1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живејте ЗДРАВ ЖИВОТ

Дискусија во 'Диети' започната од brancetoo, 8 јануари 2014.

  1. brancetoo

    brancetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    42
    ИЗБЕРИ ГО ОНА НАЈДОБРОТО И НАВИКАТА НАБРЗО ЌЕ ГО НАПРАВИ ИЗБРАНОТО ПРИЈАТНО И ЛЕСНО!

    Сите се согласуваат со тврдењето дека здравјето е скапоцено богатство за кое треба да се води сметка.
    Во индустријализираните земји постои основна зраствена заштита со лекари од општа медицина и болници опремени со многу усовршени апарати, итна слушба која стои на располагање во било кое време од денот или ноќта, мноштво лекови кои помагаат во лекувањето на повеќето болести. сето ова служи за подобрување на здравјето, зајакнување на надежта во подобар и поквалитетен човечки живот. денес можеме да бидеме излечени од болести кои само пред неколку децении беа смртоносни.
    Меѓутоа, и покрај технолошкиот напредок на медицината, се забележува дека многу болести се зачестени.
    срцевите боести, особено инфарктот, нарушувањата во крвотокот на мозокот или рацете и нозете, ревматските и дегенеративни заболувања (рак) се секојдневно во пораст. Зарем медицинската техника не е во сотојба на време да ги забележи и излекува? За жал, не. најсовремените медицински методи и најдобрите специјалисти не можат да ги запрат последиците од лошите животни навики.
    За да се спречи ширењето на оваа зла болест, потребни се да ги знаете замо десете точки од кои е содаден кодексот од Европската заедница која вели:
    - Не пушете (точка 1)
    - елиминирајте ја употребата на алхохолни пијалаци (точка 2)
    - во исхраната често употребувајте овошје, зеленчук, житарици со голема количина влакна (точка 5)
    Ова се само неколку точки од кодексот, а целта на оваа тема е да ги запознае читателите со правилниот и здрав начин на изхрана кои треба да биди дел од нас и од нашите НАВИКИ!
     
  2. brancetoo

    brancetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    42
    Осум одлучувачки фактори

    Здравото тело е домаќин.
    Болното е заробеник.

    Точно е дека со години имавме впечаток дека многу здрави навики ни се здодевни, тешки, непривлечни. Многумина мислат дека со зрав начин на живеење е неопходна долга листа со забрани. За среќа, не е така. Грижата за здравјето, стекнувањето здрави навики - сето тоа може да биде и интересно и креативно. Кога ке усвоиме нова, поздрава филозофија за животот, стануваме победници.
    Покрај исхраната, постојат уште 7 прородни фактори кои влијаат врз здравјето. Многу едноставно се применуваат. Тие би требало да бидат темел на нашиот начин на живеење!
    Сигурно се запрашувате кои се тие, тие навики ги знае секој од нас но за жал ретки се тие кои ги применуваат. Тие се:
    Исхрана, Воздух, Вода, Сонце, Физички вежби, Одмор, Воздржување од токсичните супстанции, Позитивна состојба на духот :!:
     
  3. brancetoo

    brancetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    42
    Исхрана
    Благотворните блијанија на здравата исхрана се потпомогнати со другите фактори за здравје: со чист воздух, вода, сонце, физички вежби, одмор, воздржување од разни токсични супстанции, позитивна состојба на духот. Овие фактори заедно прават извонредна програма за здрав живот.
    Исхраната е фактор од најголемото влијание на нашето здравје. На нашето здравје не блијае само оброкот, туку и кога и на кој начин е земен. Во оваа тема Вие ќе пронајдете се што е неопходно да се знае за здравата и соодветна исхрана.

    Воздух
    Можеме да живееме повеќе недели без храна и повеќе денови без вода, но без воздух најмногу две или три минути. Кислородот кој се наоѓа во воздухот е неопходен за согорување на храната во нашите ќелии и производството на неопходната животна енергија. Само со вдишувањето го добиваме неопходниот кислород.
    Кога е можно појдете во природа и вдишувајте чист воздух. Целиот организам ќе биде освежен по неколку длабоки вдишувања.
    потребно е правилно да се дише, длабоко, но чист воздух. Важно е да се има правилно држење на телото, исправен грб, за да се олесни дишењето. Настојувајте вашето работно место и вашата спална соба да бидат сосема проветрени.
    Ако некој пуши во затворена просторија иајте на ум дека сите кој го вдишуваат тој воздух учествуваат во пишењето. Добро е да се започне денот со неколку длабоки вдишувањља во проветрена просторија. Кога и да сте во можност, појдете во природа и дишете со полни гради. Дишењето е основна функција за живот. ВАшиот мозок, како и целиот организам подобро ќе функционира ако правилно вдишувате чист воздух.

    Вода
    Водата е универзален растворувач. Нашето тело содржи 60% вода. На нашите бубрези таа им е неопходна, за да ја прочистуваат крвта и отровите да ги исфрлуваат преку урината. НА нашиот пробор за варење е потребна водата за да може столицата да не ни биде ттврда и сува, за да не страдаме од запек. Водата е потребна на кожата за да биде мазна и свежа. Дури и коските мора да имаат одредена количина вода за да ја зачуваат својата еластичност и трејност.
    Водата е неопходна како во телото, така и надвор од него (телесна хигиена). Потрудете се секој ден да испиете најмалку 6 чаши вода меѓу оброците (преку лето може и повеќе). Наутро земете 2 чаши на празен стомак, пред оброкот (водата не би требало да биде студена). НА тој начин прочистете го желудникот од слузата која во текот на ноќта се содава. Земете уште 2 чаши вода пред ручек и 2 пред вечера. Меѓу сите пијалаци, одлучете се секогаш за водата.
    Обилната употреба на вода, како однадвор, така и однатре, е добра здраствена навика која може да се спречи и излечи многу болести.

    Сонце
    Сонцето е основен извор на енергија на нашата планета. Тоа е неопходно за животот и здравјето. Благодарение на него кожата го користи витаминот Д. Ултравиолетовите зраци од сончевата светлина делуваат како дефанзивно средство кое уништува многу заразни бактерии. Докажано е дека во зимскиот период, кога нема многу сончеви денови, зачестеноста од депресии е поголема.
    Изложувањето на сончевите зраци мора да биде внимателно, бидејќи озонската обвивка која ја заштитува Земјата од ултравиолетово зрачење е оштетена. Денес на површината на Земјата е зголемено зрачењето. Да се изложува телото на сонце повеќе часови никогаш не било здраво, а посебно не денес.
     
  4. brancetoo

    brancetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    42
    Физички вежби

    Нашето тело е машина, содадена за движење. За разлика од било кој апарат кој човекот го направил, нашиот организам нашиот организам има повеќе штета од неактивност, отколку од активност.
    Докажано е дека лицата кои најмалку 4 пати неделно вежбаат по 40 минути значајно го намалуваат ризикот од добивање на инфаркт и други кардиоваскуларни болести. Вежбањто влијае на намалувањето на дебелината, а со тоа и на постепеното намалување и воспоставување на контрола на крвниот притисок.
    Најдобрата физичка вешба која може да се препорача и тоа без ограничување е пешачењето.
    Една стара поговорка вели: "Сите имаме двајца лекари, десна и лева нога".

    Одмор

    Срцевите проблеми се чести меѓу 21 часот и полноќ, речиси секогаш по напорен, напнат ден во текот на кој имаме испиено повеќе филџани кафе за да го одржиме ритамот. Исто така, во раните утрински часови чести се зголемувањата на артерискиот крвен притисок, инфарктот на срце и ненадејната смрт. Кога ќе ја пречекориме границата за издржливост на организмот, доаѓа до создавање на значајни болести на срцето и крвните садови.
    Нашиот одмор мора да биде закрепнувачки. Додека спиеме, нашите нервни ќелии се ослободуваат од метаболичките наслаги кои се создаваат во текот на денот. Одморот треба да биде редовен, најмалку 7 часа кај возрасни луѓе.
    Со секјдневниот одмор, на нашиот организам му се потребни и други видови одмор:
    неделен одмор(најмалку еден ден) и годишенодмор. Во минатото луѓето се обидувале да го сменат траењето на седмицата. За време на француската револуција, придвижени од рационализмот, револуционерите содале недела од 10 дена. Дали тоа било логично? Овој изум пропаднал. Постои нешто кај луѓето што ги присилува да се одмараат на секои седум дена. Тоа е потребата на организмот поврзана со биолошкиот ритам и се наоѓа во повеќето религии како заповед која мора да се почитува. Редовниот одмор е спасоносна навика.

    Воздржување од токсичните супстанции

    Човекот е единствено живо суштество кое доброволно го уништува своето здравје со токсични супстанции. За штетното влијание на кафето, алхохолните пијалоци, тутунот, дрогите постојат доволно докази. Ако сакаме да имаме жив и здрав дух, мораме да ги одбегнуваме сите супстанции кои ги нарушуваат фините механизми на нашиот мозок. Вештачките стимуланси (кофеин, никотин, алхохол, кокаин...) го присилуваат нашиот организам да функционира под неприродните околности, што предизвикува предвремено стареење и болести.
    Врз основа на мислењето на Светската здраствена организација (СЗО), користењето никотин и алхохол е основната причина за болести кои би можеле да се одбегнат. СЗО го дежинира сравјето како целосен физички, ментален и општествен склад, што подразбира и многу повеќе од едноставното отсуство на болест.
    Невозможно е да се зачува здравјето користејќи дрога, без оглед дали тие се легални или нелегални.
    Нашите ќелии за тоа ништо не знаат. Почнуваме да ја користиме дрогата за да се чуствуваме подобро, а завршуваме со користење на дрогата за да ги ублажиме лошите чувства. Одбегнувањто на употребата на токсичните супстанции е една од најдобрите одлуки што можеме да ја донесеме поради здрав и среќен живот, бидејќи тие загрозуваат многу органски системи.

    Позитивна состојба на духот

    Научете работите мирно да ги прифаќате, без страв. Немојте да негувате негативни чувства кон другите, а ни кон себе. Насмевнувајте се со доверба кога ќе се соочите со животните проблеми.
    Безброј пати е докажано дека таквиот став на ментална рамнотежа е значаен фактор за здравјето. Дали знаете дека рак почесто добиваат депресивните и мрзоволни луѓе?
    Среде напнатоста и проблемите на современиот живот, не е ни најмалку лесно да се пронајде душевен мир. Многумина бараат помош во религија и пронаоѓаат дека читањето на Евангелието, молитвите и размислувањто за духовните работи се како чаша вода за нашиот разбрануван нервен систем.
    Довербата и верувањето можат многу да ни ја развијат позитивната состојба на духот. Тој мир ќе биде вистински благослов за нашето ментално и физичко здравје. Всушност, верникот живее во цврста надеж за подобра иднина и во уверување дека над него постои Некој кој го разбира и сака. :!:
    Позитивната состојба на духот и мирот во срцето пресудно влијаат врз нормалното, природно функционирање на организмот.
     
  5. brancetoo

    brancetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    42
    Тест

    Оценете го вашиот начин на живот

    Секојдневните навики во исхраната, работата, слободното време, вршат моќно влијание на нашето здравје. Тоа повеќе зависи од нашиот начин на живот отколку од наследноста или среќата.
    Благодарејќи на овој прашалник ќе можете да процените до која мера вашите навики придонесуваат за вашето здравје и оптимизмот или, напротив, им штетат.

    Позитивни навики___________________________________________________________Поени

    Јадам барем два вида овошје секој ден........................................................................2
    Секој ден јадам и свежа храна....................................................................................2
    Редовно јадам интегрални житарици............................................................................2
    Употребувам растителни масла
    (од маслинки или од разни семки)...............................................................................2
    Редовно јадам во исто време......................................................................................2
    Секојдневно повеќепати длабоко вдишувам.................................................................2
    Пијам меѓу 4-8 чаши вода дневно...............................................................................2
    Имам редовна столица со нормален изглед..................................................................2
    Секој ден шетам најмалку
    половина час на чист воздух.....................................................................................2
    Одам во природа најмалку еднаш неделно...................................................................2
    Редовно спијам најмалку 7 часа дневно......................................................................2
    Се одмарам и опуштам најмалку
    еден ден неделно.....................................................................................................2
    Негувам позитивна состојба на духот..........................................................................2

    Вкупен збир на позитивни поени ... _____

    Негативни навики_______________________________________________________Поени

    Грицкам меѓу оброци .........................................................................................1
    Јадам месо повеќе од четори пати неделно............................................................1
    Јадам бонбони, колачи и слатки секој ден.............................................................1
    Употребувам сувомеснати производи, путер, кајмак...............................................1
    Употребувам чадени производи............................................................................1
    Имам вишок на килограми....................................................................................1
    Живеам во загаден град......................................................................................1
    Често легнувам доцна.........................................................................................1
    Често останувам подолго на работа......................................................................1
    Пушам...............................................................................................................1
    Пушам повеќе од една кутија цигари дневно..........................................................1
    Пијам алхохолни пијалоци секоја недела...............................................................1
    Употребувам жестоки пијалоци............................................................................1
    Пијам повеќе од три филџани кафе дневно............................................................1

    Збир на негативни поени...____

    Позитивни поени - негативни поени = ____

    Резултати

    Од 14 до 1 поен. Морате итно да го смените начинот на живеење. Изгледите ви се и краторочно лоши. Ќе се разболите набрзо од некоја тешка болест, ако веќе не сте болни.

    Од 0 до 13. Морате сериозно да размислите за неки вои навики кои ви го уништуваат здравјето и виталноста. Со неколку промени, ќе постигнете големи резултати. Обидете се!

    Од 14 до 20 поени. Речиси се правите правилно. Уживајте во благодетитевна здравиот живот, но постојат уште некои аспекти кои би можеле да ги подобрите. Продолжете така, збогатете го својот начин на живот со нови здрави навики. Затоа што секогаш можи подобро!

    Од 21 до 28 поени. Имарте сосема здрав начин на живот и уживат во лподовите од таквиот живот. Помогнете им и на другите лица кои би сакале да ги подобрат своите навики, но внимавајте, правете го тоа со многу такт и добра волја.


    Ве замолувам да ги пишувате вашите резултати, секако доколку сакате. :)
    Доколку ви треба помош слободно можете да ми ги поставитте вашите прашања во лп.
    Однапред ви благодарам за почитувањето! :)
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.691
    Пол:
    Женски
    епа вака Феминки мои,јас имам 13 години,тренирам одбојка,али си сакам мрсничко,од типот на:сакам да јадам симит погача секој втор ден.Но,јас не јадам месо,јас сум ово-лакто-вегетаријанец.Кога ќе дојдам од школо,(поготово сега во зима)јадам овошје како да не сум видела,сега во зима обожавам да јадам мандаринки.Сметам дека луѓето се` понездраво се хранат.Можда тоа е свесно,но можеби и не.Јас обожавам зеленчук,всушност секој ручек ми е составен од зеленчук.Што има лошо ако каснеме половина јаболко,ако не и цело??Имам другар кој има 13 години и 125 килограми.Детето цел распуст и цело прво тримесечие не одеше во школо.Поради дебелината му се слизнало постољето на колкот и бутот.Тој си сака да јаде по 2-3 лесковачки на ден.Но,можеше да остане парализиран во нозете ради дебелинато,али фала му на Бога со строга диета се спаси бидејќки ако не му помогнеше операцијата,ништо од животот.мајка му секој ден ја носеше сестра му во школо со солзи гледајќи како другите деца трчаат...совемете се и ДЕЦА И РОДИТЕЛИ..ОВА Е ЗА НАШЕ ДОБРО..родители направете нешто,разговарајте со децата,зашто дете од 13 години да има холестерол 5-6 и дијабетис,кога може да биде здраво со многу витамини во него?Може некој не може без месо но место секој ден да јадете месо јадете 2 пати во неделата.Мене ми открија анемија,но крвната слика ја поправив со овошје и зеленчук,на поздрав начин отколку да јадам месо.уште еднаш:МИЛИ РОДИТЕЛИ,АПЕЛИРАМ,ДА ГИ СПАСИТЕ ВАШИТЕ ДЕЦА!!НЕ ГИ УЧЕТЕ НА ПОМФРИТ.ЈАС ЈА СОГЛЕДАВ ГРЕШКАТА И ВЕЌЕ НЕ ЈАДАМ СИМИТ ВО ШКОЛО.ПРАВЕТЕ ИМ СЕНДВИЧИ И НЕ:muscle: ИМ ДАВАЈТЕ ПАРИ.МЕСТО КОКА КОЛА,ПРЕД СПИЕЊЕ НЕКА ПИЈАТ МЛЕКО,ШТО Е ПОЗДРАВО.поздрав :worried::worried:;(