Живеење под кирија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 15 август 2015.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    14.528
    Пол:
    Женски
    Јас однапред земам прва и последна кирија пред вселување. Така ако ме известат дека го напуштаат станот, последните 30 дена веќе се платени. Ако не ме известат и веднаш заминат, да не се бркам за плаќање. Пари не би вратила ако денес за утре напуштат, јас не сум била известена за да навремено си го издадам станот повторно. Со навремено известување без проблем дури и со 2-3 месеца порано сме раскинувале договор без дополнителни плаќања.
    А за оштетувањето во станот плус не би вратила пари. Имав кираџика што станот го остави толку валкан, што 2 жени чистеа цел ден 30 квадрата. Јас секако плаќам за чистење меѓу кираџии ама ова беше ненормално. Затоа не и вратив ни денар.
    Инаку чиста работа си е договор на нотар. Во него си пишува правила и ако не се почитуваат од двете страни судски можеме да се расчистиме. Затоа можев така да пресечам со кираџиката, зошто да сакав можев и за плус пари да ја бркам.
     
    На Gosh, bookslover и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. Мариета

    Мариета Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Станот за 15 дена е направен лом секако, немаше затоа да се изнервирам колку што ме напна ситуацијата дека покрај тоа што реков да не фрла, ја запушила канализацијата. Само ме секира тоа што клучот го зема со неа и остави една постелина во станот. Сега не знам дали да и пишам после дека ќе влезам со мајстор за да се поправи канализацијата
     
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.417
    Допаѓања:
    180.070
    Ке и пишиш порака да дојде кога ке дојде мајсторот
    Кога ке му платиш на мајсторот ке и кажиш дека толку и одбиваш од депозитот
    Клучот на 30 ноември да ти го врати штом и е месецов платен
     
    На SummerGirl и Мариета им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    274.954
    Имате ли склучено договор? Тука ли и' се работите нејзини?

    Ќе провериш во каква состојба е станот, ако нема ништо оштетено ќе и' вратиш цел депозит минус парите за мајсторот за вц.
     
    На SummerGirl и mira.mira им се допаѓа ова.
  5. Мариета

    Мариета Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Има уште нешто останато од нејзините работи, вечер ќе дојде да си ги доземе и да видиме како ќе се договориме. Имаме договор помеѓу нас, не е заверен на нотар
     
  6. Crna Mamba

    Crna Mamba Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Сакам да прашам доколку склучам договор кај нотар со газдата на станот во кој се наведува седење во рок од 1 година,дали ако би морала поради х причини да напуштам порано од предвидените 12 месеца треба да плаќам некој вид оштета освен што депозитот нема да ми биде вратен
     
  7. AnnLa

    AnnLa Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Барам стан за издавање под кирија со 2 спални,или спална и детска соба - во околината на Центар,Карпош / 1,2,3,4 за од Мај месец. Ако некој од вас издава или знае некој што издава нека ми пише во порака, но да не биде преку агенција за недвижности.
     
  8. Cutiepie123

    Cutiepie123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2025
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Ако го оштетиш станот ќе ти бара да платиш оштета, ако се и некој покварени ќе те тера и да му го реновираш станот, совет сликај го целосно станот за доказ да не ти накалеми нешто што не си оштетила, а за депозитот се ќе направат да не го вратат.
     
    На Crna Mamba му/ѝ се допаѓа ова.
  9. *Срна*

    *Срна* Нов член

    Се зачлени на:
    16 март 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво,

    Во зградата на мојот кат се почесто се издаваат станови на кираџии и истите вознемируваат со нивното однесување и непочит па често влегуваме во кавги како и правни опомени.
    Како ние како станбена зграда може да се заштитиме од слободниот зголемен наплив на кираџии, како и од нивниот однос кон нас останатите сопственици?
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.