Да си ми жива и здрава тастатурата да ти се позлати. Подобро родителите и на студентите во Скопје да ги пуштат да живеат под кирија а не после со над 30 години јајце да не знаат да испржат.
Живеењето под кирија го прави човекот домаќин,факт е дека дома кога си твојте ти плаќаат многу работи почнувајќи од струја па се до храна и облека.Јас се сложувам дека животот под кирија ке те научи на многу работи што и како понатка во животот,и секако дека би прифатил живот под кирија.
Точно е дека многу луѓе се разгалени и ништо не работат. Еве знам девока која наполни пред месец дена 38 години. Освен за некој ситен хонорар никогаш ништо не работела. Не е мажена, нема некои обврски и животот и се сведува на тоа да стане, да се шета по кафиња, по бутици ако и дадат пари од дома, да се поднови и толку. Не е во ред. Ден стаж нема. Денар нема тргнато на страна. Си живее од денес за утре.
Ние живееме под кирија веќе 4 години. Ова ни е втор стан. Во него сме веќе 1 година. Стариот стан го напуштивме затоа што газдата излезе дека е кретен. Газдите на овој стан се супер. Тешко е да се живее под кирија, особено со една плата. Ако успеам да се вработам некаде, планираме да уплатиме за стан. Се одлучивме да живееме под кирија затоа што нема место ни кај моите, ни кај неговите. Освен тоа, сакаме да имаме приватност. Мирот нема цена.
Моето семејство од кога сум се родила јас цело време биле во трка со преселба и барање на подобро место за живеење во мојот град. Тешко е да со самата помисла дека немаш свој дом, свое место на кое си сигурен и снаеш дека никој не може утре да дојде и да ти каже да го напуштиш. Можам да кажам дека сме се сретнале со најразлични но никогаш со луѓе кои ни правеле толку проблеми за да не можеме да живееме нормално. Но сепак тоа милам дека се должи на мите родители кои секогаш беа добро потстанари, редовно во подмирување на сите трошоци и мирни луѓе кои не предизвикуваат проблеми. Сега после долги години живееме во своја куќа. Сепак јас сум под кирија како студент. Газдите се во ред и како и сите останати сакаат станот да им биде среден и чист, знаат доколку ги замолиме да не почекаат за подмирување на киријата и сметките бидејќи и тие знаат дека денешницата е тешка. Маани можеш да најдеш секогаш но треба да се потрудиш работите да ги решиш на најмирен начин.
Се решивме да живеме под кирија за некој месец.После долго размислување и убедување одлучивме. Поради милијон проблеми од моја и негова страна конечно идеме сами на друго место кај што ќе имаме мир и хармонија.Мене ми треба мир кога ќе се вратам од работа по цел ден работам пред пц и со големи суми,али пошто тоа го немам дојдов до момент каде што нерви изгубив и посојано качување на притисок.Од негова страна од некој од блиските немаме приватност и интимност,водење на инает,пробување да го убедат за нешто што не сака он,бара он подршка за нешто али не ја добива и тогаш најмногу боли.Сме решиле да гледаме филм или да разговараме како пар за бити работи некој ќе тропне на прозор и ќе стои што ужасно не нервира.Поради сето ова јас и он се караме и немаме мир. Се надевам дека се ќе почнеме од почеток и ќе имаме некаков мир. Кажете ми како стојат цените на кирите во н.Аеродром и Кисела Вода? Фала
Мислам дека денеска Владата има направено поволности за ова прашање...за тие што живеат под кирија. Денес наместо да испчаќаш стан цел живот и на крај повторно да не е твој...можеш преку проектите што ги донеше минатата Влада да си земеш, купиш стан и да го исплаќаш години ...барем знаеш дека на крај ке биде твој, на твоите деца...
Ме интересира има ли некоја вработена девојка што сама си живее под кирија? Нека ми пише во инбокс ако има некоја таква.
Јас мислам дека у Македонија е многу смешно и иронично да си под кирија значи плата кај 70 посто од лугето 12 13 илјади а кирија дупло повеке, а во тие станови нема ништо посебно па какв ае оваа држава на пример ако жена со деца се разведе сака под кирија да е или обратно маж ако зима плата 13 илјади каде ке оде со тие пари? Со цимери да не седи млади хаха... Немам коментар
Здраво вработена сум веќе некој период и почнав да земам плата од околу 300 евра. Решив да се иселам од кај моите, да се осамостојам и да почнам да живеам сама. Има ли некој со слично искуство, да содели совет? Да готвам, перам, чистам тоа го знам нема да ми е никаков проблем. Исто сум многу штедлива за се, не се расфрлам. Ме интересира дали би можела да најдам некоја пристојна собичка со кујна и вц до кај 100 евра со се сметки, не сум од Скопје и не мора да е во центар. Исто ако решам да се селам како би го извела тоа со што ќе ги однесам работите зошто имам премногу. И 100 евра ако ми е киријата дали уште 100 би ми биле доволни за јадење, сретства за хигиена и ситници, а по 100 да штедам или сепак не? Некој со искуства и совети?
Мислам дека е малку тешко изводливо затоа што покрај киријата треба и сметки да се плаќаат струја, вода, зима за греење ако има парно, ако има интернет и за тоа. А тешко да се најде 100 евра со се сметки. Јас лично немам живеено меѓутоа мајка ми издава стан и знам дека има многу давачки и ако сакаш сама да живееш е тешко, затоа најчесто цимери живеат. Инаку сестра ми изнајмуваше соба со кујничка и тоалет за 100 евра плус сметки но изгледот не беше баш пристоен, ама па успеваше да се справи со трошоците некако. Се надевам дека ќе успееш да најдеш океј понуда што ти одговара и со среќа осамостојувањето
Eventualno cimerka da najde i da si dele i kirija i smetki taka sekako ke ima za se taka se 90 posto od lugeto so ziveat tam pod kirija.
Сигурно дека не е лесно, но кога условите налагаат, и тоа е опција. Има луѓе кои долги години живеат под кирија и си функционираат добро, па со тек на време си купуваат и свој стан. Од друга страна, подобро решение е тоа, отколку живот во заедница и гужва по дома, без мир и приватност.
Кога сметате дека е време да се најави дека го напушташ станот под кирија? Доколку кажеш месец/два однапред а притоа знаеш дека имаш работа со тешка гнаса од човек, постои можност да ти рече утре исели се....
96% бев сигурна ама денес ми се потврди 100%. Да ве прашам, дали кога седите под кирија газдите сами си влегват без најава? Мислеше не сум дома дека не го виде точакот пред врата и си влезе, а јас спиев. Не знај дека ја слушнав, а немам ни време денес да се карам.
Сум издавала стан и никогаш не сум влегла. Ова не е за расправање само. Јас би кренала бунт. Го издава станот. Значи сега е твој, ти уредно си плаќаш. Како си дозволуваат бе?
Не смеат да влегуваат така бе. Додека плаќаш станот е твој, си правиш што сакаш. Со другарка ми се шегувавме за ова, што има да влегува без најава можда оргии правам внатре, моја работа. Газдите мои се разбрани луѓе, никогаш во овие 11 месеци не ми влегле без најава. Т.е. обично не ни влегуваат, само 2-3 пати имаат влезено откако сум тука, секако со договарање претходно, најчесто ме чекаат пред зграда да им платам киријата и ме прашуваат дали е сѐ океј, дали ми треба нешто и си одат. Следно ако ти се случи ова дефинитивно нагласи, иако треба да имаат осет за ова.
Не смеат да влегуваат без најава. Можи гола си шетам пример велиме. Секакви не има, премногу си даваат слобода. Нека кажат дека планираат да дојдат и ќе се договориме за време и ден. Не можи да не си присутен, а тие да си влезат, сепак имаш и лични работи. Досега не ми се случило без најава али ако се случи нормално е да се изреагира