Дали би сакале да живеете на село со ваша мала фарма? Да растете своја храна? Јас би сакала да живеам вака откако ќе се омажам еден ден но не знам како се почнува со такво нешто. Колку се цените на кокошки, крави, свињи? Би сакала да растам и домати, краставици, јаболки.
Јас многу би сакала, но кај нас тоа малку тешко. Ако немаш своја кола, тешко да се потпреш на автобусите. Би сакала да одгледувам своја храна, ама не да чувам животни. Во денешно време треба да имаш дозвола, па ветеринари, па да се пазиш од болести, па како ќе ги чуваш, па чистота, а и многу се скапи да купиш (тетка ми во Србија живее на село и чуваат животни, дома се 8 души, ако не идеме на гости, не можат никаде да идат дека треба да си цело време со нив, а мислам дека една крава им беше околу 1000 евра, може се и поскапи) Би живеела приградско, мешавина од модерно и традиционално
Се стремам и работам на тоа поле Животни сега за сега не а од страна овошје и зеленчук одгледуваме од се по нешто органско Се надевам за 3 -до 5 год ке се преселам На 3км од градот сме
Убаво е да се инвестира во ова, но за ваков бизнис се потребни многу пари и луѓе за работа. Замисли да отвориш бачило, што сметам дека највеќе пари би се ваделе, бидејќи луѓето сакаат да купуваат домашно сирење и кашкавал, отколку во маркет. Но за таков подвиг би ти биле потребни минимим 50.000€ влог. Исплатливо е, но само треба многу пари и труд. И со овошје и зеленчук би идело добро, но самп да ти е органско, да е во чиста околина и да не е прскано. Ќе купуваат луѓето. Еве земи ме пример мене. Јас повеќе преферирам да купам од луѓе што продаваат на фб, отколку во маркет. Види ги лимоните моментално во маркетите што им се. Не се жолти, туку портокалови. Не знаеш дали портокал или лимон купуваш. Исто и за другите производи, како марула, морков, компир и тн.
Јас имам овошје зеленчук садено количински само за мене Продажба и бизнис не Само да живееме надвор од градот на мир во природа зеленило и тишина Тоа е нашата цел
Ако, дај боже да успеете. Јас многу ценам кога луѓе сами си произведуваат овошје и зеленчук и си го продаваат. Мирот и тишината ќе ви бидат гратис. Ако сте во можност финансиски, зголемете си го производството и продавајте онлајн.