1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живеење под кирија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 15 август 2015.

  1. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Тρеба да се сρамат тие ρадозналите со устите κаκо пештеρи, а не ние што сме отишле под κиρија.
    Пρво пρашуваат од Сκопје си? Виκаш да.
    Ааа значи маж ти е од пρовинција? Не маж ми е стаρ чист сκопјанец по потеκло!
    Епа шо мајκа баρаш под κиρија?!
    Мајκа ти ја баρам- што баρам:@:@сигуρно не сум од ќејф таму.
    Е тие душκалата тρеба да се сρамат што си го пиκаат носот сегде!|(|(:envy:
     
    На eloves, ku4ence, Glasna и 10 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.244
    Кириите во Мкд се отприлика 1/3 од просечната плата...(да се разбереме сега, просечна кирија =1/3 од просечна плата...не збориме за лукс станови)
    Сум живеела под крија кратко.
    За да се купи стан во Мкд потребни се нерви и пари за Нотари.
    Башка ти треба 30% учество без кое никоја Банка не сака да чуе да ти даде кредит.
    Плус ти треба КО кредитобарател и тоа да ти е од најблиска фамилија...и да е вработен во државна институција.
    Да не ги наведувам ситниците и деталите
    Заклучок:До стан не се доаѓа лесно.

    Затоа и младите брачни парови одлучуваат да седат под кирија приверемено додека не стигнат до некоја сума пари...
    И незнам што е тоа срамота ??!!!
    Напротив, за мене тоа е за големо БРАВО !!...ете сакаат да створат и да се осамосталат !!
    Озборувачите ми ја плаќаат киријата па се засекирани за нас ???

    За странство да не дискутираме, далеку сме ние од странство и по менталитет и по плати и по начин на живот.
    Да не мериме две немерливи работи.
     
    На BlackCat, okcenzi, eloves и 12 други им се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Решавањето на станбеното прашање е чувствителна тема за која најдобро можат да коментираат оние што ја искусиле тежината на сопствениот грб. Детството го поминав со родителите во дом под кирија во времиња кога тоа не претставуваше никаков проблем и товар од психолошко-финансиски аспект. Имам убави спомени и фотографии од тие денови кои се белег за среќен и безгрижен живот затоа што ситуацијата беше далеку порелаксирачка и поедноставна. Условите беа такви што имаше доволно средства за скромен и пристоен начин на живеење. Иако бев дете, многу посакував да зачекорам на наш под и да сонувам под кровот што ќе го чувствувам како своја територија во споредба со онаа желба која како пламен горела во свеста на моите родители.
    Сплет на околности, низ годините, работите се одвиваа по нагорна линија и имавме можност да поседуваме нешто наше. Тогаш тие ја комплетираа сликата за семејниот живот и мојот сон ја доживеаја својата реализација.
    А сега кога сум во брак, можам само да претпоставам како поминуваат брачните парови со сите трошоци и ритам на живот, знаејќи ја актуелната ситуација во државата. Некогаш беше пријатно да се зборува за семеен мир и хармонија, па макар и тој да се гради во туѓ дом, за разлика од денешните животни (не) стандарди кога ретко кој би можел со сигурност да ги почувствува зборовите на дела и под сопствениот кров.
    Сепак, грижите и проблемите се сведени на минимум кога секој од нас ќе знае дека поставил темел по мерка кој ќе тежи на местото на градбата. Без оглед на возраста и менталитетот, на секој му е потребна комоција и лична слобода во домот.
    Спокојството чини, но и вреди да се вложи и нешто да се жртвува во услови кога нема можност за подобар избор.
     
    Последна измена: 17 август 2015
    На Едно Чупе, Вини-пу и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Ние еве веќе 5-та година ја тераме под кирија. Се надевам следната година ќе успееме да го реализираме проектот наречен сопствен стан.
    Не би се сложила дека парите дадени за кирија се фрлени во ветер. Да останевме да живееме со старите не верувам дека ќе ја родев ќерка ми, а можеби и ќе се разделевме со мажот ми. Така што, се си има цена. А мирот и слободата се бесценети ;)
     
    На H.VAGA, Smiley11, WarriorAngel и 29 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.244
    Потполно на место кажано.
    Нервите немаат цена..нели ?
     
    На Smiley11, WarriorAngel, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    Јас живеев под крија скоро 3 години и бремена и после со мало дете и со мм.Тоа беше најмногу за да се одвоиме,да бидеме сами.Не е воопшто срамота да се живее под кирија затоа што ретко кој во денешно време може да си дозволи сопствен дом во нашава држава.Сега сме веќе со стамбен кредит и ќе отплаќаме долги години ама во секој случај е подобро од кирија.
    И да како што кажа @An-na , мирот и слободата се бесценети,тоа е нешто што го искусиле само луѓе што биле во заедница па сами под кирија ;)
     
    На Smiley11, mareane и Едно Чупе им се допаѓа ова.
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Аууу лошо е да живееш под кирија :worried::worried: ама кога мора се мора
     
  8. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Се си има убава и неубава страна ама кога би бирала меѓу да живеам во заедница и 24/7 некој да се труди да те изнервира,да ти стави сопка да те насамари да те навреди и сл и да плаќам кирија да живеам сама со мм 2то е далеку полесно :) ама секој си има посебна животна приказна и секој размислува во зависност од која мака ја видел...настрана тие шо зборуваат поради патење од комплекс на ниска вредност јас така ги викам таквите :lol:
     
    На Вини-пу и LUCERKA им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.535
    Допаѓања:
    155.428
    Пол:
    Женски
    Под кирија живеевме со моите до мојата 10та година, па со голем напор си напрајвме куќата и се вселивме. Дали е мачно? Дефинитивно. Повеќете од парите одеа во кирија, сметки така да и градењето на куќата одеше побавно. Сега кога веќе си во свое е многу послободно, поубаво, можиш да си дозволиш по некој луксуз и сл. И најбитно во живеењето со цело семејство под кирија е газдата, ако е некој со разбирање ќе ти дозволи киријата да ја закасниш неколку дена, да платиш помалце овој месец, да зголемиш повеќе другиот месец и сл. Ама сепак, од свое подобро се нема :D
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Значи ама веќе од тие прости малограѓански муабети дека било срамота, само кај нас го има ова...
    Незнам што има срамно во тоа да се живее под кирија... Глупости.

    Секако е подобро под кирија одколку сите заедно да трпиме тензии и да глумиме хепи фемили. Кириите како што знам, барем низ центаров се приближно колку да се плаќа рата за станбен кредит. Што според мене е подобро да се инвестира во сопствен стан одколку да се даваат парите по кирии затоа што така баш се „фрлени во воздух„, цело време плаќаш, а на крај немаш ништо свое.
    Но проблемот е во учеството, па ако немаш за тоа треба да заборавиш и на земање стамбен кредит. Продолжуваш под кирија со надеж дека за неколку години ќе успееш да собереш за учество, но претешко е да плаќаш кирија, да преживуваш и плус да штедиш.

    Од друга страна па и не е толку лошо. Кај ќе ти текне ќе си се преселиш, немораш да се замараш со реновирање, немаш додатни трошоци за опремување на станот. Не плаќаш камати за кредит и не си обврзан да исплаќаш кредит 20тина години. Единствено решение за млади кои сакаат да се осамостојат и за млади брачни парови кои сакаат да живеат сами.
     
    На WarriorAngel, Kaetana, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Моментално со маж ми живееме во мал изнајмен стан. Иронијата, имам сопствен стан кој исто го издавам и со примањата од таму го плаќам овој овде. Проблемот - 120 квадрати. Просто неисплатливо за одружување за нас двајцата посебно зимна сезона. Шести спрат, нема смисла да влечкам дрва или на струја да пробам да загреам било која од огромните простории. Двајца сме и поголем дел од денот сме излезени, на работа, по обврски..
    Ситуацијата сега е таква и не е постојана. Втор проблем ни е мебелот. Станот кој го имам празен, со план сме да штедиме следите година две најмалку па да го средиме.
    Инаку имам и друг стан, веднаш вселив и помал но тој е судски спорен и не сум во можност да се вселам таму во моментот.
    Башка свекрва ми има куќа на 3 спрата но во полза на менталното здравје заминавме од таму.

    Муабетите на луѓето тие се, ама тоа ти е - Македонче свој леб јади туѓо гајле бери !
     
    На eloves, Cka, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    А кога немаш каде да одиш да живееш зар и тогаш ќе се водиш по народот дека било срамота?
    Значи неможам да поверувам како во нашата ни македонија се е срамно се е за озборување ломотење оговарање, абе свој леб јадеш други бриги водеш.
    Катастрофа, еве од ова бе нас не не бива и тонеме секој ден се повеќе и повеќе, сме станале како старине баби да попуваме и да судиме на другите како ние најпаметните небаре немаме проблеми и живееме во вили.
    Во македонија кај и да се свртев имаше загледувања и оговарања.
    Значи тој некој, кој и да е што го боли дали јас ќе одам под ќирија, зар тој некој ми дава пари мене па да ми попува позади грб!
    Ете можеби јас сакам сама да живејам со сопругот небитно дали имам проблеми во заедница или не, можеби сакам главата да ми е раат и ќе се трудам и борам како знам за да заштедам некој денар и да си купам нешто мое, но можеби и ете сум решила и под ќирија да живејам засекогаш, или пак немам каде или имам проблеми небитно која е причината, ако јас така сметам така и ќе направам а народот така или онака пак ќе си најде се и сешто ќе збори.
    Па подобро ќе си живејам под ќирија за почеток отколку да се расправам со се и свашта и главата да ми пука секојдневно а за тоа што ќе рекле срамота било или незнам што баш ме заболе.
    И секогаш се водев и се водам по тоа дека сакам јас и мм да си створиме и направиме сами отколку некој да ми даде и да ми го избива низ нос или да очекува незнам што од мене, вака јас ќе се помачам ама бар утре гордо ќе и кажам дека не сакам никој да ми се меша во мојот труд и мојот есап.
    Сам па како знам ако ти чини добро ако не пак добро.
    Сметам дека во македонија кириите се со доста поволни цени, ако треба ќе сработам и нешто плус и еве ќе платам, а мислам дека многу луѓе во македонија се ограничени со фактот дека е срамота да се иселиш од твоите и да одиш под кирија чиниш небаре човек си убил, ама никако од твоите да се делиш, и баш ради тоа имаат многу фамилијарни тензии и проблеми, и поради фактот што народот ќе кажал си седат и си ќутат и трпат, наместо да пробаат бар да сменат нешто и да се борат за подобро, најлесно е да речеме не се може не бива, ама тешкото е да се потрудиме да пробаме и да направеме некој чекор малку подалеку од очи и срце, да пробаме да се избориме за подобро утре.
     
    На mama31, cresa-jagoda, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Многу си во право. Можеби не е долготрајно решение живеењето под кирија ама барем раат си.

    И јас планирам со дечко ми да почнеме да живееме под кирија за почеток, па понатаму здравје боже станбен кредит... А за срам, уопште не ми е срам кој што како рекол. Живеам за мене и ќе правам како што ми одговара. :l:
     
    На WarriorAngel, eloves, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Ние некаде 7 години живеевме под кирија и да, со чесно заработени пари е голем срам да живееш под кирија затоа шо не било твое туку на друг. Ние паралелно си правевме и нова куќа, од темал почната па мораше да почекаме толку години додека да седнеме на нешто наше, дека тоа е срамота нели, на туѓо си ;)
    До кога вака? Јас на пример не гледам така на работите. Мене ми е сеедно дали ќе сум под кирија, дали ќе сум на мое, мене ми е битно да сум си со чист образ, да си печалам пари чесно и да си ја гледам фамилијата. Ама не! Како може така ти да живееш под кирија? Ами шо ќе речат комшиите? Како без нејзното мислење ти така да си живееш, да не се замараш за животот на другите и да си ја гледаш само својата работа? ;)
    Мене ми е сосем нормална работа после 18 години човек да се оддели од фамилијата и да проба да се снајде сам во животот, па само на викенди и празници да се собираат сите заедно. Ама не, како јас без мама на 35 години ќе функционирам? И кој ќе ми ги цепи дрвата ако останам сама бе? Зашо јас да се замарам кога тато ќе ми ги исцепи бе? Како вие така пуштате мало дете да живее само на туѓо место? ;)
     
    На toogood и mims-89 им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Леле @ku4ence муабетот, што да ти кажам.
    Не знам колку, еден просечен 18-годишник кој, да речеме, решил да студира во друг град е способен да се оддели од дома БЕЗ да зависи од своите.
    На прво место е да се вработи, а дали е возможно покрај факултетот еве не знам. Да не почнувам дека на некои факултети е практично невозможно да се најде работа и да се тера паралелно шемата работа+студии. Потоа, да плаќа сам школарина за факултет, плус трошоци како кирија и сметки. Ако факултетот не дозволува вакви „луксузи“ како вработување, не гледам како е тоа возможно при вакви услови.
    American dream much?
    Сите сакаме да се одделиме и да не бидеме нечиј товар, но сè во свое време.
    Не поддржувам т.н. паразити, но уште помалку пак и такви полни со аздис, кои на големо се чукаат во гради со она „ај кен ду ит“, а за неколку месеци си легнуваат на брашното кога сфаќаат дека сметката дома и на пазар не е иста, па со свиткан опаш се враќаат дома.
    Да с'ибеш независноста ваква.

    Во последно време, имам впечаток дека таквите маалски муабети веќе пополека замираат и во помалите населени места, иако луѓето на големо си дозволуваат да си го пикаат носот и онаму каде што не треба - такви имало, има и ќе има за навек.
    И ние извесно време живеевме под кирија додека го градевме новиот дом, кога се вративме дома, некои немаа ниту поим дека сме биле некаде, а не пак да ни го водат есапот колку и каде се фрлале пари.
    Наравоучение - нормален човек кој си гледа за себе и своите, нема време да се замара со нечиј туѓ живот.
     
    На WarriorAngel, eloves, simoncelicius и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Па тоа ми беше и зборо, секој нека си ја гледа работата и крај. Сигурно не се разбравме, ахх таа мојта несфатлива шала! :(
    А тоа дека децата после 18 години треба да живеат сами не ми беше баш муабетот за живот баш у Македонија. Инаку на место ти е муабетот за факултет и + сметки, за тоа да, си се разбравме.
    Туку јас напишав лично за мене и некаде си го споредив живото како е да си студент и да живееш сам во Македонија и како е да си студент и да живееш во Данска.
    Во Макевонија после 18 години ако решиш да живееш сам, државата не ти помага и не те снабдува со стан. Да сметки, кирија, пазар, факултет и со една македонска просечна плата не се може баш. А нагоре е многу поинаку. Државата ти дава еден вид ко, т.е да, социјално и со тие пари имаш и стан да платиш и да живееш просечен живот се додека не си најдеш работа. И да па имаш ти можност и на факултет да одеш и да си го тераш живото. “Ју ќен ду ит, а?“
    Американски филмови, не знам, секој од тука сигурна сум дека си ја наредува иднината и си пишува според тоа шо тој го мисли и го гледа.
    И да, има уште многу малограѓаништа шо го викат тоа. Не знам од кај си и во какво опшество живееш, ама јас си кажав кај нас како е. И додека кај вас попослека гинат тие муабети ко “Ејј толкава куќа, само бабата и дедото да живеат во неа, др се под кирија“ кај нас не гинат, уште се вртат ко хит тема.
     
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш во животот не сум запознала некој што исмева луѓе што живеат под кирија, ни на крај памет не ми текнало дека такво нешто за некого е срамота. Очигледно не се движам низ такви кругови, па секогаш кога ќе прочитам нешто вакво сум ептен шокирана.

    Некој подобро функционира во заедница, некој придонесува подобро кога живее со неговите, на некој му е подобро сам. Единствено што не оправдувам е ако некој не работи апсолутно ништо и не се ни труди да најде работа (јасно ми е дека невработеноста е проблем, не зборувам за луѓе кои активно бараат и не наоѓаат, знаете за која категорија мислам) и живее со неговите, а има 22+ години и завршен или незапочнат факултет, затоа што освен ако не се работи за некоја болест, очигледно е дека го мрзи. Всушност ни тогаш не осудувам, секој може што сака да си прави, ако неговите се океј со тоа, само што јас не би можела така да функционирам.
     
    На eloves, poenta, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Прво живеевме во стан што државата им го доделувала не знам како уште во времето на СФРЈ, а за тоа плаќавме некоја кирија. Некаде во 2000 година го откупивме и не знам некој да ни се смеел дека сме живееле под ќирија. Да најдев работа по струка во мојот град ќе беше супер, али не успеа тоа ради партиско-роднински врски на други луѓе во приватни фирми и ако сакав на струка мораше во Скопје да дојдам и да седам под кирија. Кога ќе одземеш сметки и ќирија и не е сјајно, али шо да праиш.
    Се тешам дека барем сум во средина со колеги и колешки кои го поминале истото што и ја на факс, а не со некои битанги со средно кои се шефови во новите странски инвестиции и земаат три пати повеќе од обичен работник.
     
    На poenta, Mishela и crimson им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.251
    Пол:
    Женски
    Сериозно ова дека некој се смее на тие што живеат под кирија?? Добро бе до кај сме дојдени? Според мене нема зашто некој да се срами да живее под кирија. Во цел свет малдите па и брачни парови без деца претежно живеат под кирија а купуваат куќи кога ќе добијат деца. Не знам како е зашто сум била многу мала кога со моите сме живееле и не се сеќавам ама нема никаков срам во тоа да кажеш дека живееш под кирија. Секако убаво е да си имаш свој стан ама ако не се може нема тука ништо срамно.
     
    На eloves, Priroden, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Генерално, срамота е што толку млади, а толку зависни од родителите кои живеат под ист кров до мажачка и женачка со изговор - зошто да фрлаат пари, а остануваат неснајдени дебили на кои државата им е крива за безработицата.
    Извинете, ама фрлаш пари, но не за џабе би рекла - учиш да живееш, да се снаоѓаш и да бидеш домаќин, а не дебил кој живее под кровот на родителите и не дава пари ни за една ебана сметка и не знае колку е прашакот за перење во продавница.

    Немаат свој живот зошто живеат со нивните до 30 години, па уште и ќе зборуваат за срамота што било. Море мрш!
    И да си од Скопје и да си од Тунгузија, нема ништо погрешно, особено дури си млад и си ги тестираш рамките на твоите можности и способности.
     
    На Shmizla94, WarriorAngel, Kaetana и 8 други им се допаѓа ова.