Подобро да го вметне клучот до крај и така да го држи, за да не може да отвори, отколку да ја менува бравата. Така мислам само ќе си направи дополнителни проблеми.
Види а ти мислиш дека таа госпоѓа ке ти го врати депозитот? Јас не верувам. Единствено што може е да не ги плати последните сметки. Со такви можеш само нервози да имаш ништо повеќе. @Polyincognito ќе го држи клучот кога е дома ама кога нема да биде? Само преселба, утре може нешто да ти снема па оди докажи дека е таа.
@kolovoz Мислењето ми беше околу советот за бравата што претходно и беше даден. Дека не е добра идеја менувањето. А нормално, преселба е решението. Пишав уште на почеток, да си разгледа во близина за нов стан, бидејќи си кажа дека локацијата и одговара.
Ако објаснам подетално, ќе ме препознаат. Се работи за стара жена, му објаснив на син и, ми се извини во нејзино име и беше коректен. Секогаш е, не можам да се пожалам и зато немаше потреба да ја прам големата. Брава не би менувала во туѓо секако, засега ќе верувам на неговото извинување. Како отклучи, ни сама не знам. Еве колку дена поминаа од тогаш уште ми е незгодно. И сега кој како сака нека речи, во три години освен сестра никој не дошол, еднаш братучетка полагаше па спиеше три дена, родителите два пати на 2 часа и еднаш другарка на денско кафе. Ни дечко, ни ништо. На прсти се бројат луѓето кои дошле, замислете. За уништување и хигиена, не објаснувам, се подразбира. Фала на сите за издвоеното време, мислев дека не сум во право.
Абе како не си у право хаха не биди будалче. Ти ја прекршува приватноста, а и те тревожи без везе. Ако ѝ е досадно, нека се најави па пијте си кафе ако толку сака. Има и други активности освен вознемирување студентки
Ти знаеш колку време и' треба на полицијата да дојде? Женава може од лисиче до центар пеш да стигне Ако треба навистина некогаш да се викне....ај да не мислам на такви работи...
Па треба За да ја фати срам Не размислуваат вака дека може некад да улетаат у незгоден момент? И нив исто да им е глупо?
@Feminka22 Човек што нема основна култура (осет) е опериран од срам Газдите на становите се тек посебна приказна. А и ем што полицијата нема да стаса одма, ем девојчето само поголема белја ќе си нафрли на глава. Со такви како нејзината газдарица речиси и да нема разбирачка
Не смее да менува брава на туѓо. Не треба ни да се рчка со викање полиција. Двеве ситуации би ѝ создале проблем и главоболка. @Ugly Duckling Арно си постапила со разговорот. Види како ќе однесува понатаму. Ако продолжи, збирај си пари за друго место.
Здраво, овој месец почнувам со работа во Скопје (центар) и најдов стан на Водно (ул. Загребска). Дали може некој да сподели искуство/мислење за живеење во тој дел од градот? Исто така, прв пат ќе живеам под кирија па дали може некој да ме посоветува каква е целата процедура? Станот го издава инаку физичко лице, не агенција.
Процедурата е: како ќе се договориш со тој што ти го издава станот - така. Некои газди кога издаваат стан бараат депозит, една кирија однапред. Може и да ти побара да потпишете договор. Некои газди издаваат станови само на подолг временски период. За плаќањето ќе се договориш исто со газдата, дали ќе биде плаќање на рака или на сметка.
Здраво девојки. Да ве прашам како стои со кириите во Прилеп? Како иди цената, какви се повеќето од газдите што издаваат кирии низ градот? Искуства... Јас сум сам, знам да перам, готвам, вагани да мијам, чистење, повлечен карактер. Не ми треба голем простор. Доволно е едно вц, соба и кујна. За работа во план ми е Гентерм
Баш пред некое време си отворивме таква тема со една пријателка. Има пример за нејзина роднина која со мажот живеат со години под кирија (на различни локации). Ова искрено пред некои 5 години го гледав лошо, но вака кога ќе се размислам си има предности. Реално, во секој момент може да се прават промени (а притоа да се има тоа чувство на слобода). Е сега колку и како ќе се искористи тоа зависи од парот. Но гледам и друга предност, живеењето само по себе на различни локации носи нови искуства и ситуации. Предност е и што со ваков чекор полесно се прават (позитивни) промени на било каков план пример отвореноста кон нова работа. Се губи стравот, се прави нешто што ретко кој се осмелува.
Членки здраво. На голема мака сме со сопругот па решив да отворам нова тема, веќе пишав во постоечка но гледам дека поодамна не е активна. Бараме дел од куќа, спрат од куќа, барака, станче да биде опремено највеќе до 7000 до 8000 денари.(Толку ни се можностите за жал) Мораме под итно да се преселиме, бремена сум веќе ќе влезам во 9 ти месец. Локација може да биде Драчево, Пинтија, К.Вода, Аеродром или некаде во близина. Немаме да платиме рати унапред. Ве молам ако некој бил на мака како нашава и издава нека пише , ќе го контактираме. Ви благодарам однапред.
Имав кираџика во станот, и покрај тоа што и кажав да не фрла тоалет и други работи во ВЦ школката сепак фрлала и ја запуши. И вчера се налути и рече дека ќе си оди и си отиде, ама не го врати клучот. Има платено кирија за до крај на месецов и оставено депозит. Денес ќе дојде мајстор не знам дали да влезам во станот за да се направи тоа, и не знам колку да и вратам пд парите