад живеат под кирија, туку погрешен е твојот став што велиш дека е неисплатливо инвестирање во недвижнини и дека тие наводно ги учеле децата да сами си заработат. Прво колку и да е скапо таму не може да биде нереално скапо како тука бидејки се работи за регулиран пазар за разлика од овде. Но велам, колку и да е скапо секако дека на долги стази е поисплатливо да купиш стан во кој најмалку 2 генерации ќе го поминат животот, отколку тие две генерации да даваат пари а на крајот да немаат ништо.
    Суштината е во нивниот егоизам а не во тоа дали е нешто исплатливо или не, егоизмот е тој кој што ги тера да го поминат целиот живот трчајки по пари а на крајот на денот да немаат ништо.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.182
    Пол:
    Женски
    Додека студирав во Скопје живеев под кирија. 3 пати сменив стан, како наоѓавме подобар стан со цимерките така се селевме. У глобала не беше лошо, потсредено со намештај што им бил за фрлање коа реновирале во станевите во кои газдите живеат ама подуправен, подзакрпен, дотеран... И цели години беше се во ред, кирија и сметки платени на време, проблеми со газди и комшии немавме, се додека не дојдеше време за иселување. Е више тогаш беа други причи, тогаш се наоѓаше по некоја сметка недоплатено, по некоја кирија заостаната... Последната газдарица ни бараше пари за радиодифузна а сметки немаше. И реков дај ги сметките од коа сме вселени ке ги платиме ... па вика од кај да ги побарам... епа викам од таму кај шо ке и побараш јас таму ке и платам. Претпоследниот газда пак ни најде некакво си порамнување за вода па испадна дека треба да платиме плус 1500ден за вода. Мала сума, уште помало коа ке се подели на 4ца ама што би напраил човек со тиа 1500? Ништо... само ке си ги влоши односите. За негова несрека на едната цимерка татко и работеше во водовод кај нас па праша кај своите колеги што е проблемот со сметката, кажаа дека е заостаната сметка од 2009, 3 години пред да се вселиме во тој стан, па тој им рекол да ја вметнат во последната сметка.
    И подобро би живеела во гарсонера него ли под кирија. Не сакам да бидам ограничена со рокови кога да се вселам/иселам, кога сметки да платам, па некој да ме проверува како го одржувам просторот за живеење, ма да во ред е тоа да си се грижат луѓето за нивниот стан, сите не водат исто грижа.. Под кирија не можеш да менуваш врати, прозорци ако старите ти се излетени и фурат од секаде, не можиш да си реновираш, ништо. Џабе фрлаш пари поарно кредит да си отплакаш со тие пари.
     
    На Rubiii, BlackNight, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Strumka22 ти размислуваш како типичен Македонец, обрнуваш премногу внимание на она материјално што луѓето го оставаат зад себе, она што е опипливо.

    Данокот на имот овде е со некоја прифатлива сума, но верувај таму сумите се вртоглави и дефинитивно неисплатливи.
    Втора работа е одржувањето на таа куќа, па ако кај нас фасадата се реновира кога веќе е како далматинец, ваму дупка, онаму боја, на трето место малтер, Скандинавците рановираат на неколку години и без да има видлива потреба, одржуваат градина итн. Исто како и автомобилите, кај нас се возат додека не зариба моторот, а кај нив додека да поминат одреден број километри.

    Кај нив не живеат две генерации заедно. Кога младите стануваат студенти, излегуваат од тој дом, наоѓаат свој, а се враќаат само за семејни ручеци и викенди.
    Родител во Македонија кој нема да му остави ништо на своето дете е егоист, мисли само на себе и свое уживање и лагодно живеење и т.н.; родител во развиениот свет кој ќе го направи истото е совесен родител кој го оспособил своето дете за она што го носи животот...
    Само направив груба споредба, а разликите се огромни.
     
    На eloves, Sanjichka007, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Ај да разрешам една дилема, ако може :)

    Прво, не е воопшто точно дека на скандинавците им е неисплатливо да купат стан, туку многу понеисплатливо е да живеат под кирија. Уствари, ќе зборам за Шведска, не знам како е во комшии :) Разгледуваме услови за купување стан, па од лично искуство се податоциве, не е тресење од ракав или искуство од некој друг.
    Многу често се селат, без разлика дали се под кирија или купуваат-продаваат стан. Менуваат место на живеење што заради работа, што заради школо на децата......Цената на кириите е огромна, исто и цената на куќа или стан за купување, но кредитите кои ги даваат банките се многу поисплатливи и подостапни за луѓето. Каматата е некаде отприлика 2% годишно, но обично фирмите си имаат посебни договори со банките за вработените, па имаат и многу поповолни услови за кредити. На пример, на пријателка како вработена во одредена фирма со која банката има договор има 1,1% камата на износот на кредитот годишно. Друго, кредитите ги даваат со рок на отплата од 50 години. Трето, вредноста на станот никогаш не паѓа, може само да расте, без разлика дали станот е нов или стар. Колега на сопругот лани купи стан, не знам точно з акоја сума. Пред некој месец викнале агент за недвижнини да им го процени станот, сега им вреди нешто повеќе од 50.000 евра од цената што ја палтиле пред година и некој месец. Не реновираа ништо, само искречија и нови тапети ставија :D Секаде има посебни давачки кои се малтене повисоки од износот на кредитот. Многу се вложува во одржување на зградите и на просторот. Ако евентуално некој го реновира станот, си плаќа се сам, со тоа што на крај на годината осигурувањето му исплаќа 70% од износот за реновирањето. Немате претстава колку брзо се продаваат становите овде. Има огромна побарувачка. На пример, еден од становите кој ние го гледавме и ни се допадна беше некаде околу 250.000 евра. Киријата за таков ист стан (со вклучени сметки и комуналии) не е помалку од 2000 евра месечно. А ако се има кредит и се отплаќа рата, сосе сите давачки некаде околу 1500-1600 еврa би било отприлика. Барем нас така би ни било, со сегашната ситуација, со надеж дека ќе се промени што поскоро, односно јас ќе почнам да работам, па би имале поповолни услови.

    Овде ништо не е срамота, освен живеењето на грб на родителите.
     
    На golemiotmalisan, Biljarkata, okcenzi и 19 други им се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Sto da kazam na temava 3godini sme pod kirija i kirija si e ne e tvoe,razlika i toa golema.
    Kako devojka si bevme vo kujca so moite ama mazena sme pod kirija,dom tvoj ama isto vremeno ne e tvoe,nema pravejne se sto si naumil (za ureduvajne i sl)
    Vo plan sme da si kupime so mm kujca i taa so kredit ama nema nikoj da ti rece ne toa ne ova,tvoe si.
    Iskreno tuka podobro da si zemas taka oti ke ostane tvoe a vaka plajkam kiria samo i nisto,se nadevam na moe vrabotuvajne pa da se plati pobrzo(ako ispaden se kako sto planirame :)
     
    На Esmeralda-MD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Од мое досегашно искуство како студент можам да кажам дека живеењето под кирија кога имаш обврска да учиш е тешко. По цел ден на факултет треба да си одиш дома, мора да си го планираш времето за кога да одиш да платиш сметки, кога да го викнеш газдата за кирија.. да не коментирам како ништо не е функционално 100 проценти... или машината за перење е стара и не ги мие убаво алиштата или има лебарки во станот или капе вода од бојлерот... На газдата не му се даваат пари за сето тоа убаво да си го среди, ако му кажеш нешто ќе промрчи како демек ти среди го ( ете ова ми се има случено и јас викав мајстор да поправа).
    Поубаво е да си имаш твое место или да си живееш со родителите. Сигурно домашните нема да дозволат да капи вода од чешмата или било каков дефект. До сега не сум сретнала студент под кирија без вакви проблеми :) значи до луѓето што ги издаваат становите под кирија е... не се трудат се да е како што треба па после ако има штета тој што живее е крив. Е не е така, прво среди го како што треба па издај го под кирија !
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас не знаев дека живеењето под кирија било срамота. Не крадеш, не лажеш, чесно си го плаќаш местото за живеење. А со оглед на тоа колку луѓе живеат така не знам и како е можно тоа да е срамота. Многу луѓе некој период од животот го поминуваат под кирија, дали студенти, дали млади брачни парови, дали луѓе кои ги снашло некаква тешкотија. И апсолутно не гледам што е срамота во тоа.
    Нема ништо понижувачко, да, ама е чиста загуба на пари. Даваш само пари, а на крајот немаш ништо од тоа. Е тоа е жалното. И јас и мм живеевме некој период така, ама решивме да бараме друго чаре, месечно 7500 на кирија ни одеа, без сметки. Што воопшто не е малку.
    Во ред е за некој период, ама за долгорочно воопшто не е решение.
     
    На eloves, Kaetana, Lilit и 14 други им се допаѓа ова.
  17. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Никој од мерак не живее под кирија.Во нашата земја ретки се тие кои живеат под кирија,а не се приморани на тоа.За жал ние живееме во нецивилизарно опшество и ќе си допуштам да речам бидејќи секој кај нас се сити на туѓата мака и дели совети.Го кажувам од свое искуство.Од кога се зедовме со мажот отидовме под кирија бидејки на почетокот додека се направи куќата така ни изгледаше разумно со оглед што свекрва ми и свекор ми живеат во стан кој и не е така луксузен.Па сплет на околности мораше да се преселиме од станот и за некој месец отидовме кај моите бидејки таму имаше повеке услови.Ама нашето македонското никако да се задоволи.Мажот ми дошол домазет,до вчера под кирија итн итн.Добро бе некој вашите плати Ви ѓи зеде да плаќа кирија?!!?!?Во секој случај горко искуство и со нашиот менталалитет мораш прво на комшијата да му погодиш па после себеси.
    п.с кога бевме под кирија немавме толку пари ама мирот со ништо не се плаќа
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не, не е ништо чудно под кирија да живееш во Мк, ама ако си студент во друг град, или млад брачен пар исто да работат во друг град. За странство не ни зборам, друг свет е тоа. Земи стан под ќирија во родниот град и нема кој нема да збори. Како сигурно се избркани од фамилија, или толку ли немаат две соби да доградат па ги оставиле децата сами под ќирија, па што гледале цел живот, зошто деца раѓаат ако нема каде да живеат. Да не зборам младите моми ако фатат дечко и тој живее под ќирија, жалат сите како кутрата се зацрнила, во каква фамилија ќе оди што покрив над глава нема.
    Така беше до пред неколку години, поправете ме ако работите се сменети.
     
    На galapce, Daydream, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Мене исто ми се чудеа кога одлучив сама да живеам како студентка, а моите се од Скопје ( со голем стан ).
    Едноставно сакав така. Работев и си учев паралелно. Сите превертуваа очи, зошто сама да живеам, небаре криминал било. Јас знам како со таквите, па ме заобиколуваа во широк круг. Ама главоболки им правеа повеќе на моите, со „ме избркале од дома, сигурно нешто сум им погрешила" препоставки (facepalm).

    Секогаш ќе постојат малограѓани кои немаат свој живот и кои потполно се предадени на анализи/предвидувања на туѓи.
     
    На okcenzi, eloves, galapce и 12 други им се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто го споредувате живеењето под кирија додека си студент и живеењето на целокупно семејство,нема никаква споредба разберете...
    Тие што се студенти и живеат под кирија секој месец месен обесен, што се вели од дома мама и тато ќе пуштата пари ќе си плати и готово,и што е тука толку трагично и толку што форсирате не ми е јасно...
    Друго е целокупно семејство да се соочува со таков проблем,да се бори со сите предизвици да се бори за егзистенција,нема никаква споредба,и доста тие муабети ни ги бутате во нос како студентите под кирија се многу напатени како ова како она,па тоа е твоја одлука како студент да студираш и живејш во друг град.
    Сите сакавме да студираме во енормни градови со повеќе можности,ама имаше луѓе кои поради немање пари и не се запишаја на факултет,на крај краева секој треба да си ги пушти нозете колку што му е долга чергата,додека семејствата кои за жал дошле до таква ситуација немале друг избор едноставно...
     
    На IronLady, srcence1607, YoungandBeautiful и 10 други им се допаѓа ова.